Стаписани пред Триумфалната порта

09.01.2012 11:25
Стаписани пред Триумфалната порта

Ме фати вирусот од кој страда половина град, така што празнициве главно ги поминав дома, кашлајќи, со книги и крај телевизор. Таа физичка немоќ веројатно беше клучната причина што во петокот вечерта на МТВ го изгледав „отворањето на Триумфалната порта“. Психичката немоќ, пак, веројатно како последица на физичката слабост, беше причината што улетав во чист и незауздан (со далечинското) мазохизам, слушајќи го говорот на Никола Груевски, авторот на, според него самиот, епохалниот проект „Скопје 2014“. Дискретното признание дека е автор на најшарлатанскиот проект во историјата на Македонија (според мене), беше единствената позитивна точка во инаку пословично досадниот (ама екстремно демагошкиот) говор. За да укажам на длабочината на демагогијата на водачот, но и за уште еднаш да потсетам зашто сметам дека „Скопје 2014“ е најшарлатанскиот проект во историјата на Македонија, седнав да го пишувам текстов.

Најпрвин, за клучната замена на тези: Груевски вели дека неговиот проект е чист, идеалистички, патриотски, уметнички. Критичарите на проектот Груевски ги дефинира како ловци во матно, нечии политички слуги и политиканти кои немаат разбирање за неговите „неполитички“ творечки стремежи. Од едната страна, значи, „уметникот“ Груевски ги обвини за политизација сите оние кои се критични кон него како „уметник“ и градител; од друга страна, самиот себеси премиерот се стави на страната на неполитиката (на страната на вечноста и уметноста; „после сто години, кога сите ние физички ќе исчезнеме, само моето дело ќе опстане“, вака приближно беседеше пастирот во петокот пред својата клиентелистичка тајфа). Велам, замената на тези е перфидна до гротеска! Оној кој ги злоупотребува уметноста и архитектурата за политички цели – обвинува за политизација! Оној кој својот ултимативен рејтинг го пумпа со најкичерајските можни форми на „народна класична уметност“ (а притоа не се воздржува и од помалку меките форми на одбрана на тронот), ги обвинува злите негатори за отсуство на уметничка и историска свест!

Паѓа во очи со каков презир водачот на Македонците зборува за политиката, изворот од каде што произлегува целиот негов легитимитет. Нели е тоа, во најмала рака, сомнително?! Зарем тој презир кон она од што произлегуваш не индицира одредена патологија?! Зарем ние Груевски не го избравме да ја води владата како политичар, а не како уметник, демијург, пророк и месија?!

Слична е и втората демагошка замена на тези на која сакам да укажам: Груевски сугерира дека се грижи за уметноста, за трајните вредности, за она што ги надминува сегашните заслепености. Но, грижата за трајните вредности реално не постои во политиката на водачот. Надвор од тесниот партиски клиентелистички клуб спремен за грст пезоси да ја изрецитира која било песна, каде се уметниците на кои власта им помогнала?! Секојдневно сум во контакт со десетици македонски уметници, главно помлади. Никој не видел никаков аир од стремежот на пастирот кон уметноста и вечноста. Сето она во уметноста што е посебно, квалитетно, бунтовно, свое – денес во Македонија интензивно и безнадежно пропаѓа. Стварно да се грижеше премиерот за нештата што вака или онака ќе ги надживеат нашите сегашни пизми, тие триста милиони евра ќе ги им ги дадеше на автономни творци и институции со интегритет. Не на слуги, не за партиски нарачки, не за ситнополитички и маркетиншки потфати што служат уште подлабоко да ги турнат луѓето во халуцинациите на лагата и измамата.

Кога велам дека проектот на Груевски и неговите извршители е шарлатански и исклучително деструктивен не го велам тоа за да се размавтувам со навреди и да го канализирам сопствениот гнев, туку за да ја прецизирам улогата на „Скопје 2014“ во културната и политичката стварност на градот и државата. Не велам дека водачот на ВМРО ДПМНЕ првенствено е лош човек со лоши намери, но велам дека е шарлатан, бахат непознавач кој создава катастрофални последици поради политичката заслепеност и недостигот од капацитети да ги слушне и да ги прифати позициите на другите. Впрочем, и Хусеин и Гадафи и Ким Џонг Ил и Нијазов (http://okno.mk/node/4322) на истиот начин како и Груевски создаваа „безвременски дела, чисти, добри и идеалистични“ и со ламтеж убедуваа дека работат за вечноста. Нивните народи денес се голи, боси и без иднина, а лудите споменици сведочат за помрачената свест на водачите и на одобрувачите околу нив.

Впрочем, да повторам, Груевски и неговата партија не беа избрани од граѓаните за да ја вградат Македонија во вечноста (да ветуваше пастирот вечност ќе требаше да го однесат во Бардовци со „жолтото комбе“); водачот на ВМРО ДПМНЕ доби неколку изборни циклуси ветувајќи економски раст, влез во ЕУ и НАТО, намалување на сиромаштијата...; а не вечност во мермер и бронза. Треба да потсетиме и на тоа дека проектот „Скопје 2014“ го нема во „Преродбата во сто чекори“, дека беше таен, воден во сосема недемократски дух, надвор од сите процедури, силувајќи ги законите, ингеренциите, урбанистичките планови... Еден ден, а тој ден ќе дојде релативно брзо, ќе се види дека „Скопје 2014“ е голема пљачка на народните пари. Ќе се види дека салтата на Груевски ја доведоа земјата во салдо мортале. Дека славењето на независноста на Македонија е само камуфлажа за незаситноста на една сосема забегана олигархија.

Кога сме кај парите, мора да се каже: дури и Груевски да ги даде средствата за својот проект од сопствен џеб (калкулациите велат дека „Скопје 2014“ во моментов чини над 300 милиони евра), проектот пак ќе беше спорен. Дури и да постапеше како Костовски или Гуштеров и да градеше цркви и споменици од сопствени пари, Груевски ќе мораше да се придржува до пишаните и непишаните закони на заедницата. Ама не! Пастирот брцна најдлабоко што се може во народниот џеб за од таму да го извади сопственото величие! Јас ви изградив! Јас во вечноста! Јас и Македонија! Итн. А, всушност, станува збор за безобразлук од токму историски размери! Во град во кој е доведена во прашање елементарната (сообраќајна, канализациска, енергетска итн.) инфраструктура, да потрошиш триста милиони евра од буџетот за екстремно непродуктивни проекти, е бесрамност и дрскост со епохални димензии! (На пример, за умножената армија чиновници се градат барокни згради од 2000 евра по квадрат во изградба.) Огромен дел од јавните затворени простори во државава зиме се незагреани. Огромен број на јавни установи во земјава немаат пари за елементарно опстојување, за хигиена и огрев. И одеднаш, наместо да обезбедиш услови нормално да функционираат културните домови, библиотеките, школите, болниците, музеите итн., ти трошиш баснословни пари за умножување на нови буџетски трошаџии и за споменици! (А притоа сите постари споменици во земјата се девастирани на најпонижувачки можен начин, додека новите груевистички споменици „се бранат“ со цели чети чувари ангажирани од приватни агенции.)

Најпосле, Груевски им се заблагодари на критичарите на неговиот проект и нагласи дека тоа не е цинизам. Но, како поинаку освен како цинизам да се разбере неговото заблагодарување?! Ниеден единствен аргумент на критичарите не беше прифатен во изминативе три години, откако груевистите само делумно го обнародија проектот на кој тајно работат шест години. Но, не само што Груевски и неговиот режим не ги прифаќаа аргументите, туку критичарите беа тепани, заплашувани, омаловажувани и судски казнети (еден сум од тие). Меѓу другото и тоа ја доведе Македонија до степенот од многу релевантни адреси да биде прогласувана за фалична демократија. И во таква ситуација пастирот „нецинично“ им благодари на оспорувачите?! За што им благодари?! За тоа што го направија поцврст и побезмилосен, како што самиот рече? Тоа е, всушност, онаа многу добро позната садистичка црта на водачот, за која и самиот зборувал (кај Јадибурек, на пример), дека посебно не ги поднесува оние што го молат за нешто; тоа кај пастирот создава контра ефект – е дури сега нема да го добиете она за што коленичите! И за тоа ни е благодарен, за сопствениот садизам?! За неодговорната политика која е заложник на тешките лични фрустрации од кои страда цела Република Македонија?!

Плиток како локва и тврд како бетонот под трибината на стадионот Филип Втори – тоа е сликата на македонскиот водач, денес. Изгубен, без да знае кој е, на каде тргнал, колкава му е чергата, каде се исток и запад... Од друга страна, бескрајно тврд во сопствената плиткост, секогаш кога е притеснет се вади на Македонија, на добрите намери, на вечноста... Македонскиот водач денес стана мајстор на емотивните манипулации, популистички крал од учебниците за политички адвертајзинг. Наместо со одговорност и разум владее со спинови и емоции; полулажни, се разбира, испрограмирани, но емоции кои сè уште добро врват. Пастирот секој ден од екраните ти вели: те малтретирам, те пљачкам, океј, го признавам тоа, но сето тоа го правам оти – те сакам! И поминува. Како што поминува пијаниот татко-тепач кој го тормози целото семејство. По ѓаволите, тој сепак ги сака.

Велам, не се чудам. Вакви како пастирот историјата видела на купови. Данте ги распоредува низ орбитите на пеколот – и пак не ги збира. Ништо ново под капата небеска. Само малку ми е чудно што во 21 век во една сепак, и покрај сè, европска земја, поминуваат лаги и манипулации кои во Европа би биле анахрони дури и во 19 век. Тој факт треба да нè замисли, сите, дури и ако утре, без големи драми, се отарасиме од режимот што ја уназади Македонија барем за неколку децении.

Колажи: Свирачиња

samo beznacajni i prazni

samo beznacajni i prazni kritiki....vladata postojano raboti i go podobruva kvalitetot na zivot vo drzavava. Fakt e deka postojano nesto se pravi, gradi, rekonstruira... Isto taka Fakt e deka nametnaa tempo 24/7 i deka istoto ke im sluzi kako primer na mladite. Ti samo kritikuvas , bez nimalku znaenje i sposobnost.

Једи ГОВНА идијоту! Једи

Једи ГОВНА идијоту! Једи ГОВНА и иди провери у чив шупак е влезен ПАСТИРОТ у твоја фамилија! Барај операција ИТНО!

идиот

neeeeeee,g-din Skajp vi se

neeeeeee,g-din Skajp vi se molam bez takvi nedolicnosti, koi dolikuvaat samo na momentalnite likovi, a vie se deklarirate deka ne gi zastapuvate... neli? :)
Pa neli vie mlad gospodine ste na drugata strana od nedolicnostite, ve molam zadrzete go svojot "rejting" :):)...i ne ja napustajte taka lesno steknatata intelegencija (citaj: ne se palete i pagajte na provokacii, koga veke se deklarirate deka moze da gi pobedime so intelegencija )

Martineeeeee, vi se molam sleden pat stavajte navodnici, za da moze da te podrazbere i intelegencijata koja go bara stadoto :):)

Павијани трчаат по мечка. Ја

Павијани трчаат по мечка. Ја натегнале у ќош и ја тегнат и гребат, ќе ја јадат жива. Мечката е уплашена пошто ови и вадат заби. Полу-живото мевце не го испушта од уста, но и нема каде да оди, горе високо, околу круг мајмуни.

Кралот слуша нешто му го ремети сонот. Се буди така млитав и од незнаење пустион се проѕева со рикање! Симба РОАХАРХРРАА! хехехе.

Скака од карпа у сред мајмунска расправа и мајмуни кидаат!

Дај бе да видам што имаш у уста!, му велит тој на мечко.

А мечко, пуститот го мава глушецот со шепа и глушец тука мртов, и одговара:

Немам ништо у уста!

Мајмуните и у иднина ќе ја малтретираат мечката, а курвите ќе ликуваат.

офцо

Мајмуните се претвараат во

Мајмуните се претвараат во хиени Симба е другото име за хиена
Пастирот го дрка на хиените Пастирот се претвора во хиена Мечката ја дига планината и им ја фрла на сите врз глава Пастирот ја голта Ова е документарна крилова фикција Мечка против Хиена Мечката доручкува

ovco

ovco

нема поголема вистина и

нема поголема вистина и попрегледен текст за оваа несреќа која го снајде нашиот град.

ahahahahahaha...a be jas samo

ahahahahahaha...a be jas samo se salev..cccc..odma se rastrevozi..:):):)...me zacuduva tvojata reakcija iskreno...toa bese samo edna mala sega..ahahahahahaaaaa. Imaj ubav den:)

пастирот ве обликувал во

пастирот ве обликувал во негова форми, антипод/поднего. имаш негов облик. ако нешто те смее, не се воздржувај.

Iskreno bas mi e gajle za

Iskreno bas mi e gajle za site vmro-vci na celo so pastirot. Jas imam popametni raboti. Ama sekogas koga ke najdam malku slobodno vreme, ke napisam po nekoj komentar tuka, da vidam dali se smenilo nesto vo stavovite na sajtov. Po ova sto denes go procitav (komentarot na mojot komentar), po kojznae koj pat sfativ deka nema razlika pomegju Milenko, Mirka , Latas i ''pocituvaniot'' avtor na tekstot pogore i lugjeto koi se negovi tvrdokorni poddrzuvaci. Toa mi e uste eden dokaz deka site se isti. Tolku od moeto malo istrazuvanje barem za denes.

Попаметна работа од чекање да

Попаметна работа од чекање да дојде твојот ред, суштински нема, држењето статус кво е граница на опстанок и не се расправај, што ќе ти е тоа; како што гледам твои аргументи се и Миленко и Латас и Мирка и "Гелевски". Битни се и релевантни, штом ги читаш и гледаш; барем уште овој пат, барем да видиш што ќе речат или напишат?

Овие се луди. Толку многу се

Овие се луди. Толку многу се луди што не се опишува со зборови. Баш фино со текстов до некаде се доловува колкава е нивната лудост и би било фино некој кој е убеден дека колку повеќе грди и претерано големи споменици имаме не прави горди македонци во сета ова беда која ја имаме да свати нешто од ова.

дај боже да ја снема државава

дај боже да ја снема државава да не постои молим те боже да се распадне нека дојдат турци, шпанци, бугари кој сака нека не окупира не иде вака више АМАН

абе М од македонија или Ф од ФИРОМ да нема више нигде ти ебам кај сум се родил која среќа мамето провинцијалско, шупачко, паланечко, просто, уплашено, идиотско, мизерно, суетно, искомплексирано

абе бар порано ТИТО ќе те стаел у затвор ама ТИТО е, или па не знам ЦИА, КГБ, а сега бе дојдовме ГРУЈО да диктира БЕ АЛОООО еден УЛИЧАР, еден ЧМАР искомплексиран со набилдани уличари провинцијалски градов го контролираат бе...ЈАООО

Јебем ти државу у коју паметни зашуте, будале проговоре, а фукара се обогати...абе Андрич да види шо се дешава у ФИРОМОВ 15 романа ќе напише

Ова што моментално се случува

Ова што моментално се случува ги надминува очекувањата и надежите и на најголемите провладини оптимисти и подржувачи. Никому не е сеедно а најмалку на политичката база на десно орјентираната владеачка гарнитура.
Денеска во Македонија имате еден владетел со фамилијарен бекграунд и една сурија на млади јапиеви гавази кои сеуште шути во главата прифаќаат функции кои не им прилегаат и одговараат според животниот и интелектуалниот бекграунд.
Но заради лични и материјални амбиции се согласуваат да бидат послушни политичари кои ќе ги извршуваат наредбите на своите наредбодавачи, слепо без притоа да мислат на својата блиска иднина.
Гелевски иако многупати екстремен во своите субверзивни пишувања не може да се обвини или пак еквилизира со провладините пискарала зошто од него веќе почнува емоционално да крика несогласувањето и болката предизвикана од глувоста на другата страна.
Крај на сето ова ќе има еден ден, како што впрочем секојпат бива, но каков ќе биде крајот тоа не може веројатно никој однапред да го предвиди.

Дали знаевте дека и

Дали знаевте дека и претседателот на Казахстан претходниот месец ја прославил својата 20-годишнина од независноста со отворање триумфална порта?

za grujo nas,hitler e malo

za grujo nas,hitler e malo dete.naebavme nie evreite

omrazata e bolest isto ko

omrazata e bolest isto ko zavisnosta ama da se molish i barash unishtuvanje na svoeto toa e veke nenormalna rabota,a ovaj ,,ante portas,, begaj nekade granicite se otvoreni ili pak odi vo nekoe prazno selo i napraj si zhivot ti kako sakash a prazni sela imat kolku sakash samo treba da imash-,,umeshnost,, po tvoe kazhano.

Слични содржини

Никола Гелевски
Никола Гелевски
Жарко Трајаноски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото