Коњи

13.06.2012 10:11
Коњи

Се сеќавте ли на филмот Коњите ги убиваат, зарем не“? Ете, што значело „До балчак“. Столе Попов во моментов некаде по Мариово го снима продолжението на овој филм.

Значи, по објавата на медиумите дека еден коњ на снимањето на филмот починал од предозираност, односно дека е практично усмртен за потребите на уметничката визија на Столе Попов, а особено по незграпните изјави на продуцентот Данчо Чевревски („Имам попаметни работи, отколку да мислам на таму некои коњи“), со одредено задоцнување стаса и официјално образложение од продуцентската куќа „Триангл“. Според него, за потребите на филмот е земен коњ „кој требаше да претставува стар, изнемоштен и ранет коњ“, па е пронајден „со таков опис“, при што сопственикот изјавил дека „коњот има слабо срце, проблеми со белите дробови и е на возраст помеѓу 32 и 34 години, што е еквивалент на 105 години човечки живот“. Ветеринарот што е на платен список на екипата наводно изјавил дека коњот е правилно третиран, со сите претходно преземени заштитни мерки, но неговата здравствена состојба и старост довеле до трагични последици. „Едноставно, конкретното животно, за жал, не ја издржа многу тешката конфигурација на теренот за снимање“.

Ајде да им го простам коњот, што тешко ми оди, иако кај нас се простуваат и воени злосторства, а не, пак, коњи. Како да им го простам тоа што мене ме третираат, не како коњ, туку како млад мајмун што шета по керамиди. Дали, на пример, ако за потребите на филмот им треба ранет, болен и изнемоштен старец, тие ќе пронајдат статист „што одговара на описот“ и кој ќе има слабо срце, проблеми со белите дробови и ќе биде на возраст од 105 години? И потоа лекарот на филмската екипа ќе изјави дека со човекот се постапувало правилно, но, „едноставно, конкретното животно, за жал, не ја издржа многу тешката конфигурација на теренот за снимање“.

Малтретирањето на стари и изнемоштени животни, особено со смртни последици, подлегнува под позитивните законски акти на Република Македонија. Но, очигледно продуцентите имаат многу поважни работи, отколку да се занимаваат со некакви законски дребности. Значи, едвај чекам, да биде завршен филмот на Столе Попов и да биде пуштен во дистрибуција. Единствено што ми е страв е дека тогаш ќе имам многу попаметни работи, отколку да одам во кино и во живо да гледам убиство на кино-платното. Зашто, дури и ако е од немар, убиството е убиство. А за ова убиство многу тешко би можело да се каже дека е од немар. Барем според официјалното образложение на продуцентската куќа. Зашто, ако му веруваме на официјалното соопштение, да мачиш изнемоштено суштество „по тешката конфигурација на теренот“ не може да се оправда со никаква уметничка визија, па макар уметниците да се викале Столе Попов и Данчо Чевревски.

А македонската јавност, како што може да се забележи, има попаметни работи отколку да се занимава со убиства на коњи. Таа го гледа Европското првенство во фудбал. Да, тоа е прилика да се види дека туркањето топка по зелена ливада и не е толку комплицирана апстрактна физика, како што тоа може да изгледа кога се гледаат игрите на нашата репрезентација. А може да се види и тоа дека гледањето фудбал и не е најзалудната и најздодевната работа на светот, како што може некој погрешно да разбере ако гледа некое дерби од македонската лига.

Значи, може да се научи дека тренерите, односно водачите на тимовите, се можеби најважната алка во екипата и дека своите пари во најголемиот дел ги заработуваат во - паузата меѓу двете полувремиња. Типичен пример за оваа констатација е натпреварот од отворањето на првенството меѓу домаќинот Полска и нашиот јужен сосед Грција. Иако ние во духот на добрососедските односи и водени од максимата дека спортот и политиката не треба да се мешаат, со цело срце навивавме Грците да не загубат, туку да бидат декласирани, понижени, навредени и срамнети со земја и иако имавме искрени надежи дека Полјаците, наместо нас, ќе го освојат Солунско поле и потоа ќе ни го подарат, сепак Грција, во согласност со своите црвени линии и националистичката политика што ја води, покажа дека знае како се излегува од криза. Иако во длабока криза и сериозен дефицит (играч помалку), воспостави политичка платформа за завршницата и специфична дипломатија за дејствување на туѓ терен и успеа да извлече позитивен резултат за неа. На страна фактот, што и меѓународниот суд, не ѝ беше наклонет, а ни меѓународната јавност што во тој момент беше присутна на теренот. Дури не ѝ попречи ни тоа што не можеше да реализира и некои ненадејни прилики (пенал).

Некаде во исто време кога се одвиваше оваа епска битка на два политички концепта (традиција и актуелна потенција), претседателот Ѓорге Иванов во вилата „Билјана“ во Охрид прими делегација на охридските спортско-рекреативни риболовци. Не знам многу детали од овој историски самит, ама лесно ми е да претпоставам дека станувало збор за следната дипломатска стратегија што ќе следи по самитот на НАТО во Чикаго, како и за неслутените македонски можности за привлекување странски инвестиции. Верувам дека сега експертските тимови на македонската политика со здружени сили дефинитивно ќе го разрешат прашањето дали инвестициите ќе ги ловиме со мамец на мушичка или со мамец на црв.

Ние, останатите, како млади мајмуни ќе се восхитуваме на фактот дека и по не толку далечниот свет има луѓе кои знаат да ја задржат фудбалската топка во своите нозе, а како стари и изнемоштени коњи, незапирливо ќе одумира во сенката на оние споменичните коњи со кои сме преплавени, на оние што и натаму ќе ја бистрат политиката на куропецање со сопствениот народ и со меѓународната заедница.

Извор: globusmagazin.com.mk

Цртежи: sweet juniper

ДИКТАТУРААААА ДИКТАТУРААААТА

ДИКТАТУРААААА ДИКТАТУРААААТА НА ДЕЛО, ЕВЕ ЈАААААА!!!
КОЊИ УБИВААТ, ЕЕЕЕЕЕЕЈЈЈЈ!!!!

Батка, со ова вриштење само

Батка, со ова вриштење само го потврдуваш она што паметните го велат шест години: груевизмот е ретардација. Груевизмот е неартикулираност и понижување. Груевизмот е насилство и вриштење. Груевизмот е пропаганда (а за пропагандата најбитно е да си најбучен и највидлив). И, да, се разбира, груевизмот е диктатура на некадарните, глупавите, фанатиците и урлаторите. Ти, батка, со лажен идентитет (што е проблемот на груевизмот кој се обидува да стане проблем на Македонците) си најдобар пример за тоа.

ДИКТАТУРААААА ДИКТАТУРААААТА

ДИКТАТУРААААА ДИКТАТУРААААТА НА ДЕЛО, ЕВЕ ЈАААААА!!!
КОЊИ УБИВААТ, ЕЕЕЕЕЕЕЈЈЈЈ!!!!

Ха ха ха, коњ убиле! Ха ха

Ха ха ха, коњ убиле! Ха ха ха, Љубета го затвориле за мито! Ха ха ха, го сотреле семејството Рамковски! Ха ха ха, не оставија ниеден слободен медиум во Македонија! Ха ха ха, судството, полицијата и целата држава се во рацете на Фамилијата! Ха ха ха, ќе ми протестираат некои изроди на антички плоштад! Итн. Итн. Ха ха ха - они мене диктатура! Ха ха ха, како се смешни, опозициски пички!

Загина коњ од предозираност

Загина коњ од предозираност со седативи, гласајте за бранко.

Веќе жал ми паѓа за Ѕвездан,

Веќе жал ми паѓа за Ѕвездан, се` потешко и потешко ги пишува колумните, што се гледа. Го нема оној занос и елан од порано.

Време е за пензија?

А луцидност никогаш немало,

А луцидност никогаш немало, само блед обид за хумор.

Слични содржини

Став
Езера [к:6]
Став
Став
Опера [к:11]
Став
Став
НАТО [к:12]
Став
Став
Став

ОкоБоли главаВицФото