Окупација во една (грда) слика

22.04.2012 15:38
Окупација во една (грда) слика

Како што ѝ е познато на јавноста, во НУ Драмски театар од 17-ти до 24-ти април, се случува гостување на театрите од Македонија, под девизата „Окупирај го Драмски“.

За жал, 19 април 2012 година ќе остане запишан како црн датум во историјата на оваа, некогаш реномирана, театарска институција. Наместо, како што е вообичаено, 15 минути пред почетокот на претставата, во случајов „Онегин“ на велешкиот театар, публиката да се покани во просторот на фоајето и салата, таа беше оставена да чека надвор, цел час, затоа што, замислете, една партија си дозволи да ја ОКУПИРА салата на Драмски, и во неа да одржува трибина за членството од Општина Карпош. Со кое право, во термин кога театарот треба да ја врши основната дејност за која е финансиран од државата, која било партија, па дури и ако е партија на власт, смее да си дозволи да го узурпира неговиот простор за свои партиски активности?

Невидена и нечуена дрскост и ароганција. Демонстрација на самоволие, самозаљубеност и врвен примитивизам, од позиција на сила и моќ.

Знае ли воопшто врвот на партијата, по чиешто барање се организираат вакви трибини, што е театар? Знае ли дека театарот има свои непишани правила пред почетокот на секоја изведба на одредена претстава? Знае ли дека во театарот не се проектира филм, туку настапуваат живи луѓе, актери и дека ним им се непоходни елементарни услови за работа, мир и тишина, време за посветување на драмската материја пред средба со публиката? Знае ли дека сценскиот декор треба навремено да биде поставен, најмалку еден до два часа пред почетокот на претставата и тоа кога се работи за вонредни состојби, дека светлото се позиционира зависно од местоположбата на декорот, дека актерите, по правило, имаат потреба од контакт со сцената на која настапуваат, некогаш и од цела проба, особено кога, како во случајов, се работи за гостување и за „освојување“ на нов простор? Знае ли, конечно, што значи публиката за еден театар? Таа во него не доаѓа под присила, не извршува партиска задача, туку го посетува исклучиво по сопствена волја, интерес и желба и затоа заслужува должно внимание и почит. БЕЗ ПУБЛИКА НЕМА ТЕАТАР !

Во нормални држави, по ваков невиден гаф, директорот на уметничката институција веројатно би си поднел оставка, засрамен што партијата, во која и самиот членува, покажала такво елементарно непочитување кон професијата и фелата на која тој исто така и припаѓа.

Но, ние веќе одамна не сме нормална држава!

Илустрации: Балет „Онегин“

Срамотилаци. Кај се

Срамотилаци. Кај се новинарите да му напраат интервју на директорот?

Туф туф туф. Дај да викнеме

Туф туф туф. Дај да викнеме плави шлемови да нѐ одбранат.

stoko epohalna, imas obraz

stoko epohalna, imas obraz uste da ironiziras. sto treba da napravat za da bide skandal po tvoite primitivni standardi? nekoj lepac na plakati da se posere na scena? ili ni toa ne e dovolno za skandal, stoko?

Стоко епохална, како не ти е

Стоко епохална, како не ти е срам!
Треба да бидеш прогресивен и слободоумен, и да викаш како Велија „ДИКТАТУРААААТААААА НА ДЕЛООООО, ЕВЕ ЈААААААААА“.
И да бидеш распеан скопјанец. Со ослободен индекс.
Да имаш хипстерски наочарчиња и да се дереш „не сум соросоиииддд“.
Смрт на народот, слобода за СДСМ!

Проценител на скандали, вие

Проценител на скандали, вие покажувате поголема дрскост и простаклук и од партијата која го окупирала драмски!
Страшно е тоа што нема крај на начините преку кои се демонстрира моќ...

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото