Луѓе кои ти го превртуваат животот наопаку

11.05.2012 13:46
Боб Марли

На денешен ден навршуваат 31 година од смртта на најпознатиот реге музичар и промотер на растафаријанското движење во светот, Боб Марли. Марли почина на 11 мај 1981 година, од рак на белите дробови и мозокот.

Текстот кој ќе го прочитате подолу е напишан од самиот Марли, и им е посветен на луѓето кои сериозно ќе ти го променат животот.

Длабоко верувам дека само еднаш во својот живот наоѓаш луѓе кои се во состојба целиот твој свет да го превртат наопаку. Ќе им кажеш работи кои никогаш не си ги споделил со ниедна душа и тие ќе впијат сѐ што им кажуваш и ќе посакаат да слушнат уште од тоа.

Ќе ја споделите надежта за иднината, соништата кои никогаш нема да се остварат, целите кои никогаш не се оствариле и бројните разочарувања со кои ќе ве послужи вашиот живот. Не можеш да се воздржиш да не им кажеш кога ќе ти се случи нешто убаво, затоа што знаеш дека ќе ја споделат возбудата со тебе. Не им е срам да плачат со тебе кога си повреден или да се смеат кога ќе направиш будала од себе.

Тие никогаш не ги повредуваат твоите чувства, ниту поради нив се чувствуваш помалку вреден, уште те воздигнуваат и ти кажуваат работи за тебе кои ти изгледаат посебни, па дури и убави. Кога се тие во близина никогаш нема притисок, завист или натпреварување, само тивка смиреност. Можеш да бидеш тоа што си и не треба да се грижиш за тоа што тие ќе мислат за тебе, затоа што те сакаат поради она што си.

Нештата кои што им изгледаат безначајно на поголем дел од луѓето, како што е песната или прошетката стануваат непроценливо богатство кое се чува во срцата на сигурно до крајот на векот. Сеќавањата за твоето детство се враќаат и чувствуваш дека се толку јасни што ти се чини дека си повторно млад.

Боите изгледаат светли и сјајни. Иако не била честа појава или воопшто ја немало, смеата станува како дел од секојдневниот живот. Еден или два телефонски повици во текот на денот ти помагаат да го истуркаш работниот ден и секогаш ти враќаат насмевка на ликот. Во нивно присуство не чувствуваш потреба за постојан разговор, повеќе се чувствуваш задоволен што тие се во близина.

Нештата што никогаш претходно не те интересирале стануваат фасцинатни затоа што знаете дека ѝ се значајни на личноста која ви е посебна. Мислиш на таа личност во секоја прилика и во сè што работиш. Се сеќаваш на едноставните нешта како што е бледо синото небо, нежниот ветар, па дури и бурата која е на повидок.

Го отвораш своето срце иако знаеш дека еден ден може да биде скршено и со отворањето на срцето доживуваш љубов и задоволство кое никогаш не си помислил дека се возможни. Сфаќаш дека ранливоста е единствениот начин за на твоето да срце да му овозможиш да почувствува вистински притисок кој е толку реален што те плаши.

Пронаоѓаш сила во сознанието дека имаш вистински пријател и веројатно сродна душа која ќе ти остане верна до крајот. Животот ти изгледа потполно различен, возбудлив и вреден за живеење. Твојата единствена надеж и сигурност е во уверувањето дека тие се дел од твојот живот.