1033 hPa
61 %
7 °C
Скопје - Пет, 13.12.2024 11:59
Барокно време
Цели градови во лето остануваат без вода. А тие ќе спукаат 10 милиони евра за зграда за државни службеници. Ама барокна ќе биде. Ќе си одговара со водоводната инфраструктура. Таа е навистина од барокното време.
Горан Михајловски, сака да каже дека барокот „држи вода“.
Милијарди евра или долари, сеедно
Нема точни бројки, но процените се дека на сметки во странски банки – на Kипар, во Швајцарија, на офшор-дестинациите на Kарибите, лежат 5-6 милијарди евра или долари, сеедно.
Зоран Димитровски, уредник на весникот „заробен во шише“ со 750 000 евра или долари, сеедно.
Министри во сенка
Наместо секој викенд да се промовира нов совет, потребна е промоција на владата во сенка, министрите се веќе тука - Митрева, Пендаровски, Еленов, Алаѓозовски, Узунов, Цаца-Николовска... Се чека ли уште премиерот на оваа влада во сенка?
Владо Бучковски, поранешен премиер, се прашува каде е премиерот на непостојната влада во сенка.
Неправдата и црните дупки
Се надевам дека неправдата за неказнетата смрт на Мартин Нешковски и кај нас еден ден ќе еволуира во мало, но доволно големо црно дупче, во кое ќе се провре и ќе исчезне во неповратноста на гравитационата привлечност и едно мало, неодговорно и несовесно министерче.
Мимоза Ристова, теоретичарка на еволуцијата на црните дупчиња и несовесните министерчиња.
Исшутираниот Пастир – Итар Пејо
За разлика од исшутираниот Пастир од кабинетот на Бајден во февруари годинава, кога нашиов Итар Пејо даваше изјави од вашингтонските тротоари, американскиот потпретседател стигна во Атина со јасна порака, дека САД цврсто стојат зад Грција и сега, во можеби најтешките моменти во нејзината историја.
Никола Младенов, објаснува зошто немало сенародно славје после хашката пресуда.
Сомнамбулизам
Мене, еве и сега, не ми е јасно како сум можел и на сон да сонам дека Бранко може да ме предаде, дека Панде може уште еднаш да го смени дресот, а Камчев да го купи Вац, сосе Керим и шоферот со шишето.
Бранко Героски, сомнамбулист.
Трепкај лево, вози десно
Очигледно, кон НАТО и кон ЕУ декларативно ќе „возат“, ама ќе даваат лев трепкач - а ќе вртат десно!
Александар Димитров, поранешен инструктор за дипломатско „возење“ надесно до Тајван.
Македонската цивилизација во Катар
Алијансата на цивилизациите, дијалогот меѓу цивилизациите, се токму оние нешта кои предолго ни недостигаа.
Георги Иванов, претставник на македонската цивилизација на форумот Алијанса на цивилизации во Катар.
Македонија и ЕУ
Во овој момент, вкупниот долг на земјите од еврозоната изнесува 7.5 илјади милијарди евра. За да ги заработи тие пари, на Република Македонија би ѝ биле потребни повеќе од илјада години.
Дарко Јаневски, во колумната „Македонија го гледала филмот на Меркел и Саркози“.
Македонштината и парите
Со ќеф ги дадов парите! Тоа се мои пари, ги дадов од желба за дарување, од солидарност, во име на македонштината! Не се криминални пари, па да се срамам. Јас ја сакам партијата и ја сакам Македонија.
Комунален редар во Општина Кочани, појаснува како ѝ помогнал на партијата кога ѝ било најтешко.
Антизападоиди
Во западните земји (Британија предводи), не само Аристотел, туку и Шекспир и Пикасо се технолошки вишок.
Вработениот професор Билјана Ванковска, објаснува зошто не ги сака западните земји.
Плетењето и Трејси Лордс
Дали ние нашиот стадион ќе го крстиме Филип Втори, Антигон Едноокиот, Волт Дизни или Трејси Лордс си е наша работа и Грција нема што тука да ни се плетка во игли.
Уметникот Александар Русјаков, напиша „Епитаф за ЕУ и НАТО“.
Фиромизација
Најмалку што може сега да се стори е Македонија да биде примена во НАТО под референцата ФИРОМ.
Драган П. Латас, борец за „референцата“ ФИРОМ и новопечен доктор за "Влијанието на економската пропаганда врз однесувањето и врз чувствата на купувачите".
Изборот го направи Жарко Трајаноски
Карикатура: Quino