Раноутрински размислувања

04.07.2012 10:59
Раноутрински размислувања

Смената на власт е неопходна.

Прво и основно, затоа што демократијата подразбира постојано менување на властодршците со цел да не се дозволи нивно устоличување, кое вообичаено води кон намалување на одговорното владеење.

Второ, затоа што оваа власт направи многу погрешни потези и создаде систем кој ни од далеку не ги исполнува условите на демократското владеење.

Трето, затоа што во изминатите години граѓаните сè помалку ги остваруваа сопствените потреби и интереси и имаа сè помало влијание на она што се случува во државата.

Меѓутоа, не би требало да се залажуваме дека смената на власта ќе донесе битни промени.

Прво, тие кои што ќе дојдат на власт ќе се соочат со неверојатно сложена ситуација во економијата која може да се разреши само на долги патеки, а граѓаните веќе немаат трпение за тоа и очекуваат резултати овде и сега.

Второ, заради тоа што не се поставени основите на демократското владеење (владеење на правото, партиципација и поделба на власта), а не сум сигурна дека тие кои очигледно ќе се појават како нови властодршци успеаа во годините кога беа опозиција да ги изградат сопствените капацитети за да можат веднаш да пристапат кон вакви промени.

Трето, не се појави некој трет контролен фактор кој ќе го претставува последното тегче на вагата и со својата релативна независност и експертиза ќе оневозможи повторување на грешките.

Четврто, никој не размислува за отфрлање на етницитетот како основа на политичкото дејствување и градење на модел на граѓанството во кој етничката припадност ќе стане прашање на приватната, а не на јавната сфера.

Извор: kvadraturanakrugot.crnaovca.mk

Слика: Банкси

Ако едните „заслужуваат да

Ако едните „заслужуваат да бидат сменети“ (со што не се согласувам, но прашајте ме пак по три години), а другите „не заслужуваат да дојдат пак на власт“ (јас би додал – по толку кратко време), треба само да чекаме трети кои ќе бидат она што не се првите и вторите. Без гајле, текот на времето (не сакам да кажам историјата, зашто неа, нели, ја пишуваат победниците) си го прави своето, ќе се појават и ќе испливаат на површина. Ништо не може да го сопре времето и енергијата на народот. „Живи били па видели“, што би рекле соседите.

Миркеееее, како само се

Миркеееее, како само се осмелуваш да речеш дека не сме кадарни за да дојдеме пак на власт?
Затоа ли те плаќаме, за вакви работи да ни пишуваш?

ОкоБоли главаВицФото