100 години од „ослободувањето“ и „окупацијата“ на Скопје

24.02.2012 14:16
100 години од „ослободувањето“ и „окупацијата“ на Скопје

Во програмата за одбележување годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2012 г., има најмногу 100-годишнини: 100 години од Албанското знаме; 100 години од формирањето на музичкиот оркестар „Zani i Maleve“; 100 години од именувањето на Мехмет Паша Дерала за прв министер за одбрана; 100 години од отворањето на првото приватно албанско училиште во општина Теарце; 100 години од формирањето на комитетот „Шпетими“; 100 години од склучувањето на Скопскиот договор меѓу Албанското движење и Османлиската власт; 100 години од раѓањето на Кирил Пенушлиски; 100 години од смртта на Пере Тошев; 100 години од раѓањето на Блажо Тодоровски – Чичето; 100 години од смртта на Добри Даскалов; 100 години од смртта на Тодор Лазаров.

Но, кои се најзначајните историски настани и личности од пред точно 100 години?
 
Најзначајните историски настани во 1912 година се поврзани со почетокот на Балканските војни и падот на Отоманската власт во Македонија. Според „Македонска Енциклопедија“, во Балканските војни присилно биле мобилизирани 100.000 лица, а загинале околу 40.000 лица од Македонија.
 
Оттука, нормално се поставуваат прашањата:
 
1)    Зошто во програмата не се одбележува 100 години од Кумановската битка – „решавачка битка во Првата балканска војна помеѓу српската и отоманската војска“ (Македонска Енциклопедија), по што настанало ослободувањето на Скопје од петвековното „турско ропство“? Еве како се одбележуваше настанот лани.
 
2)    Зошто не се одбележува 100 години од Битолската битка, во чии борби „учествувале и македонски месни чети“, а „српските сили го зазеле градот Битола (19.XI)“ (Македонска Енциклопедија)?
 
3)    Зошто не се одбележува 100 години од „ослободувањето на Солун“ од страна на Јане Сандански, кое е одбележано со огромна слика во новиот музеј на ВМРО? Според Македонска Википедија „...четите под команда на Сандански со 300 востаници, во придружба на четите на Стоју ХаџиевДимитар Арнаудов, Александар Бујнов и други, како претходница на бугарската коњаница, влегле во Солун пред настапувањето на бугарските единици.“
 Споменик на загинатите од Балканските војни
 
(Плоштадче на левата страна на Вардар веднаш по Камениот мост. Споменикот е подигнат за паднатите жртви во Балканските војни. Десно од него е Отоманската банка.)
 
Остануваат да ледбат уште многу прашања:
 
Зошто се одбележуваат 100 години од формирањето на комитетот „Шпетими“, а не се одбележуваат 100 години од конституирањето на Македонската колонија во Петроград?
 
Зошто се одбележуваат 100 години од формирањето на музичкиот оркестар „Zani i Maleve“, а не се одбележуваат 100 години од формирањето на ФК „Вардар“?
 
Зошто се одбележуваат 100 години од отворањето на првото приватно албанско училиште во општина Теарце, а не се одбележуваат 100 години од првото постојано кино „Вардар“ во Скопје?
 
Зошто се одбележуваат 100 години од именувањето на Мехмет Паша Дерала за прв министер за одбрана (на туѓа држава), а не се одбележуваат, на пример, 100 години од раѓањето на Темпо, кој има дадено несомнен придонес во антифашистичката борба и формирањето на АСНОМ-ска Македонија?
 
Зошто се одбележуваат 100 години од склучувањето на Скопскиот договор меѓу Албанското движење и Османлиската власт (која пропаѓа истата година), а не се одбележуваат 100 години од Општомакедонската конференција во Велес?
 
Зошто се одбележуваат 100 години од раѓањето на Блажо Тодоровски – Чичето (во сите енциклопедии пишува дека е роден во 1902!), а не се одбележуваат 100 години од раѓањето на Коле Неделковски (еден од првите македонски поети и антифашисти, кој се самоубива не дозволувајќи да биде уапсен од бугарската полиција)?
 
Програмата во делот „100 години од...“ ги промашува клучните историски настани во 1912. Повторно историјата ја пишуваат победниците (на изборите) – митоманите од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
 
 
Споменик на борците од Првата светска војна
 
Којзнае, како што тргнале, коалиционите партнери годинава може заедно да ја прослават и 100-годишнината од „ослободувањето на Скопје“ – 12 август 1912 – денот кога „албанските востаници го ослободиле од отоманското ропство“. Уште тоа фалеше да влезе во програмата за одбележување.
 
Ех, каква само прослава на коалиционото партнерство би била таа? Прво заедно ќе го слават денот на ослободувањето на Скопје од Албанците, а потоа заедно ќе тагуваат по денот кога во 1912 Србите го окупирале Скопје. Еми така пишува и во Македонска Енциклопедија (стр. 21): „Од 1912 до 1915 г. Вардарскиот дел на Македонија бил окупиран од Србија.“ Читајте, за да знаете. Оти, знаењето е моќ.

Porecanec si e porecanec,

Porecanec si e porecanec, zemljak , ne se sekiraj site navedeni a izostaveni vo oficijalnata programa, veke se vlezeni vo programite na nekoja od sosednite zemji.Taka da sve na sve dobri sme, neli zasteda na resursi , podelba na odgovornosti , regionalna sorabotka , ova -ona.

za se' ima proslava ama za

za se' ima proslava ama za stoticite iljadi proterani i ubieni civili od bilo koj etnikum i vera, nema nishto

Токму така. Треба да се

Токму така. Треба да се одбележува 100-годишнината од страдањата на протераните, убиените, не само цивили, туку у сосила мобилизираните војници, кои послужиле како „топовско месо“ за задоволување на нечии „национални“ интереси. Било, да не се повтори.

ОкоБоли главаВицФото