Годината поминува, денов тешко

24.01.2012 13:00
Годината поминува, денов тешко

Од каде најмногу произлегува впечатокот дека режимот на Никола Груевски е тоталитарен? Ми се чини, од неможноста да се влијае на неговите одлуки, на каков било начин. Значи, точно е дека режимот масовно не убива, масовно не затвора и дека не се затнати баш сите отвори за слободен говор. Во таа смисла, режимот на Груевски не е тоталитарен. Но, фактот дека не постои сила, внатрешна или надворешна, која може да влијае водачот макар да ги преиспита своите одлуки – недвосмислено прецизно зборува не само за тоталитарната природа на режимот, туку и за фанатизмот низ кој таа природа се спроведува, т.е. станува наше „општество“.

Да го земеме примерот на најголемата страст на пастирот, градителството. Не постои ниту еден единствен објект, скулптура, споменик, градежна маркица (макар таа опфаќала најнеможни простори, макар сообраќојот морал да оди под земја итн.) – од кои водачот се откажал под притисок на аргументите или јавноста. Речиси целата архитектонска фела се противи на проектот „Скопје 2014“. Џабе. Не само фелата, големо мнозинство од граѓаните се противеа на изградбата на Триумфалната капија. Џабе. Албанците не сакаа црква на Кале. Нивен проблем, оти Паско Кузман црквата ќе ја изгради, како што и Старата чаршија ќе добие монструозен споменик во своето предворје, веднаш до православната црква. Се разбира, ниту на чаршијата ниту на црквата им треба таков лудачки споменик кој го нагрдува целиот контекст, но џабе е, споменикот е во фаза на изградба. Дури и црквата која пастирот сакаше да ја гради на плоштад и која го означи симболичкиот почеток на неговото градежно дивеење, ќе се гради стотина метри подолу, среде парк, на еден од најскапоцените зелени појаси во централното градско подрачје. И спроти хотелот „Бристол“ исто така ќе биде збришана една од последните зелени оази, зашто пастирот баш таму сака да ги вдоми намножените чиновници на државата. Граѓаните, се разбира, се бунат, но млитаво, со пола уста, оти и тие знаат, како и најмалото дете во земјава, дека пастировата е последна и дека која било форма на отпор само го раздразнува водачот и ги цементира неговите божји промисли (оти низ пастирот зборува повисока волја низ која се обликуваат нашето минато и иднина; пастирот, просто, себе си се отстапил на нацијата, за трајно користење). Се разбира и дека уништувањето на сегашната зграда на владата ќе биде беспоговорно извршено. Ако сака архитектот Муличковски самиот да си ја масакрира зградата, добредојден е. Ако не сака, негов проблем, зградата пак ќе биде девастирана, на сличен начин како и мостот „Гоце Делчев“.

Да не се лажеме, ако човек земе други очила, навистина е фасцинантна волјата на Малиот-Големиот, Златниот-Црниот, неприкосновениот наш водач. Таа волја не рецка ни Грција, ни ЕУ, ни Америка, таа волја си е самодоволна, не ѝ требаат релации, совети, разговор. Сама по себе е. Сама во себе. Затоа е толку моќна и толку слепа.

Последица на таа волја е, меѓу другото, што општеството е мртво. Нема разговор, зашто разговорот не може ама ни за глувчешко куре да ги поремети зададените (од пастирот, низ кој струи, рековме, повисока волја) параметри. Има само омраза. Ништо друго, всушност, нема во општеството, освен омраза. Заправо, да, постои и љубовта, дозволена е, но само ако е насочена кон одобрување на волјата на водачот. Или ако е спремна да се вплоти во големата вжарена кугла на љубовта на пастирот.

И што може да се прави во едно толку пореметено општество со толку пореметен режим? Одговорот сите го насетувате и речиси сите го применувате: ништо. Можеш евентуално да побегнеш во некој друг свет, што подалеку од лудачкиот и исхалуциниран свет на режимот. Да побегнеш во некои други халуцинации. Дури веќе не е потребно ни да се зборува. Како во оној стар советски виц, кога фатиле некој човек на улица како дели празни листови хартија како летоци. На прашањето зошто ништо не пишува на нив, тој одговорил: а што да пишува кога и онака сè е јасно?

Таква, нема и подземна, ќе биде и претстојната политичка динамика. На јавната сцена никакво друго мислење не е потребно, освен во декоративни цели. Опозицијата е сосема излишна и таа тоа го знае. Ќе го чека моментот кога нејзе ќе ѝ изгледа најкорисно да ги напушти собранието и сите други места кајшто се спроведува теророт на едноумието. Шекеринска еднаш рече дека ваков режим не паѓа на избори. Ми се чини дека дури и на најнаивните оваа констатација од ден на ден им станува сè појасна.

Жарко Лаушевиќ во својата трогателна книга „Годината поминува, денот никогаш“ вели дека, и покрај сè, вистината чека, трпелива е и еднаш таа мора, каде било, да избие. „Вистината е само една, иако од неа се бега низ разни друмови.“

И уште еден совет од Лаушевиќ, за крај: Не жали му се на злонаумниот – ќе му направиш добро!

Слики: Свирачиња

Текст на истата тема: За

Текст на истата тема:

За политичката волја
http://okno.mk/node/13116

Да го надополнам авторот на

Да го надополнам авторот на текстот, за непопустливоста на фирерот: опозицијата бараше 4 скромни услови за предвремените избори во 2011. Не доби ниту еден. Го доби Велија во затвор. И Бошковски, чисто да видат другите опозициони водачи како ќе завршат ако го оспорат изборниот фалсификат.

Бранко Црвенковски само може

Бранко Црвенковски само може да сонува да има таква политичка волја како Никола Груевски. Тоа е една од главните причини зашто СДСМ е во таков дебел мрак, и покрај катастрофалното владеење на ДПМНЕ. Груевски бар знае што сака: чизма и зло. Црвенковски е политички млитавец без принципи, страсти, знаења, работен елан. Има харизма, но таа харизма ја одржува со сплеткарење, а не со јасно изразена политичка волја. Целиот СДСМ, заправо, е партија на млитавци и млакоњи.

Никола Груевски политички е

Никола Груевски политички е роден во насилство (тепачките меѓу вмровците во хотел „Континентал“, после што новиот фирер долго време одеше со нож забоден во грб). Фирерот, значи, исто како што дојде на власт, така и ќе замине: со насилство. Башка, изборите во 2008 и 2011 беа апсолутен фалсификат во секоја смисла. Во 2006 беа регуларни, но кое било магаре наспроти корумпираниот Бучковски ќе победеше на тие избори. Со таа разлика, што „магарето“ (т.е. фраерот со ножот во грб) за тие избори доби издашна помош од многу странски центри на моќ, кои не и мислат добро на Македонија).

Уништувањето на луѓето од

Уништувањето на луѓето од типот Рамковски, Цановски или Милчин, освен политички причини, има и една многу проста причина: пљачка, грабеж. Знаејќи го капацитетот на акалот на бандата, не е нерезонски да се смета дека клучната причина за целокупната активност на бандата (фамилијата) е - простата пљачка. А1 ТВ веројатно земала десетина милиони евра годишно од огласување. Сега тие пари ќе бидат пренасочени кон Фамилијата (башка политичкиот ќар). Цановски исто така има бизниси (универзитет), конкурентни на бизнисите на Фамилијата. Затоа просто ќе му ги грабнат, без многу фемкање и мислење (башка политичкиот ќар). Милчин исто така контролира околу 4-5 милиони евра во невладиниот сектор. Замислете колку ќе се радуваат инстант здруженијата на Фамилијата, кога Грујо ќе им подели нови 4-5 милиони евра за проекти што ја воспеваат улогата на неговиот режим?
Марфи збореше: само следи ја трагата на парите. Тоа е груевизмот - пљачка и насилство.

Има и трето: Груевски особено

Има и трето: Груевски особено снажно мава по довчерашните сојузници. Велија беше гз и гаќи со Груевски од 2006 до 2008 и во тој период примил неколку милиони евра од владата. На Цановски веројатно исто така добро му врвеле бизнисите во периодот кога беше сојузник со пастирот. Љубе Бошкоски исто е стар вмровец, толериран и помоган дур беше послушен. Мала непослушност пројавија и Ване Цветанов и Тренковски - и брзо се соочија со дисциплинските мерки на фамилијата... Најпосле, и детето што го убија беше чисто вмровче, принесено на олтарот на фамилијата како да живееме во царството на Инките... Интересна беше и реакцијата на фамилијата по убиството: „што се мешате во наши работи, детето е наше“. Какво лудило! Фамилијата си живее во свој свет, со свој кодекс, морал, закони... Се обидува тие да станат општонационални... Тешко им иде. Но, дотогаш, не дај боже да си нивни и да згрешиш!

„Најсилното упориште на

„Најсилното упориште на навидум нескршливата политичка волја на пастирот е прашањето со името. Се чини дека целиот легитимитет на Груевски извира од неговата бескомпромисност во однос на името. Затоа ќе биде интересно да се гледаат обидите, внатре во рамките на фамилијата, таа волја да се омекне и промени. Зашто, во меѓувреме, се чини, и најголемите идиоти (а таквите, во рамките на фамилијата, богами ги има во снопови) сфатија дека Македонија ќе мора да го промени името, вака или онака, сега или подоцна.“

„Ние, работниците, сме тие

„Ние, работниците, сме тие кои ги изградиле овие палати во Шпанија и Америка и насекаде. Ние, работниците, можеме да изградиме нови, кои ќе го заземат нивното место. И подобро! Ни најмалку не се плашиме од урнатините! Ние ќе ја наследиме земјата, во тоа нема никаков сомнеж. Буржоазијата може да го разнесе и уништи својот свет пред да ја напушти сцената на историјата. Ние овде, во нашите срца, го носиме новиот свет.“
Буенавентура Дурути (1896-1936)

"Godina prodje,dan

"Godina prodje,dan nikako"-Zarko Lausevic
vas be sorosoidite ni naslov ne ve biduva da sostavite:)) pa od drugi i naslovi kradete:)
tuku batali majtap,kazete kako da se dobereme do nekoj cent od tie 3 i kusur milioni dolari za raznebituvanje ups. soroizacija na Makedonija?

Отвори сајт, идиоте.

Отвори сајт, идиоте. soros.org.mk
После тоа отвори го и сајтот на владата на РМ. Тек они можат да те почастат! Оваа година ќе спичкаат само ситни три милијарди евра.

lele coece mnogu si bajat i

lele coece mnogu si bajat i istrosen i celo vreme se povtoruvas eve i sam stavas linkovi od tekstovi na istata tema .... so e problemot soros ne te finansira vise pa celo vreme istite gluposti gi trubis copy paste ...

Честитки Колја за

Честитки Колја за аларамнтноста и будноста на кои ни укажуваш, низ годиниве.
П.С. Претпоставувам дека ја знаете онаа за жабата и шкорпијата (а е клучна, како иманентна приказна за “животот под чистокрвните антички деспоти-патриоти...“)
Имено, ја замолува шкорпијата жабата да (ј)е пренесе преку реката. Жабата одбива: „нема, ќе ме избодеш!“ „Ма ајде ти се молам“, вели шкорпијата, „не сум блесава, двете би потонале!“ Жабата заклучува дека тоа има логика и се' сложи со шкорпијата. Шкорпијата и се качува на рамената, и двете запловуваат кон другата обала. И таман кога се требало да се завши во најдобар ред, кога другата обала јасно се наsирала, шкорпијата ја прободува жабата, и двете тргнуваат да тонат; жабата, умирајќи, ја прашува шкорпијата, зошто го стори тоа кога веќе незнае да плива, па сега и таа ќе се удави. Што да правам, таква ми е природата, тоа е појако од мене, резигнирано и објаснила шкорпијата тонејќи...
П.П.С. Е токму тука, во тој цивилизациски “контекст“ се наоѓаме...

Пак спинуваш, Коља.

Пак спинуваш, Коља.

Штета што Фројд не живее во

Штета што Фројд не живее во ова време.Кој знае што се ќе откриеше????

nemam komentar...

nemam komentar...

Слични содржини

Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото