Куба ја слави сексуалната разновидност

10.05.2012 11:08
Куба ја слави сексуалната разновидност

На 8 април на Куба беше отворена Конференцијата против хомофобијата, во која ќе се одржат разни манифестации кои ја слават сексуалната разновидност, ќе бидат претставени лезбејски филмови и книги, ќе бидат организирани модни ревии си транвестити и улични танци.

Конференцијата ќе биде посебно посветена на драматургот, поетот и есеист Вирхилио Пињера, чии дела во 1970-те години беа забранети поради неговата хомосексуалност.

Организатор на Конференцијата е ќерката на кубанскиот претседател Раул Кастро, Мариела, која е претседателка на Националниот центар за сексуално образование, кој води кампања против хомофобијата во Куба и се залага за озаконување на истополовите бракови.

За време на одржувањето на конференцијата ќе биде претставена антологија на лезбејската литература, ќе се одржи панел дискусија за хомосексуалниот еротизам во кубанскиот филм и медиуми, а ќе биде организиран и карневал на транвестити кои во ритамот на конгата ќе продефилираат низ улиците на Хавана.

Во склоп на овој „геј фесивал“ ќе бидат читани извадоци од романот на американската писателка Ени Прул, „Планината Кршенгрб“, на кубанското радио Progreso.

Хомосексуалците на Куба беа традиционално стигматизирани и долги години жестокот прогонувани. Во 1960-те тие беа праќани во работни логори. Меѓу жртвите на тој прогон беше и Пињера, кој пишуваше за книжевните списанија и весници откако Фидел Кастро дојде на власт во 1959 г. Пињера почина во 1979 г.

Ставот на Куба кон хомосексуалците почна да се менува во 1980-те години, во голема мера благодарение на работата на Центарот на Мариела Кастро.

Извор: Tanjug

ОкоБоли главаВицФото