Душата на Европа

25.01.2012 11:32
Душата на Европа

Просторот на слободата пред сè е простор на духовната слобода. Европа е тоа што е поради Европа на духот, како татковина на духовната отвореност. Идентитетот на Европа не се потврдува со затвореност, туку со отвореност.

Европејците живеат од отвореноста, во отвореноста, за отвореноста. Најпрво за отвореноста за светот како простор, за чистотата на битисувањето, за отвореноста без која нема никаква јасна свест.

Потоа од отвореноста за духовниот тек на светот во целина, со сите светски култури. Таа отвореност не е само нејзина суштина, туку, според утврдувањата на Реми Браку, и нејзина животна сила.

Рим оживеа и се препороди откако ја презеде во себе Атена, а преку христијанството истото се случи и во Ерусалим. Најважно е да сме свесни за Европа како римски пат, односно со римски хабитус се продолжува и по пропаста на Рим.

Таквата европска насоченост трае и денес, односно во време кога христијанството е во криза, криза која што започнала со просветителството во 17 век, помеѓу другото и со Леибнизовото поврзување со кинеската мисла, се продолжува во 19 век, на пример Шопенхаузеровото преминување во будизмот, а се завршува денес, во постмодерната епоха, каде што на полјаните на огромните нови територии, во име на светската „територијална мрежа“ сè што е туѓо и странско наеднаш станува домашно и наше.

Постмодерната епоха поради тоа сèуште не е антихристијанска, но затоа е постхристијанска.
Оваа европска Европа по своето потекло сèуште не коинцидира со христијанското, туку со отвореноста која пред две илјади години овозможила христијанството in nuce (веќе тогаш сплетот на јудеизмот и Грција, пред сè стоичка филозофија) почна да се шири преку границите на Палестина, па сè до Рим. И таа отвореност за Европа е клучна во нашата постмодерна односно, постхристијанска епоха.

Главната опасност за Европа, како што истакна уште Едмунд Хисерл, претставува замор на духот. Прво, истовремено конкретно и изразено обележје на тој замор е затворањето во себе. Израз на таквото затворање во себе, би било да речеме, на пример,затворањето на Европа во „христијанска Европа“.

Нема сомнение дека без христијанството би ја немало и Европа, но европските корени не се исто што и христијанските корени на Европа, односно веќе самите корени имаат двојно значење, бидејќи не се само христијански корени, туку и корени на христијанството.

Такво е европското потекло, посебно потеклото на денешните Европејци, многу постаро од христијанството и западната култура вопшто. Во таа смисла не станува збор само за отвореноста кон иднината, туку и отвореноста кон минатото.

Но, најважна е отвореноста овде и сега. Во минатиот, дваесетти век на овие простори бевме приморани на двојна затвореност, а со тоа и стеснување на духот : клерикално и партиско-комунистички. Последниот беше тоталитарен, но со краток век на егзистенција. Според комунистичкиот менталитет сè уште не е мртов, а неговото спорадично и моментално оживување зависи од уметноста на дишење.

Клерикалниот менталитет е поотпорен, пожилав. Но, набрзо и тој ќе замине во пензија, можеби пред сè по заслуга на самите верници.

Европејството значи ново отворање, подигнување на степеност на отвореност. Тоа отворање и таа отвореност не значи разводнување, туку отвореност, која е отвореност на срцата, а не безгранична отвореност без никаков резултат и цел. Како што отворени граници нема без граница така ни отворени култури нема без самите култури. Култура со сопствено средиште.

Таа култура, по потекло различна и разноврсна, денес е презентирана како култура на европскиот народ, резултат на тоа се културните Европи, што не значи дека го создаваат она што обично се нарекува европска култура, како што и не постои една единствена европска култура.

Но, и тоа како, постои културна Европа како простор, а не како средиште, како средба на различни култури, односно плурален простор на културни различности, не надодадени различности, настанати со цепкање на некој претходен идентитет. Накратко, европските култури не се гранки на стебло кое ја претставува европската култура, туку се самоникнати и самостојни стебла. Независно што соковите ги црпат од заедничка земја.

Таа земја, која овозможи приземјени национални култури, не е европска култура, тоа е европска цивилизација. Цивилизацијата не е никакво стебло ниту некаков дрворед, туку е мрежа составена од низа мрежи, од доцна антички мрежи со црковни установи, самите цркви преку мрежите во средниот век на усидрените европски универзитети па сè до современите комуникаторски и информациски мрежи, во кои целосно спаѓа и конституционалната, односно институционалната структура на денешната Европска Унија.

Станува збор за европската цивилизациска инфраструктура, која овозможи создавање на европски култури, културата уште од почетокот е во меѓусебен однос, а денес пак забрзано навлегува во интеракција сама со себе.

Независно од степенот на нивната подвижност, европските култури нкогаш не кружат и денес исто не кружат околу средиштето на кругот, туку се движат елиптично: околу отвореното и подвижно жариште, а не околу фиксната точка.

Но, отсутноста на таква средишна точка не значи дефокусираност на поединечните европски култури ниту пак дефокусираност на Европа. Жариштето е подвижно, може дури и да се рече дека ги среќава културите патувајќи.

Жариштето, „душата на Европа“е оној простор на пресек меѓу европската цивилизација и европските култура во кој, сите ние се среќаваме како наследници, како чувари на дамнешното духовно наследство на Европа, а истовремено и како создавачи, развивачи и одгледувачи на европските духовни пораки.

Затоа, секоја поединечна европска култура не е само платформа на европејството, туку и палимпсест од кој во Европа зрачат не само нејзината современа култура туку и нејзината културна историја и и праисторија.

Со своето европејство, секоја од нив се креира одново, доживувајки втора ренесанса.

Учеството во втората ренесанса за Европа значи излез од комплексот на инфериорноста, така таа се ослободува од прастравовите и фрустрациите што произлегуваат од нив, конечно афирмирајќи се како рамноправен творец.

Извор: Peščanik.net


Слични содржини

Општество / Gif / Теорија
Општество / Gif / Теорија
Општество / Gif / Теорија
Општество / Активизам / Gif
Општество / Теорија
Општество
Општество / Теорија

ОкоБоли главаВицФото