Снимен првиот хрватски геј вестерн

09.02.2012 14:23
Снимен првиот хрватски геј вестерн

Вараждинското здружение Trash од Хрватска се основачи и организатори на светски познатиот Trash Film Festival, а сега снимија нов филм со наслов „Long Banana“, кој премиерно ќе биде прикажан на 14 февруари, на Денот на вљубените.

Во филмот, кој веќе се здоби со епитетот хрватска верзија на драмата „Планината Броукбек“, здружението Trash се позанимавало со каубојците, ранчерите, Индијанците, Мексиканците и еден ловец кој сака долги пушки.

Меѓутоа, филмот „Long Banana“ не е само вестерн. Како што секој вистински треш филм мора да биде, и „Long Banana“ е пресек на сите жанрови, па филмот содржи и елементи на политички трилер, љубовна драма, но и научна фантастика.

Филмот е сниман во текот на 2011 г. на пет локации со екипа од дури 30 глумци.

Дејствието се врти околу градоначалникот Mr. Mayor и неговата љубовничка Емили кои сакаат да започнат војна меѓу ранчерите и мирољубивите Букаке Индијанци кои живеат во шумата покрај реката.

За да ги предизвикаат Индијанците на судир, Емили и Mr. Mayor ќе го подбуцнат ранчерот Боб МекАлистер да ја нападне и обесчести ќерката на големиот поглавар Long Banana. Меѓутоа, на мирољубивите Индијанци напомош ќе им прискокне крупниот и добродушен ловец Duck Norris.

Откако ќе успее да ја спаси ќерката на поглаварот, Duck Norris е повикан да остане на индијанската забава приредена како благодарност за стореното.

Покрај логорскиот оган и опојните средства меѓу него и поглаварот се раѓа однос кој го надминува обичното пријателство.

Штотуку родената романса ќе биде осуетена со доаѓањето на дивите Мексиканци, кои ги испратила Емили за да ги опијат Индијанците и на тој начин да ги поттикнат да ги нападнат ранчерите и да предизвикаат војна. Но, овојпат лошите ги очекува ново изненадување – и тоа, од друга галаксија.

Извор: Jutarnji.hr

ОкоБоли главаВицФото