1009 hPa
31 %

31 °C
Скопје - Вто, 08.07.2025 09:59
Европската унија е нарачател на ова видео во кое три згодни млади жени со кратки здолништа и високи потпетици му приоѓаат на научник кој седи зад микроскоп и ги одмерува од глава до петици.
Имено, ЕУ со ова видео сакаше да привлече што е можно поголем број жени во оваа област, па видеото требаше „да зборува со нивниот јазик, да го привлече женското внимание и да биде забавно и лесно за паметење“.
Но, за жал, тоа не го оствари очекуваниот успех бидејќи жените низ светот го осудија и го окарактеризираа како дискриминирачко. На слична оценка наиде и меѓу мажите, па поради негативните реакции видеото беше повлечено.