20 години од опсадата на Сараево

06.04.2012 12:36
20 години од опсадата на Сараево

Денес, на 6 април 2012, се одбележува 20-годишнината од почетокот на четиригодишната опсада на главниот град на Босна и Херцеговина, кој 1425 дена беше под непрекинат оган на злосторниците во униформи на ЈНА и српските паравоени банди, низ логистичко-финансиска и идеолошка поддршка на државно-интелектуалниот врв во Белград.

По тој повод, на улиците на Сараево, во склоп на манифестацијата „Сараевска црвена линија“, ќе бидат поставени 11.541 црвени столчиња во знак на сеќавање на бројните убиени граѓани на главниот град на БиХ. Според зборовите на Харис Пашовиќ, автор и режисер на манифестацијата, центарот на Сараево ќе биде претворен во своевиден музеј на опсада.

„Меѓу столовите ќе бидат поставени и мали столчиња кои ги симболизираат убиените деца на Сараево. Во излозите, од едната и другата страна на улиците, ќе биде поставена изложба на плакати за настаните кои се случуваа за време на опсадата“, вели Пашовиќ.

„Сараевска црвена линија“, според зборовите на Пашовиќ, е комплексен настан кој започнува во седум наутро во центарот на Сараево, а сообраќајот ќе биде прекинат 28 часа.

11.541 луѓе нема да присуствуваат на концертот бидејќи беа спречени од снајперски куршум или детонација на граната“, вели Пашовиќ, истакнувајќи дека идејата со празните столчиња, „која го симболизира присуството на отсуството“, ја имал многу долго.

Пашовиќ вели дека „тоа им го должиме на 11.541 убиени граѓани, но и должни сме да ја опомениме светската историја и европската цивилизација на најголемото злосторство извршено против еден град по 1945 година“. Во состав на одбележувањето на две децении од почетокот на опсадата на Сараево ќе биде одржан и концерт на преработена домашна и странска музика, а изведувачи ќе бидат познати оперски пеачи од БИХ.

На почетокот на март 1992 г., во БиХ е одржан референдум на кој поголем дел од граѓаните се определија за независна Босна и Херцеговина. Како одговор од српската страна, на клучните сообраќајници во сараевските населби Грбавица и Враце се поставени барикади, по што доаѓа до судир на припадниците на Српската демократска партија (СДП) на Караџиќ и полицијата под контрола на владата на Босна и Херцеговина. На петтиот ден од четвртиот месец во 1992 граѓаните и граѓанките на Сараево организираа демонстрации за мир пред зградата на Општината.
Студентките Суада Дилберовиќ и Олга Суќиќ беа првите жртви на снајперското изживување на српските парамилитарци над цивилите. Наредниот ден паѓаат гранати над Стариот град и предавателот на ридот Хум, а председателството на БиХ прголасува вондредна состојба во Сараево.

Оттогаш па сè до крајот на февруари 1996 г. Сараевчани и Сараевчанки ќе бидат на мета на снајперите и под постојан удар на топовите од околните ридови. За време на опсадата на градот, најдолг во историјата на модерното војување, загинаа близу 11.500 луѓе, од кои 1.601 дете. Околу 50.000 луѓе се полесно или потешко повредени за време на гранатирањето. Врз Сараево се истрелани 64.490 чаури, просечно 329 гранати дневно, а рекордот од 3.777 исстрелани гранати е забележан на 22 јули 1993 година. Еден од најкрвавите денови од 1400-дневната опсада на олимпискиот град, беше 5 февруари 1994 година, кога убијците од ридовите го започнаа масакарот на пазарот Маркале. Од една граната (минофрлачки проектил со калибар 120 mm), истрелана од војската на Република Српска која се наоѓаше на подрачјето на селото Мрковиќи, настрадаа 67 цивили, а 197 лица беа ранети.

Инаку, пукањето по невооружени цивили им беше омилена забава на паланските крвници. Потсетуваме на уште еден колеж кој српските сили го извршија на 27 мај 1992 во Ферхадијај каде што цивилите чекале ред за леб. Три гранати од правец на Борија усмртија 26, а ранија 108 граѓани на Сараево.

Според известувањата, во септември 1993 година 35.000 згради во Сараево биле урнати, а сите останати згради помалку или повеќе биле оштетени. Тука спаѓаат болниците, новинарските агенции, индустриските згради, зградите на власта, касарните и базата на ОН. Помеѓу поважните објекти се наоѓа зградата на Владата на Република Босна и Херцеговина и Собранието, кое на 25 април 1992 година изгоре заедно со многу ненадоместливи дела на историјата и културата.

Всушност, речиси и да нема зграда во Сараево без дупка. Не беше поштедено ни сараевското породилиште на Кошевскиот рид кое исто така беше немилосрдно гранатирано. Најмладите жители на воено Сараево не беа поштедени од проектилите ни кога породилиштето беше премесетно на клиниката Кошево. Жителите на Сарајево се штитеа од снајперите со сѐ што можеше да послужи: контејнери, автомобили, камиони, блокови, дури и завесите од спортската сала „Зетра“ добија функција на зашита од снајперски нишан.

Целта на опсадата не беше да се освои градот. Целта беше да се убие. Биолошки, морално, културно, цивилизациски. Да се доведе до степен на децивилизација која им припаѓаше на оние кои раководеа со смртоносните топови. Сараевчани го сфаќаа тоа и културниот живот во градот под топовски оган пак пронајде начин да се одржи. Доволно е да се каже дека за време на опсадата, Камерниот театар 55 изведе 652 мултимедијални проекти, во просек по два дневно. Во зградата на запалената Национална библиотека во јуни 1994 година отсвирен е Моцартовиот „Реквием“. Го диригираше Зубин Мехта, а пееше Хозе Карерас, оддавајќи им почит на загинатите Сараевчани и загинатите низ БиХ. Нешто порано, во јануари 1994, оперската дива Барбара Хендрикс одржа новогодишен концерт во Сараево, во знак на солидарност со градот кој и покрај неколкумесечното немање струја, вода, греење и основни животни намирници, не изгуби дух. Така, во април истата година група Сараевчанки и Сараевчани изведоа перформанс на Миљацка – во реката спуштија сплав и шишиња со порака: „Ова не е ѕид! Здраво, Европо, ние сме свет!“

За тоа време на пазарите продажбата се вршеше со стокова размена. И не само на пазарите – од центарот на градот до болницата Кошево таксист возеше за конзерва риба; од центарот на Сараево до населбата Откока се стигнуваше за еден литар масло и 1 килограм шеќер. На уличните штандови со книги, енциклопедиите можеа да се купат за едно јајце.

Сараево за време на опсадата го посетија, меѓу другите, писателката и активистка Сузан Зонтаг, кант-авторката Џоан Баез, пејачот на групата U2, Боно Вокс, генералниот секретар на ОН, Бутрос Бутрос Гали, Џорџ Сорос, активистката Бјанка Џегер...

Во април 1995 година, група од 38 интелектуалци и антивоени активисти од Сојузна Република Југославија, во рамките на Игманската иницијатива и под водство на покојниот професор Миладин Животиќ, патуваа 48 часа преку Унгарија и Хрватска, преку планината Игман, до Сараево кое беше под тежок снајперски и артилериски оган од страна на силите на Караџиќ. Еден од тогашните учесници во таа акција, покојниот Иван Стамболиќ, вака одговори на прашањето зашто одлучил да учествува:

„Поради луѓето во Сараево и поради солидарноста со нив, но исто така и поради поддршка на овдешните луѓе (во Србија) кои беа против војната и уништувањето на градот и луѓето, како и поради воените подбуцнувачи и профитери... Со ова сакам да покажам дека патриотизмот, освен ако не е и хуманизам, е лага.“

Тоа, сепак, не беше официјален став на Белград кој никогаш официјално не го обележа датумот кога започна најстрашната опсада на еден град во модерната историја. Напротив, градските власти на главниот град во Србија на 24 март 2012 година им открија споменик на сите жртви на војната и бранители на татковината од 1900 до 1999 година.

Трагедијата на Сараево и односот кон неа е одличен пример за бесрамноста на српските власти кој формално можеби се променил, но злобниот дух сè уште лута по државните институции и белградските салони.

Извор: e-novine

Како газдата ке свири, така

Како газдата ке свири, така "новинарчето" ке "игра".

ОкоБоли главаВицФото