На бесплатна лапачка во Охрид

07.04.2012 11:19
На бесплатна лапачка во Охрид

Не е дека нема што да кажам за слободата на изразувањето и за независноста на медиумите, но сакам да бидам чесен пред себеси и пред јавноста и да признаам тука дека поканата за охридската конференцијата на таа исклучително важна тема ја прифатив, пред сè, поради можноста да отспијам две ноќи на топло и да каснам нешто што е различно од урда со посрани јајца и варен компир со стар кромид и оцет. И тргнав, да ви кажам, ослободен од каква и да е грижа на совеста, на пат по тие три ручеци и две вечери во хотелот „Метропол“, со петѕвездното капатило на овој ненадминат бисер на охридската ривиера во мислите, со неговите меки ќебиња и бесплатното пиво од собното фрижидерче што непрекинато ми излегуваа пред ширум затворените очи, затоа што уште пред да се качам во автобусот сфатив дека мојата радост по топлината на домот и по неколку оброка квалитетна храна не е без врска со темата, односно дека јас сум жив пример дека слободата на изразувањето и независноста на медиумите во Македонија се широко отворени можности за донкихотите кои се спремни да прифатат дека парите од нив ќе бегаат како што Никола Груевски бега од невмровските форми на животот во вселената, односно за медиумските визионери кои благовремено можат да се помират со тоа дека во животот не може да имаат и струја и храна и слобода. Дополнително се поопуштив кога ми светна дека тоа што јас ќе го добијам во „Метропол“ не е никаква милостина туку цена за тоа што јас ќе им го дадам, еден текст кој во класична новинарска форма не вреди повеќе од два-три добри збора на некој читател. Тоа е висока цена, но проблемот е во тоа што со неа не можам да купам еспресо, а за мојата омилена вотка „Греј гус“ и да не говориме.

Слободата на изразувањето и независноста на медиумите можеме да ги контекстираме во разни сегменти на општественото пулсирање, но за мене е клучно темата да ја разгледуваме низ нејзините контакти со најважната димензија на политиките на власта – мисионерството. Ние како медиуми и Македонија како држава и општество имаме работа со власт која мисли дека има мисија да направи нешто што на овој простор, според неа, никогаш не било. За нашата расправа не е битно што е тоа што таа сака да го постигне и што е тоа што, според неа, никогаш не постоело, важно е дека тоа е радикално нов свет во идејна, политичка, културна, естетска и секаква друга смисла. Проблемот е во тоа што таква мисија не може да се оствари во демократски амбиент. Тоа што во Македонија постоеше како демократски обид во едно транзициско време, актуелната власт го искористи за да го наметне сопственото мисионерство кое, кога ќе се сведе на политичко, државно и општествено ниво, се јавува како тоталитаризам. Мисијата за радикална трансформација на Македонија и тоталната контрола над општествено-политичките и културните текови се два аспекта на една иста работа.

Тоа е општиот контекст кој по дефиниција ја исклучува и слободата на изразувањето и независноста на медиумите. Не така што некакви инквизитори на системот ќе одат наоколу и ќе цензурираат или затвораат медиуми туку низ некои малку поинакви релации. Слободата и независноста на сè, не само на медиумите, туку и на судиите, на режисерите, на лекарите, на фудбалските судии, е можна само во рамките што ги поставува новиот културен модел, новата идејна матрица поставена од Комитлендот на Горското началство. Сите тие се слободни да ја изберат неслободата ако сакаат да бидат.

Општото културно ниво е спуштено за да може идејата за радикалната трансформација да обезбеди комуникација со широките маси. Критериумот на масата е издигнат во општ културен критериум. Извршена е, односно се врши општа дезелитизација на културата. Ретките високи вредности се шишаат со косилката на политичките критериуми кои, пак, овие пројави ги сметаат за антинационални ако не се во состојба да произведат естрадна комуникација со народот. Во таква ситуација слободата на медиумите е слобода да се сере на јавната сцена за да може медиумот да ја фати усраната фреквенција на која живее народот, а независноста може да биде сè друго, само не независност од овој критериум.

- Тричковски, бе, никој не те разбира. Убаво пишуваш, ама тоа во Академијата го читаат со речници!

Тоа е тоа.

Втор елемент на таа културна деградација е тоа што професорот Грчев го вика убиство на вистината. На општата вистина, па после и на вистината за правото и неправото, за доброто и за лошото, за светлото и темното, за грдото и убавото, за силното и слабото, за болното и здравото, за скапото и евтиното, за напредното и назадното, за високото и ниското итн. На местото на убиената вистина мисионерите донесоа неколку шлепера нови погледи кои се изградени како калем на високата политичко-идеолошка арбитража врз традиционалната селска простодушност на македонскиот човек. Најубав водопад на светот е Смоларскиот, најдобар ракометар е Лазаров, најдобар фудбалер е Пандев, најголем аеродром е „Александар Велики“, најбогатото културно наследство го имаат Македонците, најреформирана земја е Македонија, најмногу восочни фигури и споменици на метар централна градска површина има Скопје, најдобар пијалак е комовицата, најдоброто вино е македонското, најдобриот роман на сите времиња е „Толе Паша“, најдобра народна песна во светот е „Калеш бре, Анѓо“ итн.

Каква слобода и каква независност на медиумите може да има во еден ваков амбиент? Имаме една театрална, позерска, адаптирана слобода којашто ја јаде вистинската слобода. Вистинската слобода е жртва на хистеризираната нација која е навлечена на тешката дрога на популистичките демагогии и митови. Таа маса е тотално слободна во рамките на неслободата.

Мисионерството, односно тоталитаризмот има незапирлива страст да ги разорува институциите и да ги празни институциите од нивната правна и демократска суштина и да ги полни со моќта на сопствената безпоговорна арбитрарност. Институциите ја задржуваат формата, но произведуваат нешто што е сосема спротивно на таа форма. Собранието, на пример, е едно огромно потемкиново село зад кое се крие вистинскиот диригент на политичките процеси, судството е само една од палките со кои диригентот диригира со македоснака политичка филхармонија итн. Во таква ситуација не постои медиум кој е во состојба да воспостави нормални релации со судството, со законодавството, или со некој друг сегмент затоа што тие сегменти ја немаат вистината за себе ниту пак се во состојба да посредуваат вистини кои не се лаги.

Сопственичката структура е исклучително штетна за слободата и за независноста на медиумите, прво по линија на неадекватното културно и демократско ниво на газдите и, второ, по линија на компромитацијата на медиумите во нивните политички авантури и користољубија.

Преговорите на Здружението на новинарите со Владата немат смисла од аспект на ЗНМ, а од аспект на владата имаат смисла исто толку колку што имаат смисла разговорите на министерот за надворешни работи за прием на Македонија во НАТО на самитот во Чикаго. Или симулацијата на преговорите со Европската унија. Надворешна шминка за заебавање на нормалниот свет.

Треба да се симне гардот на пристојноста и да се каже отворено: без промени во политиките на власта нема слободни медиуми, а без слободни медиуми нема промени во политиките на власта. Само некоја надворешна интервенција може да го наруши овој македонски баланс на смртта.

Что надо делать?

Ако „Конрад Аденауер“, Министерството за транспорт и врски и Делегацијата на Европската унија во Скопје решат да ми платат десетдневен пансион, би можел да соопштам повеќе идеи. Вака се задржувам само на следните.

Пазарна смена на сопственичката структура кај највлијателните медиуми. Слушам дека веќе се дадени некакви налози во таа насока, но треба да почекаме да видиме дали тие налози се дел од театарот или зад нив стои цврст став за смена на работите.

Итно конституирање на МРТВ како јавен сервис под надворешен мониторинг.

Донесување на еден странски канал.

Финансиска интервенција на пријателите на Македонија како нормална демократска држава за постепено извлекување на медиумите од канџите на политичко-бизнисменскиот комплот, најмалку за конституирање на два сериозни портала.

Ширење на внатрешниот отпор.

Конституирање на независна агенција која ќе ги дели парите што владата или министерствата ке ги наменат за рекламирање на своите политики или проекти.

Надворешен политичко-дипломатски притисок за нормализирање на ситуацијата во Македонија.

Во времето на комунизмот кокичето беше сигурен знак дека пролетта е тука. Денеска не е така. Лозите можат да плачат колку сакаат, црешите можат да цветаат, мечките да се будат и деновите да растат, но пролетта на нашето рамо нема да слета додека некој партиски шеф не каже дека опозициските мимози почнале да се групираат во народноугоден букет.

Луѓето почнаа да веруваат дека зимско е сето време до интервјуто во кое Црвенковски ќе ја отвори сезоната на окрупнување на опозицијата. Поскоро ќе дочекаме пролет без Велигден или без младо лукче отколку без некој фронт на противниците на власта.

Што може да биде помалку забавно од ова. Можеби, македонската забавна музика, телевизиските дневници без вести и информации, филмовите на Теона или бронзениот президиум на АСНОМ во паркот на Борка (женатата борец, по старо). За мене, подосадни се само напорите за решавање на спорот околу името, особено едноличната црвена боја на линиите што не смееме да ги напуштиме, восочната фигура на Благородна Дулиќ која незабележано киднала од Музејот на револуцијата и сега претседава со некоја комисија во таканареченото собрание на Бившата република на Македонците, или најавите дека ќе ми го национализират дворот во Орешани за да има Карлос Слим кај да ја посади својата инвестиција: сè друго, наводно, било поплавено во азискиот инвестиционен бран од Индија, Катар и Малезија.

Извор: globusmagazin.com.mk

Цртежи: Мартин Скауен

Е, многу пазарни ти се

Е, многу пазарни ти се предлозите, стварно. Ептен.

Мал соновник:

надворешен мониторинг = наши (комуњарски) луѓе
пријателите на Македонија = наши (комуњарски) луѓе
внатрешниот отпор = наши (комуњарски) луѓе
независна агенција = наши (комуњарски) луѓе
Надворешен политичко-дипломатски притисок = наши (комуњарски) луѓе

Али добро е, важно не заборави да спомнеш фекалии.

Дебилу, прво, Тричковски не е

Дебилу, прво, Тричковски не е „комуњар“. Еден е од најжестоките критичари на Бранко Црвенковски и на СДСМ. Тоа е една од причините за сегашната невесела ситуација на најдобриот македонски неделник „Глобус“.
Второ, вмровски идиоте, комунистите ја создадоа Македонија. Вмро Македонија ја растура, во континуитет, ги дели луѓето и создава пустош, и во душите и во политиките и материјална пустош, насекаде.
Трето, ВМРО (т.е. груевизмот) да владее и следните 20 години - нема стигне ни да го искречи она што го создадоа комунистите (а создадоа се’, од улици, фабрики, инфраструктура, до болници, школи, културни домови...) ВМРО направи крст над Скопје и сега прави десетина неокласицистички некрополи и стотици споменици, со кои следните генеррации ги задолжи со неколку милијарди евра (само во 2016 РМ треба да врати околу 600 милиони евра). Но, ни од тоа што го направи ВМРО (т.е. Црни Грујо) нема никаква полза, никој: во зградите ќе треба да се вселат нови десетици илјади партиски чиновници за кои нема пари, а спомениците ќе бидат збришани од следните генерации, поумни и покултивирани од сегашните.
Ако воопшто нешто остане од РМ тоа ќе биде скелетот (арматурата, суштината) што ја создадоа комунистите. Сегашниве разградувачи се само јата скакулци, во најдобар случај мафијашки банди.

Ти си шизофреник. Не ме

Ти си шизофреник.

Не ме интересира што бил Тричковски во минатото, но можеби го купиле или уцениле со нешто што знаат за него, а очигледно е што е сега и во последните неколку години.

Комуњарите не ја создадоа Македонија. Комуњарите се шлепаа на ослободителната борба на македонскиот народ.

Пред да го создадат тоа што го создале комуњарите (да, признавам дека создале нешто) им украле се` што можат на приватните сопственици во Македонија. Можеби тоа не биле толку грандиозни работи, но прашај ги тие што било нивно како им било тогаш.

И подоцна синчињата на тие комуњари си ги лапнаа (приватизираа) тие грандиозни работи.

Јас немам ништо од тоа, како што немам ни сега.

Bravo prosleduvac. Ova se

Bravo prosleduvac. Ova se lugje so potpolno ispieni mozoci, funkcionalno nepismeni i primitivni. Trickovski e elokventen i artikuliran, dobro znae sto saka da kaze. Ili mozebi Ducce za toa e sposoben?!

coece, koa ti izjavile

coece, koa ti izjavile posleden put ljubof? hehe, fenomen. tekst.

ne deka vmrofskata maska ljubov ne e dvigatel an sostojbite u drzavata, ona, pederi od vlada ebat sve od istok pa do esdees, na site im butaat detonatori u supak so zakana za aktivacija, ali i deaktivacija, se dodeka esdees ne pokazat kaj gi krijati mrtvite osnovaci na komunistickata partija, formirana pred ftora svecka. hehe, zamisli gi jebacive od vmrofskata sekta coece, na mrtofci se palat, mrtvi tela izgnieni do koska. i rabotat so kratkok fitilj, jebacive, mu se zakanile na idiotot branko da gi pokaze mrtofcite, inaku mu vlagaat u supak so tri race, jankurova, sasedebilot i kasikarski kasirski. zamisli koa zakana bilo toa vrz moronot da on moral so osnovacite na partija da raboti, sekta govna da jade. coece zamisli, stara klapa moroni mrtofci voskreskofci so kao ne se znaat, i nemale so da is kazat u poslednice tries godini na razno razni mestasca i saga da nadoknadat idat na supa sekoj den gore, da se vidat, jebote, da so go bapnat, da si kazat koj kaj go zapisal, spovel do doktorat i katedra sin mu, li kerkata, cija zena od so e bolna, mozok ili rak, kogo go strefilo infarkt po put u posledni par godina, koj od so bolue i blue, ti ebam mi se blue, bljak, govna da si se nakazat za elitizam, trocki govna da jade, samo so ova e neoliberalna kapitalisticka klapa i nek ne jadat govna za osnovacite na komunisticka partija, mamicata da im ja zaebam, pa bolesti na debelo crevo, govna razni, i tuka se vrakame na tenzijata so detonatorite u supakot na branko i sostojbite u istok Macedonia, verzija na fyromot i kako i zosto sega mu teknalo na pederskoto vmrofskata stoka da buta ruka kaj so ne treba I od gore da se zakanuva coece? prati kasikarski direct u supak brankof, pa kaj go ima toa coece? zakana antihetero coece?

ne e funny at all

ОкоБоли главаВицФото