1027 hPa
75 %
6 °C
Скопје - Чет, 12.12.2024 07:59
Режија: Стивен Спилберг, улоги: Џејми Бел, Енди Серкис, Даниел Крејг, музика: Џон Вилијамс
Во моментов Спилберг работи на седум филмски проекти како продуцент, плус во најава е и „Паркот Јура 4“, најверојатно за 2014 година (какво совпаѓање со нашиот проект Скопје 2014, како виртуелен пандан на Јура). Како режисер, пак, тој работи на филмовите „Линколн“ и „Робокалипса“, најавени за 2012 односно 2013 г.
За популистичка Америка, Спилберг неприкосновено стои на врвот на листата – најдобри филмски режисери. Со сета почит кон неговата професионална и креативна умешност, за жал, со неколку свои филмови Спилберг остави горчлив вкус во грлата на филмофилите, а филмската критика го дочека буквално на нож, како едвај да дочека да му стави спрепка во неговата доминација со етаблираната филмска индустрија во Холивуд.
Всушност, Спилберг со „Тинтин“ се обидува да ескивира ново продолжение на серијалот за Индијана Џонс (Кралството на кристалниот череп) од 2008 г. кој корисниците на филмските интернет страници не го ставаат ниту меѓу 250-те филмови на сите времиња. Од тие причини „Тинтин“ практично е полу-анимирана верзија на Индијана Џонс, но, колку успешна?
Оригиналниот лик е превземен од култниот стрип на белгијанецот Жорж Реми – Херже (1907-1983), кој во повоените години имаше проблеми поради симпатии кон нацизмот и колонијализмот, но по неколку години заборав, Тинтин постигна невидена популарност со печатењето на 23 колор стрип-томови, преведени на десетина јазици и продадени во милионски тиражи.
Неспорно дека Спилберг е мајстор на авантурата, на ситуацијата, на гестот... па сепак, и покрај сесрдната помош од врвната технологија, тој како да не е на свој терен, духовитоста не му е силната страна, а модернизирањето на ликот на Тинтин не кореспондира со приказната. И како и секој чесен Евреин сè работи со есап. Така, походот на „Тинтин“ не случајно започна со премиерата во забавниот парк Евроленд на 22 октомври (Париз и Брисел). Американската премиера е темпирана токму сега, пред Божиќ.
„Тинтин“ е филм-амалгам помеѓу анимација и вистински ликови, лишен од секакви емоции, сосема како сурова, бесчувствителна видео игра со добра резолуција. Иако наменет за помладата генерација гледачи, не сум сигурен дека таа во овој филм ќе ги најде своите херои, а размислувањата за повозрасните веројатно ќе се движат во насока – дали во „Аватар“ или во „Тинтин“ има повеќе кич. Филмот изобилува со апсурдни и смешни (недуховити) сцени, често глупави, а најчесто анахрони. Гледајќи го филмот, не е баш пријатно да се почувствувате како еден од ликовите во „Дождовниот Човек“.
Франкофоните, пак, жестоко реагираат на американизацијата на Тинтин, не прифаќајќи дека нивниот јунак не зборува на француски јазик.
Заштитниците на културното наследство на Белгија дури повикуваат на бојкот, со препорака – не одете во кино, читајте го стрипот.
А штета и за исклучителниот актер Џејми Бел („Били Елиот“).
Ако сепак верувате дека Тинтин и не е толку лош филм, стрпете се, се подготвуваат уште две продолженија, овој пат во режија на Голумот Питер Џексон.
Тргнав да го исчитам текстот,
Испратено на 23 декември 2011 од Хулио-ганецТргнав да го исчитам текстот, ама на почетокот се пресеков со, цитирам: “(какво совпаѓање со нашиот проект Скопје 2014, како виртуелен пандан на Јура)“...Мора ли во се, ама баш во се?!!?!?!?Ебаго, денес немаш независтна филмска критика да прочиташ!!Почнувате страшно да ми идете на нерви, а сум политички апсолутно незаинтересиран...оладете....
Дечко, ти си или груевистичка
Испратено на 23 декември 2011 од АнтиуметникДечко, ти си или груевистичка гнусоба или страдаш од Moral insanity. Во двата случаи - што би рекле колегите од штабскиот штакорски центар за контаминација - ти дечко ем си патетичен (тоа е превод од англиски на вмровски и значи: јаден), плус не си ги земал таблетите за денес (стандардната навреда на штакорите кон се’ што не разбираат, т.е. кон се’ што има IQ над 60 поена, што е груевистички еталон). Значи, батка, хулиганец, по нешто си стварно посебен: ем имаш вмровска интелигенција (под 60 поена) ем те вреѓаат (т.е. јас те вреѓам) глупо, на вмровски начин! Со што го заслужи тоа, лебати? Па со својот суперглуп коментар!
SorOsPijo, moronu idiotski,
Испратено на 23 декември 2011 од Анонимен.!.SorOsPijo, moronu idiotski, zaradi tebe nemoze sdsm na vlast da dojde, stoko shizofrenichna!
:) Слатко ме насмеа ...
Испратено на 23 декември 2011 од Хулио-ганец:) Слатко ме насмеа ...
Па добро бе, како неговата
Испратено на 23 декември 2011 од Политички заинтересираПа добро бе, како неговата критика би била уверлива ако не ја зема предвид 0-та (дното) и врвот, кој веројатно би дошол негде кај 100? Врвот е произволен и небитен. Но, во што друго би нашол авторот по-автентична НУЛА од "2014-та" - за да може одспротива да го оптегне своето мислење и да види до кај е?