Архитектите не се продаваат за пари

26.01.2012 12:50
Архитектите не се продаваат за пари

Архитектите, во моментов, се најголемите противници на власта. Повеќето од архитектите не сакаат да се продадат, да замолчат и да се укинат како професија. Тие и понатаму се подготвени да ѝ пркосат на власта.

Ваквиот третман на архитектите, стриктно од политички аспект, несомнено е дефектен, па дури е понижувачки за нив. Архитектите секогаш бегале од вулгарна политизација. Навистина е против логиката на нештата архитектите да се експонираат како некакви фронтмени во политиката. Или дека ќе ги исполнува тоа што станале „грчевисти“ или, пак, вистински опозиционери, како што ги обвинува власта.

Сè до појавата на Груевски и проектот „Скопје 2014“ архитектите се разликуваа во однос на другите свои колеги интелектуалци главно по тоа што беа прилично рестриктивни во јавните настапи. Ќе се огласеа само во исклучителни ситуации и нивниот настап секогаш се карактеризише со еден мошне култивиран дискурс. Нивниот збор имаше тежина, бидејќи во нивните излагања провејуваше постулатот дека комуникацијата е продуктивна доколку постои вистински дијалог, што значи дека е најважно да се изнесуваат здрави аргументи.

Македонската интелектуална заедница, ниту во минатото, а ниту и сега, не може да се пофали дека е оспособена за дијалот со аргументи, каков што посакуваа и практикуваа архитектите. Оттука, македонските архитекти секогаш еманирале некаква супериорност, што овдешната паланечка филозофија или нашата паланечка интелегенција го толкуваше како надменост или препотенција. Тие беа и останаа елита меѓу елитата. На оние што ова сè уште не им е јасно, им препорачувам уште еднаш да ја прочитаат колумната на професорот Георги Константиновски, објавена пред неколку дена во „Утрински весник“.

Од друга страна, оваа интелектуална елита е упатена, по природа на нештата, секогаш прагматично да се позиционира. И најгенијалниот архитект е свесен дека во неговата професија се испреплетуваат сите центри на моќ. Од архитектот, освен што се бара оригиналност/креативност, тој мора да води сметка дека треба да ги задоволи барањата на политиката, на инвеститорите, на јавноста...

Зошто архитектите станаа опоненти и критичари на власта во време кога главен проект на оваа владејачка гарнитура, барем номинално, е токму архитектурата? Ова се чини како некаков парадокс, но оваа зад оваа теза се крие заблуда која лесно се разјаснува.

Власта се обидува конфликот со архитектите да го објасни како судир помеѓу старото и новото, како дел од лошото минато, како судир помеѓу елитистите кои го обезличиле Скопје со своите модернистички зданија без „срце и душа“ и без почитување на македонската традиција (?!) од една страна и од друга – „новата архитектура“ која е инспирирана од класицизмот и од барокот, но и од античката историја. Власта се служи со гола пропаганда, а отсутството на дијалогот и прекршувањето на сите можни процедури и закони, се обидува да го надомести со расправа за судир на вкусови. Нивниот најсилен аргумент е дека оваа архитектура им се допаѓала на луѓето?! Тоа, засега, се потврдува само преку анкетите што ги прават телевизиите и весниците под контрола на власта.

Архитектите предупредија на неколку катастрофални последици од проекот „Скопје 2014“. Прво, тоа е повампирувањето на ждановизмот во една земја која себеси се нарекува плурална и демократска. Тоа значи дека сега имаме ситуација кога власта пропишува што е дозволено а што не е и во уметничкото изразување. Некогашниот социјалистички реализам се транспонира во популистички реализам и, засега, тој се применува само во архитектурата, но како тргнале работите, новите „ждановци“, најверојатно, ќе го прошират и на литературата, сликарството, музиката ...

Второ, архитектите мораа да изреагираат жестоко и професионално затоа што се образувани и се обучувани да водат сметка за една генијална мисла од раните години на 20 век (заборавив од кого беше) која гласи: архитектурата мора да помине низ иглените уши на модерноста или на модерната уметност.

Архитектите, многу подобро и од нашите врвни правници, укажаа како власта не го почитува ниту Уставот, а ниту законите. Тие посочија дека „Скопје 2014“ е невиден пример на самоволие и на апсолутизам. Исто така, архитектите на свој начин ја отворија темата и за злоупотребите на архитектурата во градењето на новиот идентитет на Македонецот.

Архитектите допреа до една вистина која другите интелектуалци или ја потценуваат или ја забораваат. Таа вистина би требало да им биде јасна на историчарите, политиколозите, социолозите и на многу други, но, архитектите имаат посебен сензор за да го регистрираат апсолутизмот, но и режимот во модерна форма.

Архитектите не забораваат дека секој режим се потпира на еден архитект. Режимот има само еден архитект, а другите архитекти стануваат „технички лица“ или платеници на режимот. Така било кај Хитлер, кај Сталин, кај Чаушеску. Режимот не сака архитекти, бидејќи тоа значи плурализам на стилови, разнообразност, креативност...

Оттука, реакциите на архитектите имаат посебно значење. Тоа, на прв поглед, ни изгледа како обид да се сочува дигнитетот и интегритетот на професијата, во краен случај, да се сочува и смислата на постоењето на оваа професија. Точно, архитектите си ја бранат професијата, својата стручност и својот интегритет. Но, истовремено, тие стануваат нечистата совест на целокупната македонска интелегенција, тие го држат отворено најсуштествено прашање – дали паметните и учените во една држава треба да молчат и да се прават глупави или, пак, доаѓа моментот да покажат дека нивните знаења имаат некакво општествено и цивилизациско значење?

Зарем правото за правникот не е исто толку важно како што е и архитектурата за архитектот? Зарем економијата за економистот не исто што и архитектурата за архитектот? Зарем во доменот на правото и на економијата не ни се случуваат монструозни проекти како во урбаната сфера? Вакви прашања заслужуваат да си постават речиси сите со академски титули.

Ние живееме во голема заблуда кога мислиме дека проектот „Скопје 2014“ е најлошото нешто што ни се случило во времето на владеењето на Груевски. Кога оваа власт ќе падне и кога ќе се соочиме со урнатините од преродбата, ќе откриеме дека архитектурата е полесниот дел од проблемите. Фасадите можат да го добијат својот стар лик, грдите и бесмислени градби можат да се урнат.

Нашиот вистински проблем е како ќе се справиме со последиците од популизмот, како ќе го вратиме Македонецот во состојба на нормалност и на умереност, како ќе ги убедиме луѓето да веруваат во демократијата, како ќе ја реафирмираме потребата да се живее слободно...

Ако власта сака од народот да направи архитекти кои ќе решаваат за фасадата на зградата на Владата, тогаш не е претенциозно да се употреби параболата дека граѓаните се архитекти на својата држава. Не се работи само за фигуративно изразување или за изнасилена симболика за да се претстави поинаку големата слика на модерното живеење.

Секој човек се стреми или му е доверено да биде архитект во животот, сите ние сме архитекти во рамките на еден заеднички проект. Истовремено, сите ние носиме одговорност, со своите знаења и со своите професии, да се докажеме и како архитекти во вистинскиот живот, во својата држава – да создаваме дела кои ќе бидат во полза или ќе бидат убави за современиците, но и ќе бидат доволно добри и убави и за нашите потомци.

Меѓутоа, денес, како архитекти во најширок смисол на зборот, откриваме дека тоа не функционира како што треба. Поточно, престанавме да бидеме архитекти на државата, на заедничкиот живот.

Зошто?

Затоа што сме запоставени или сме оневозможени од власта. Но, мора да биде искрени, вината лежи и кај нас, зашто прво се уплашивме, а потоа се откажавме од намерата да бидеме архитекти на својата држава.

Извор: globusmagazin.com.mk

Илустрации: Алекс Вотсмуш

ретко добар текст на оваа

ретко добар текст на оваа тема. владата претера во многу работи со проектот скопје 2014, ама со последното - менување фасада на еден репрезентативен објект во скопје - ја премина секоја мерка. а архитектите (оние што имаат совест) уште одамна се бунат и аргументирано ги докажуваат сите слабости и нелогичности на еден ваков монстриозен и скап каприц. ама за жал нема кој да ги слуша

Сосема е промашена основната

Сосема е промашена основната теза на текстот: Архитектите се продаваат за пари, секаде, во секое време и на секаков начин. Зборувам, се разбира, за мнозинството архитекти. Можеби постојат поединци кои „не се продаваат“ (кои не ги продаваат повисоките принципи на својот занает или, ако сакате, уметност), но тие се толку ретки што се речиси невидливи.

Митко Хаџи Пуља, кумот на

Митко Хаџи Пуља, кумот на Фрчкоски и некогаш најталентираниот македонски архитект, е пример дека се’ е на продажба. Хаџи Пуља е едно од најголемите „културни“ разочарувања изминативе 20 години и една од најстрашните човечки жртви на фараонскиот проект на пастирот. Меѓу другото, Хаџи Пуља беше член во најмалку едно од бесмислените тела на груевизмот, комисијата за избор на скулптури. Сите тие „тела“ всушност беа кукли со конци управувани од малиот фараон, авторот на Скопје 2014.

Добар текст. Би предложил

Добар текст. Би предложил понатаму да се анализира и еден поинаков аспект на архитектите - можеби не се продаваат за пари, но лесно се продаваат за слава и понатамошна реализација на нивните идеи и проекти, за што има многу примери - историски и современи. Интересно е како Грујо и Фамилијата успеаа да наметнат феномен на анонимни архитекти кои ретко се појавуваат во јавност да зборуваат за нивните дела: колку поголем објект, толку поанонимен архитект. Мирослав Грчев како веројатно најистакнат опонент на лудилото го знаат сите, од другата страна медиумски најекспониран е Вангел Божиновски - кој всушност и не учествува во СК2014. Но затоа пак треба за награда да се вреже во мермерните постаменти името на секој што ќе успее да ги наведе авторите на грдосијата која треба да биде Министерство за надворешни работи.. Објаснувањето лежи во фактот што фараонот веќе обзнани дека сето ова е всушност негова лична визија. Па, изгледа после магистерската теза со која ја оправи економијата, следи докторат од областа на архитектурата и урбанизмот..

Na таквите како оној кој ги

Na таквите како оној кој ги напишал овие глупости за МИтко Хаџи Пуља, треба да им се суди зa навредување на највредните нешта во Македонија, и тоа на плоштад или пред Архитектонски Факултет.Тој кој го пишувал тоа или е неписмен, или е просечно арогантно детиште кое нема врска со архитектура. Митко е еден од ретките, ако не и единствен професор кој заслужува да предава на Архитектонски Факултет, освен тоа што е прекрасен човек, единствен педагог и најдобар архитект. Прашајте ги компетентните, слободно и студентите. И засрамете се со тоа што го пишувате. Срамота.

Не се сомневам дека Хаџи Пуља

Не се сомневам дека Хаџи Пуља е добар за студентите. И Казанова е добар за девојките (без цинизам, стварно е океј да си со шармантен заводник, макар со него биле уште неколку илјади жени). Но, овде не зборуваме за шарм и заведување, туку сосема обратно: за одбрана на највисоките принципи на професијата. А што е највисок принцип на речиси секоја професија, а особено на културните? Интегритетот. Автономијата на творецот. Непоклонувањето пред мизерни диктаторчиња со екстремно примитивен вкус. На тој испит Хаџи Пуља изминативе пет години не падна еднаш, туку сто пати. А гледајќи го неговиот морален профил, си велам дека деградацијата на неговиот интегритет траела и пред фараончето да го земе под свое.
Митко Хаџи Пуља (и ради тоа велам дека е трагичен случај, една од најмачните жртви на груевизмот) е срозан на нивото на Вангел Божиновски, Жан Стефановски и оној несреќник, квазиуметник-квазиархитект, Цобе, љубителот на „антиката“. За жал, тоа е друштвото на Хаџи Пуља летово господово 2012.

Нека ти служи на чест.

Нека ти служи на чест.

Пандалф Вулкански Сонот на

Пандалф Вулкански
Сонот на архитектот

Митко Хаџи-Пуља, угледниот член на комисиите при Министерството за култура, на својот другар Минас Бакалчев му раскажал еден свој вознемирувачки сон:
„Крај некој базен седат Љубчо Георгиевски и Никола Груевски и разговараат за архитектура. Во еден момент Груевски му вели на Георгиевски: ’Она што мене ќе ми го направат по повод СК 014, не е ни налик на било чии сништа за летен одмор’. За жал, низ придушената румба музика, меѓу испарувањата на базенот (можеби беше сауна или некаков пекол?!), гласот на Груевски едвај се пробиваше накај Георгиевски, како лопата низ снег, така што бившиот премиер мирно си го доврши коктелот, без да се осврне на болните зборови на својот министер за финансии, можеби размислувајќи за големите архитектонски дострели на Јован Стефановски Жан и Вангел Божиновски.“
„Митко, сосем си одлепил служејќи ја Елизабета Канчевска-Милевска. А каква е твојата улога во тој кошмарен сон?!“, прашал Бакалчев, а Хаџи-Пуља мудро одмолчел.

Хитлер и Шпер Архитектите

Хитлер и Шпер
Архитектите Минас Бакалчев и Митко Хаџи-Пуља на студентите им прожектирале интересен документарен филм од 1934 година, каде се сретнуваат славниот архитект Алберт Шпер и неговиот политички ментор, Адолф Хитлер. Филмот ги покажува Шпер и Хитлер како најпрво доаѓаат на градилиште. Прво зборува Шпер, го објаснува проектот. Потоа на ред доаѓа Хитлер. Ги става очилата, ги зема блокот и моливот. Ставајќи го блокот на колено, почнува да скицира. Шпер, со спуштени раце, го гледа учителот. „Така ова се прави, Шпер“, вели фирерот и му го предава блокот на архитектот. Во тој момент на Хаџи-Пуља му се слошило и нагло си заминал, така што Бакалчев сам морал да им објаснува на студентите колку потенцијално е опасна врската помеѓу политиката и архитектурата.

Пандалф Вулкански Мала

Пандалф Вулкански
Мала риба

Кога македонските уметници слушнале дека буџетот за витражот во Музејот на ВМРО изнесува петсто илјади евра, настанала вистинска јагма по идејни решенија. Лично маркантниот архитект Митко Хаџи Пуља дошол кај министерката за култура за да ја праша колкав ќе биде авторскиот хонорар за идејното решение за витражот.
„Нула“, рекла Елизабета Канчевска Милевска, „оти на мислење сме дека е голема чест да се биде автор во Музејот на ВМРО. Половината милион евра се наменети за изработка на витражот.“
„Што велите, Елизабета, пари нема? Само брука?!“, рекол резигнираниот Митко Хаџи-Пуља.
***
Друг пат, кога македонските уметници слушнале дека владиниот буџет за споменикот на Александар и за Триумфалната капија изнесува 15 милиони евра, настанала вистинска јагма по идејни решенија. Излегол премиерот лично и соопштил дека Валентина Стефановска ќе ги работи клучните објекти на СК 014. Кога Митко Хаџи-Пуља, маркантниот архитект и членот на неколку комисии при преродбеничкото Министерство за култура, се обидел да протестира против изборот на пастирот, овој студено резимирал: „Управувањето со државата е како пржење мала риба; ако премногу ја превртуваш, таа ќе се распадне“.
На тој метафоричен начин и благодарение на големата мудрост на пастирот, Митко Хаџи-Пуља сфатил дека е мала риба среде големата преродба.

 Зошто брзате со заклучоци?

 Зошто брзате со заклучоци?  Работите не се црно бели
Погледенете го ова интервју

http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=86F3AD04C62F9C4781F182DA71335670

Работите никогаш не се

Работите никогаш не се црно-бели. Дури и најбедните архитекти-измеќари на пастирот имаат своја човечка приказна. Некои се уценети, некои не се премногу бистри, за некои ова е единствената шанса да градат... Се’ е тоа проклето човечки и разбирливо. Но, тие го осрамотија Скопје и ја осрамотија професијата, за веки веков. Исто како и Митко Хаџи Пуља. Го нема тоа белило што ќе ги испере не само неговата (премолчена) поддршка на лудачкиот проект СК014, туку и неговото директно учество.

Жалосно...ах, Љубителу на

Жалосно...ах, Љубителу на "убавиот" збор!

Кога еден активист на Плоштад

Кога еден активист на Плоштад Слобода делел флаери против СК014 на Архитектонскиот факултет во Скопје, од ходникот на факултетот грубо бил избркан од Минас Бакалчев. Не знам дали ова е вистина, но лично ја слушнав приказната од активистот.

Ako ne si siguren ne pisuvaj

Ako ne si siguren ne pisuvaj gluposti.

Интервјуто со Хаџи Пуља е

Интервјуто со Хаџи Пуља е направено три недели по тепањето на неговите студенти на плоштадот, од страна на разуларена и пијана вмровска толпа. И еве како одговара „најпрекрасниот“ професор:

Тоа значи дека ги поддржувате студентите во своите протести против, како што велат тие, „силувањето на градот“.

- Прашањето е сложено. Се разбира дека ги поддржувам сите луѓе во настојавуањето да ја искажат својата волја, односно го поддржувам правото слободно да се произнесе било кој за било кое прашање, односно го поддржувам правото на слободна мисла. Лично мислам дека колку повеќе реакции има во сите области, толку поквалитетен ќе биде и нашиот живот. Втора прташање е во кој момент се преземаат некои активности и дали тој момент е важен за Македонија и за нејзината стабилност.

Сака да кажам дека се чувствувам тегобно затоа што како човек се наоѓам во состојба во која што јавното мислење е така инструирано што секогаш било каков исказ мора да биде ставен во некаква, би рекол, исфабрикувана и погршна дихотомија, поделба на „овие“ и „оние“. Јас, лично, не се наоѓам себеси ни во „оние“ ни во „овие“. Јас сакам да бидам самостоен. Сакам да има критичко мислење за сите работи што ме интересираат и за кои што сум должен да имам критичко мислење. Мислам дека таа дихотомија, тоа подвојување по било која основа, поточно таа операционализација и нагласување на подвојувањето, истакнува некакви интереси, кои никако не можат да бидат македонски. Значи не сакам да влезам во филмот на поделбата на „овие“ и „оние“. Тоа, конечно, не им користи ниту на „овие“, ниту на „оние“ туку на некои трети, кои се на некое друго место.

Nedelen vesnik Globus, broj

Nedelen vesnik Globus, broj 148, 16.02.2010

Исфрустриран сведоку со патетични аргументи, погледни го од Минас интервјуто (Nedelen vesnik Globus, broj 148, 16.02.2010), да ти станат јасни некои работи. А што се однесува до прекрасниот професор, веројатно твоето его е издигнато до тој степен што за тебе не постои таков. МНогу ме интересира кој би го спомнал ти како подобар. Ја мислам ти најдобар си според тебе. Само критикувате. Самозаљубени.

Низ историјата неретко се

Низ историјата неретко се случувало професорите да гинат заедно со своите студенти, борејќи се за принципи, слобода, правда. Хаџи Пуља добил да гради објект (сегашниот МНТ во Центар), добил функции во вазалските комисии на пастирот и - види богати! - тој не е ни со едните ни со другите, туку со Македонија! Јако, стварно. Јако бедно.
Уствари, заборавив: тепаните студенти се на Грчев. А другите меѓу нив се предавници и соросоиди. Ради тоа Хаџи Пуља е за Македонија.

да ви се невиди у политиката

да ви се невиди у политиката бе мора ли човек да е член на партија, тешко ли е да прифатите дека е неопределен????

Не бил добро одбран

Не бил добро одбран политичкиот момент да се протестира против изградба на црква на плоштад, така вели „аполитичниот“ Хаџи Пуља: „Втора прташање е во кој момент се преземаат некои активности и дали тој момент е важен за Македонија и за нејзината стабилност.“ Па па па! Строго за Македонија мисли „најдобриот професор на архитектура“! Нема циле-миле, тепани (твои, јеботе!) студенти, него има Македонија, разбираш! Виша сила! Поточно речено: има пастир. Кој дели награди и казни. А Хаџи Пуља не сака казни.

Се извинувам, постои негде

Се извинувам, постои негде другде на интернетов некоја изјава или став на Хаџи Пуља за проектот Скопје 2014?

ОКНАрите обвинуваат други за

ОКНАрите обвинуваат други за фашизам а самите прават хајки врз личности и употребуваат суптилни закани само затоа што не биле против проектот Скопје 2014. Коља излези од филмот жити све, кај живееш човече (човечееее).

Kako student mi bea

Kako student mi bea svetci...i Mitko i Minas.
U Minas se razocarav na diplomskata, u Mitko malce pokasno...
Oni stvarno ne napravija nisto za da pomognat, ama ne se direktnite vinovnici za ova sto ni se slucuva.
Ajde da gi posocime vistinskite vinovnici - Vangel Bozinovski, Kosto Mangarovski, Zan Stefanovski...oni bea utki uste pred 2014.

Иво, ѕвер си човек, ѕвер.

Иво, ѕвер си човек, ѕвер. Секоја чеест за аргументов. Цар.

РЕАЛЕН НЕИСФУСТРИРАН

РЕАЛЕН НЕИСФУСТРИРАН КОМЕНТАР!

Слични содржини

Јавни Простори / Историја

ОкоБоли главаВицФото