Метал кој глуми пејзажи

17.02.2012 12:12
Метал кој глуми пејзажи

Мија Андо (Miya Ando) е американска уметничка со јапонско-руски корени, чија работа најчесто може да се дефинира со терминот пост минимализам. Во своите дела, големите јавни инсталации, минималистичките скулптури и малите скулптурски предмети, Андо вешто го употребува металот, односно сите негови естетстки и монументални карактеристики.

Еден од нејзините последни проекти е серија на ѕидни слики, изработени од челик. Андо создава едноставни, помалку надреалистички и исклучително суптилни сплоснати скулптури, каде што споменатиот метал, односно неговите карактеристики на обработка, резултираат со прикази кои евоцираат некои недефинирани призори и пејзажи. Импресивните можности на обработката на основниот материјал кој Анди го користи, челикот , доведуваат до рафиниран, иреален и скоро унифициран изглед на комплетниот приказ, а тоа се карактеристиките на нејзината работа кои најмногу импресионираат.

За својата работа Андо вели: „ Безбројните нијанси на сивата боја внатре во материјалот од секогаш ме воодушевувале. Верувам дека овие дела се во голема мера елегантни и прочистени. Челикот се смета за „камен темелник“ на силата и непроменливоста, без оглед на фактот што денес скоро се во голема мера е непостојано и променливо. Токму затоа ме интригираа неговите неочекувани карактеристики“.

Повеќе за авторката погледнете тука.

Извор: Pogledaj.to