Кога споредните ликови стануваат главни

24.01.2012 12:25
Кога споредните ликови стануваат главни

Некои луѓе го поминуваат цел живот во заден план, како споредни ликови или статисти. Американската сестрана уметничка Миранда Џули, која нас позната како режисер на филмот: „Me and You and Everyone We Know“, реши да ги направи споредните ликови први, барем за кратко.

Перформатор, сценарист, режисер и актерка, Џули се занимава и со фотографија, а денес ви го претставуваме нејзиниот фотографски проект „Vice Photos“, создаден во соработка со Ро Етриџ.

Станува збор за проект кој има голема врска со филмот и менувањето (главни) улоги.

Всушност, Џули и нејзиниот соработник одбрале повеќе сцени од легендарни американски филмови, ги замрзнале саканите моменти и одлучиле да ги дублираат актерите од сцените кои најверојатно не ги помнат ниту најстрастните вљубеници во седмата уметност. Случајните минувачи, ликовите без текст и личностите кои само треба да го пополнат кадарот се извадени надвор од контекст и им е дадена главна улога.

Самата Миранда Џули на фотографиите ги реинтерпретира позициите и гестовите на статистите, а притоа е облечена во облека која потполно ја реконструира костимографијата од филмот.

Секако дека нивниот проект не застанува само на неколку кадри од филм, авторката на проектот сака да ги нагласи пропуштените животни позиции и животни улоги, целејќи на охрабрување и сопствена реализација на читателите.


Во проектот „Vice Photos“, Ал Пачино, Дастин Хофман и Оливија Њутон Џон се сосема споредни ликови, додека пак главната улога ја преземаат статистите, односно Џули.

Погледнете кои неважни актери од „Крамер против Крамер“, „Брилијантин“ или „Кум“, сега се акцентирани и ставени во прв план.

Извор: pogledaj.to

Слични содржини

Фотографија / Филм
Фотографија / Филм / Историја
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Психологија / Око
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото