1017 hPa
94 %
10 °C
Скопје - Пет, 06.12.2024 15:40
Извинување
Премиере, јас, од името на народот, да се извинам што повеќе се фаќаме за Мохито отколку за Молотов.
Честитка
За нова година премиерот им испратил честитка на своите политички затвореници: „За многу години, за многу години!“
За ништо
Нов затвореник доаѓа во ќелија и таму го прашуваат:
- На колку те осудија?
- На петнаесет години.
- За што?
- За ништо!
- Нема шанси, за ништо даваат десет години.
Пример
Грујо и кумот Ставре правеле муабет да земат уште еден кредит од ситни сто милиони евра.
- Абе, многу да не ги задолжиме следниве генерации?! - се загрижил Грујо.
А кумот Ставре тогаш ја раскажал следнава приказна:
- Еве ти ја, куме, мојата стратегија за у кафана: прво нарачувам 5 вотки и ги пијам на екс. После нарачувам 4 вотки и нив ги пијам, нагло. После пак нарачувам 3 вотки и нив ги пијам одма. На крајот нарачувам 2 вотки и му кажувам на келнерот: „Колку помалку пијам толку повеќе сум пијан“.
Така кумот Грујо, поучен од кумот Ставре, во ведар и палав дух решил да ја усреќи Македонија со уште еден кредит од ситни 100 милиони евра.
Гладни
Големиот водач држи говор на главниот плоштад и говори за долгиот и трнлив пат на транзиција по кој тргнало нашето општество. Тогаш се слуша некој глас од насобраните граѓани кој вика: „Ама ние сме гладни”. Говорникот продолжува и објаснува дека болните реформи всушност нè водат на патот по кој сме тргнале, а крајната цел се ЕУ и НАТО. Истиот глас повторно вика: „Ама ние сме гладни”. Говорникот е непоколеблив и повторно ја нагласува важноста и жртвата што треба да ја дадеме на тој пат. Гласот од толпата повторно се слуша: „Ама ние сме гладни”. Тогаш големиот водач луто му се обраќа на непознатиот глас од публиката: “Па, добро бе, токмак низаеден. Па, нели знаеш ноторни работи - кога се патува не се јаде? Па, може да ти се слоши, да имаш мачнина, да повраќаш...”
До крајот на светот
Одат Обама, Путин и Грујо кај Господ и Тој им вели: „Имам 2 вести за вас. Првата е дека постојам, а втората е дека светот ќе престане да постои на 1-ви јануари 2012.” Се враќа Обама во Америка и се обраќа на нацијата: „Мои сограѓани, имам една добра и една лоша вест. Добрата е, она што велевме дека постои навистина постои. Лошата е дека ќе го уништи светот на 1-ви јануари 2012.” Се враќа Путин во Русија и се обраќа на нацијата: „Мои сограѓани, имам 2 лоши вести. Првата е дека она што велевме дека не постои всушност постоело. Втората е, ќе го уништи светот на 1-ви јануари 2012.” Се враќа Грујо во Македонија и право во Сител кај Латас, да се обрати на нацијата: „Драги граѓани, имам 2 ОДЛИЧНИ вести. Првата е, ме викна Господ кај него да се запознаеме, имавме кратка средба, разменивме мислења за актуелните состојби, по што одржавме прес конференција и фото сесија. Втората вест е, Господ лично ме увери дека ќе владеам до крајот на светот”.
Златната жаба
Бранко еднаш ловел риби и ја фатил Златната жаба.
Жабата му рекла: Пушти ме од јадицата и ќе ти исполнам една желба.
Бранко го направил тоа и ѝ рекол на жабата дека најголема желба му е Македонија да го реши спорот со името и да влезе во ЕУ.
Жабата му возвратила: Е, баш ја погоди желбата! Во проблемот се замешани сите соседни земји, Европа, ОН, Америка... Нема шанси да направам нешто.
Бранко: Значи, имам право на уште една желба. Дали го знаеш Грујо?
Жабата: Го знам.
Бранко: Дали можеш да го направиш да биде пристоен демократски политичар?
Жабата го гледала, го гледала и го гледала Бранко и на крајот рекла: Дај да се вратиме малку подетално на првата желба.
Зошто
Си биле татко и син (црви) и живееле во канализација. Синот по некое време го прашува татко му:
- Тато, зошто живееме овде? Можеме ли да живееме во јаболко, да си грицкаме внатре?
- Можеме бе, синко.
- А зошто тогаш не живееме внатре во јаболко?
- Па, таква ни е државата бе, синко.
Гласови
Груевски, Саркози и Берлускони патуваат со авион и пилотот им вика:
- Ни снема гориво, но имаме само еден падобран. Како ќе успееме?
- Ајде да гласаме! – вели Груевски.
Сите се согласуваат! Гласаат и победува Груевски. Си го зема падобранот, и се фрла.
Берлускони му се врти на Саркози и му вели:
- Како освои 40 гласови, а ние сме само четворица?
2%
Само 2% од Преродбата не е остваренo... ЕУ и НАТО!
Што мислиш?
Скопје. Преполн автобус, и тоа од двокатните. Еден човек почнал да се дере и да мавта со својата празна торба:
„Поради тие свињи ние немаме што да јадеме! Поради тие свињи немаме што да облечеме! Поради тие свињи живееме како свињи и ќе цркнеме како свињи!“
Возачот закочил. Во автобусот упаднале двајца полициски службеници во цивилки и го однеле човекот во полициска станица.
„Кого го нарекувавте свињи?“
„Кого? Па, се разбира, Американците и Европјаните.“
Полицајците се зачудиле. Најпосле решиле да го пуштат човекот, кој на вратата се свртел и ги прашал полицајците:
„А вие што мислевте дека јас мислам?“
Две причини
За време на владеење на груевизмот еден Македонец во Скопје заминал во Американската амбасада и побарал виза.
„Зошто сакате да заминете во Америка?“, прашал чиновникот.
„Имам две причини.“
„Кажете ги.“
„Слушнав дека се планира рушење на македонската влада и одново воспоставување демократија.“
„Смешно!“, рекол чиновникот. „Според нашите анкети, вашата влада и вашата главна партија никогаш поцврсто не владееле!“
„Ете гледате, тоа е втората причина!“
Ползење
Во Македонија за време на Груевски биле постојано распишувани конкурси за вработување во јавна служба. Кучето и желката решиле да се пријават.
Кучето потрчало најбрзо што може. Но задоцнило, местото веќе било зафатено. Го добила желката.
„Како само успеа?“, се чудело кучето.
„Ти очигледно забораваш“, рекла желката, „дека во оваа земја јавна служба може да добие само оној кој умее да ползи.“
Висока цена
Еден македонски селанец го извеле пред суд затоа што на најбезобразен начин ја пцуел владата, и поради навреда на „пастирот и службеното лице“ бил осуден на парична казна од 400 евра.
„Имате ли да кажете уште нешто?“, прашал судијата.
Селанецот се почешал по главата.
„Би имал да кажам уште многу нешта“, рекол најпосле. „Но не по таа цена.“
4,5%
Вмровски пратеник држи предизборен говор:
„Последниве години со преродбава направивме неверојатни дела. На пример, животниот стандард го покачивме за четири запирка пет проценти!“
„И кај отидоа тие пари?“, прашал некој од публиката.
„Вака, имаме прецизно: четири проценти отишле во буџетот на РМ, а половината процент го зеле работодавачите“, објаснил вмровецот.
„А што добија граѓаните?“, прашал човекот од публиката.
„Граѓаните ја добија запирката.“
Грујо електричарот
Никола Груевски е најголемиот електричар во историјата на Македонија!
Првин успеа да го наелектризира народот, а потоа и сосема да го изолира.
Најголемиот лажго
Во пеколот имало големо мочуриште за лажговци. Колку некој повеќе лажел во животот, толку повеќе пропаѓал во калта.
Еднаш Михајло Маневски и Александар Бичиклиски, кои во калта биле до грлата, завидно го гледале Никола Груевски којшто, иако нискичок, во калта стоел само до стомакот.
„Па, ти си најголемиот лажго кој постоел на светот! Како тоа не си пропаднал подлабоко?!“, најпосле го прашале некогашните министри својот некогашен шеф.
„Јас стојам врз рамењата на Зоран Ставрески!“, им рекол Груевски.
Замерка
Еднаш на седница на Влада на Никола Груевски му било досадно и почнал со игла да ги боде во задникот некои од министрите. Прво го боцнал Антонио Милошовски, на што овој бесно се свртел и опцул. После го боцнал и Зоран Ставрески кој се свртел и налутено прошепотел: „Што ти е? Зарем сите мораат да знаат дека сум вазал?“
Најпосле нервозниот Груевски се смирил и си седнал на премиерското столче.
Откако завршила седницата на Владата, портпаролот Александар Бичиклиски го тргнал настрана својот шеф и плачливо му рекол: „Зошто не ме боцнавте и мене, Никола? Зарем нешто ми замерувате?“
Лидерски состанок
Никола Груевски на лидерскиот состанок загрижено и доверливо му рекол на Бранко Црвенковски: „Народов врие од бес кон тебе. Ако полудат од бесот, можат и да те убијат!“
„Можно е“, одговорил Бранко Црвенковски. „Но, кога пак ќе се вразумат, ќе те убијат тебе.“
леле гелевски сигурно сам се
Испратено на 06 јануари 2012 од сдсмлеле гелевски сигурно сам се смееш
DA VI EBAM VICOVITE SHUPACKI,
Испратено на 08 јануари 2012 од Gelevski 1DA VI EBAM VICOVITE SHUPACKI, UMRETE SELJACI VIE STE JADNI MANIJACI BOLNI DUSHI KOPUCI BEZ VODA VO OCI, GMIZAVCI NAEMNICI PLATENICI ZA KORKA LEB ZEMETE RABOTETE NESTO PO KORISNO VO ZIVOTO DOSTA SEETE MRAK I CRNILA U DRZAVAVA DEPRESII EDNI ISFRUSTRIRANI NEZNAM STO SE VEKE DA NAPISAM ZA VAS KUR VE UTEPAL BOLESNICI EDNI
I VIE I FOKUS VESNIKOT STE NAJ ODVRATNOTO NESTO NI PRIBLIZNO DO REALNOSTA POGLEDNETE SE SEBE NESPOSOBNI MAJMUNI ZARABOTUVATE ZA LEB JADEJKI KAKANICI
VIE NE ZNAETE DA NAPISETE NISTO POVEKE OD BEDNI TEXTOVI, TEMNI, MRACNI, ISFRUSTIRANI ODRAZ NA VASIOT NEUSPEH
Spored ova sto go napisa
Испратено на 10 јануари 2012 од Mile KuburaSpored ova sto go napisa edinstveno isfrustriran si decko ti. Za toa sto velis "bez voda vo oci" za toa e zasluzna vladata na Gvujo, a bogami zasluzna e i za toa bez struja. Gi teras lugjeto da rabotat nesto korisno, a sto da rabotat? Gledas deka nevrabotenosta e 32%? ili i ti ne im veruvas na svetskite vesnici kako Stavrevski? Svesti se malce se otide u pickui materina a ti si se zapnal da gi branis.
Od vas podrzuvacite na ovaa maloumna politika stradame nie koi imame barem malku pojke od vas vo glavata
hm... cekaj da prebaram na
Испратено на 09 јануари 2012 од jkjkjhm... cekaj da prebaram na internet sto bese toa "vic" ...
Si bile nekoja Baba i
Испратено на 12 јануари 2012 од ElenaSi bile nekoja Baba i Gelevski. Babata veze, Gelevski veze nema