1026 hPa
43 %

9 °C
Скопје - Пон, 10.02.2025 17:26
Во Македонија се создава посебна субкултура на лажење.
Лажењето не е само нормално, туку е и посакувано, се цени, се наградува, поттикнува, се негува и се развива.
Лажат политичарите. Лажат функционерите. Лажат судиите и јавните обвинители. Лаже администрацијата. Лажат професорите и наставниците.
Се лаже на пазар, во продавница, на улица, во училиште.
Лажен идентитет, лажен мермер, лажен барок, лажни величини.
Се лаже за големи и за мали работи. Се лаже со потреба, од интерес, од срам, од страв, заради љубов или омраза, се лаже и онака без везе, без причина, едноставно затоа што така прават сите.
Од мали ги учиме децата да лажат.
Кај нас изреката „мислам значи постојам“ се изговара „Лажам значи постојам“.
Слика: Скулптура на Jim Dine