Брутално убиени жени

09.04.2012 14:02
Брутално убиени жени

Nicola Kuperus е американска фотографка, музичар, пејачка и видео уметничка, а заедно со својот сопруг е дел од бендот „ADULT“. Денес ви претставуваме еден од нејзините фотографски проекти додека повеќе за авторката и нејзините останати проекти можете да погледнете тука.

За нејзините фотографии најпрепознатлив и речиси секогаш присутен е мотивот на обезглавени женски личности, во некои несреќни и помалку застрашувачки околности. Бидејќи нејзините фотографии на прво гледање може да се доживеат и како високо естетизирани и стилизирани „fashion“ парчиња, нејзината работа е далеку од моден едиторијал, иако работела и како модна фотографка.

Сценаријата за нејзините фотографии поседуваат нагласена доза на нарација, со перманентна „а ла Хичкок“ атмосфера и донекаде криминалистичко – форензичарска тематика. Фотографиите на Nicolа Kuperus никогаш не кажуваат само една, во моментот забележана приказна, туку на гледачите им нудат почетна точка за создавање на сопствено детективско сценарио.

Костимографијата и сценографијата се преполни со мистичност, но и со црн хумор.

Извор: Pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото