Барок и класицизам - токму навреме

30.03.2012 09:47
Барок и класицизам - токму навреме

Значи, зборот ми е дека пред да почнеме со критиките за стилот што власта го одбра за градителската експанзија во Скопје, но и во цела Македонија, би било паметно да видиме низ каков развоен стадиум, всушност, минува нашето општество денес. Па така, ќе се увериме дека стилот си е одбран токму соодветно на нашиот актуелен момент. Да не се разбереме погрешно, јас во ниту еден момент не ја занемарувам важноста на приказната за идентитетската заднина (на нашиот народ) во целиов проект. И неспорно, идеологизацијата на архитектурата низ вековите е реалност. Јас само сакам да обрнам внимание на уште еден контекст, со кој го поврзувам изборот на решенијата за редизајнот на физичката околина во нашата земја што ја вршат носителите на моќта.

Модерни спахии

Како што разбравме од познавачите на историјата на архитектурата и уметноста, во нашиов град забрзано и со голема сила се удира неизбришлив печат изработен од тежок бетон, дизајниран со комбинирање на барок и неокласицизам. Сме учеле и ние по нешто, па знаеме дека овие стилови биле карактеристични за периодот меѓу 17-от и доцниот 18-ти век во Европа. Македонија, во тоа време типична периферна провинција на османлиското царство во стагнација, сè уште (а и долго потоа) кубурела, во секоја смисла, под јаремот на феудалната економија. За таквата економија било карактеристично тоа што основна стопанска клетка претставувала земјата. Сопственици на земја станувале заслужните борци/војници на султанот, неговите верни поданици, неговите спахии. Аналогијата со денешна Македонија е неспорна. И денес, кај нас до посед/пари/капитал се доаѓа единствено преку верно подаништво пред власта, односно преку заслуги стекнати преку реализација на помалку или повеќе незгодни задачи добиени од власта.

Моќници

Како и во феудализмот, локалните моќници се многу важни во хиерархијата, па од нив се очекува извршување на прилично скокотливи наредби, но затоа, како награда, следат одлични компензации. Да не заборавиме, еден од основните извори на буџет на државата во феудализмот е претешкиот арач/данок, безмилосно собиран од изгладнетото население во феудална Македонија. Порано, а и денес, 95 отсто од населението е раја – сиромаштија без работа, бедни надничари, исплашени и за таа јадна корка леб, без која може да се остане многу, многу лесно. Во петте проценти повластена феудална елита, покрај поданиците на власта и дворјаните, влегува и клерот/свештенството, чијашто улога во државните работи е мошне важна поради блискоста со народот. Најсилни (пара)институционални поврзувања (здружувања) карактеристични за феудализмот се оние на богатиот слој (аристократијата), селаните (земјоделците) и свештенството.

Прилично соодветно на денешната реалност.

Комуникацијата меѓу феудалните владетели и народот е еднострана. Таа се одвива преку соопштенија до народот. На народот, едноставно, му се соопштува тоа што треба да го чуе, тоа што треба да го знае и како треба да мисли. Гладниот народ, среќен што феудалниот господар мисли на него и секојдневно му праќа оптимистички абери, неосетно влегува во играта на градење фетиши, идоли, господари.

Нарцисоидноста на власта

Е, во такви феудални општествено-економски услови, во кои власта ужива во својата нарцисоидна самобендисаност, феудалните елити одлучуваат да создаваат градителски монументи, како рефлексија на нивниот провинциски копнеж (комплекс) по модерна Европа. А во таа – предкапиталистичка – Европа, барокот и неокласицизмот биле стилови на денот. Тие ја потенцирале моќта на државата, сукцесијата и поврзаноста со антиката, и настојчивоста да се биде дел од универзалните наследства на некоја туѓа славна историја.

Така одлучија и нашите. Соодветно на нашево време, по многу нешта слично на она од 17-от и 18-от век. И, не ме плаши што градот ја изгуби својата природна, низ векови создавана физиономија. Не ме плаши коментарот на еден странец, кој рече: „Македонија е многу мала држава со еден голем коњ на единствениот плоштад во главниот град“. Не ме плаши ни тоа што мајтапот со нашата урбанистичка пародија не престанува. Ме плаши нешто друго.

Ме плаши фактот дека власта, цврсто стоејќи на тоа, отворено ни соопштува дека ние, всушност, живееме во 17-18 век. Имплицитно, таа ни кажува што допрва нè чека додека да се добереме до 21-от век. А тоа се уште многу години беда, диктатура, војни, револуции, национални преродби и превирања. Ме плаши што и народов мисли исто. Ушушкан во стил на живот карактеристичен за доцниот феудализам (трај, молчи, касни си малку и не се буни!), тој се радува на барокната и неокласична импресивност која му го подрасчешува неразвиеното его. Ене ги секој ден распослани околу коњот, гордо испрчени пред триумфалната порта и зателебено загледани во столбовите на страшниот, тежок, морбиден и непријателски Уставен суд. Облечени се во кинески чевли од 300 денари, јакни од 600 денари купени во Шутка, и долен дел од турски тренерки купени на некоја од пазарските тезги. Околу нив трчаат дечиња, на кои тие не знаат да им ја раскажат приказната за коњот и коњаникот. Ама таа приказна и онака не е битна. Битно е дека од феудалниот дворец ни рекоа дека коњот и коњаникот – тоа сме ние, нашиот генетски архетип, нашите милениумски победи.

Навечер, пак, феудалната елита се појавува пред аудиториумот (кој ја обожава), облечена во брендирана, многу евра вредна облека, купена од катадневните шетачки по европските градови. Од онаа Европа за која сонував јас, а не тие, а во која патуваат тие, а не јас. Јас залудно чекам нивниот феудален фундус да се разниша, па во таа Европа, во која одат на шопинг за наши пари, да прашаат зошто и како пропаднал феудализмот. Во Европа, во која барокот и класицизмот спонтано еволуираа низ вековите до модернизам, пристојност и почит кон индивидуата.

Извор: danesezaboravi.blogspot.com

Во сево ова се вклопува и

Во сево ова се вклопува и основањето на „Театарот Комедија“, кој Министерката за Култура го нарече „прифатлива критика“, а очигледно ќе премине во „официјална вечерна државна култура“. Се надевам дека ќе прочитам нечиј став во врска со ова - јас само пренесувам личен впечаток, ама некако не ми доаѓа да го теоретизирам :)

А бре доста веќе со Странецот

А бре доста веќе со Странецот рекол, Ниче рекол, Брехт рекол, Странскиот фактор рекол, дај малку кажете што вие мислите. Еднаш застанете позади своето мислење без "странска подршка". Тие ли ви ја прават државата и вашата околина? Они ли живеат во Македонија? Баш ме интересира кога ставате слика дома , си викате ли вака у себе, странецот рекол "Стави ја сликата на зид со шајче", оти може да падне и да ти ги повреди индивидуалните права на глава без џумка.
А за почит кон индивидуата во Европа после класицизмот, најдобро говорат Двете светски војни во Европа , фашизмот, концентрационите логори и едно 60 милиони збришани индивидуи. Да не зборам за трагедиите по колониите во Африка.

Лесно ти е, тебе, Меглена, ти

Лесно ти е, тебе, Меглена, ти си македониод, комуницираш директно со праматеријата, протоплазмички, ко еден организам, и не ти треба нит да мислиш нит да читаш... А што да праиме ние другите јадни Македончиња, кои неаме директен контакт со духовните суштини што надоаѓаат низ уши ко мозочна вода?! Лесно ти е тебе, Мигрена, да плуташ низ македоноидскиот космос, ама што да праиме ние вака затворени во подрумот на Грујота, два на два, смрди корне досадно е нема пари итн. - па да престанеме и да читаме, Мигрена? Да се споредуваме, да учиме? Јебига, друго сте вие, над раса, плус и пастиро мисли за вас, а ние изгубени овци, ма каки овци, свињи, здивеани вепрови...

Види сега Вепар. Штета што не

Види сега Вепар. Штета што не комуницираш директно со праматеријата. Не знаеш што пропушташ. Ама ајде кога веќе мора да читаш, се надевам дека читаш за да се оформиш себеси а не да се претвориш во репродуктор на нечии туѓи мисли. Не ме разбирај погрешно, тој начин на комуникација создава мит на супер мудрост и непогрешливост на "странецот". Или како што еден друг странец рече (може беше истиот): Македонските интелектиуалци имаат чудна навика да цитираат некого друг во своите дискусии. Како да немаат верба во својата мудрост.

Победа на изборите значи

Победа на изборите значи освојување на власта, а не посед на целата држава. Ова горчливо чувство расте како квасец откако Владата остана без никаква контрола. Или, попрецизно кажано, откако се под строга контрола сите институции на системот кои, всушност, постојат за тоа да ја ограничат злоупотребата на власта. Како што расте апсолутизмот така е повидлива ароганцијата на властодршците и новите кабадахии. Стагнацијата и загрозата на и онака кревката македонска демократија е се' помалку значајна тема пред налетот на сиромаштијата, бедата, безработицата и стравот.

Е, па почитувани, кога монструмите се во ембрионална фаза, кога се малечки и ништожни, тогаш најлесно се уништуваат. Тоа нашиот народ го вика веднаш треба да се пресече од корен. Ако нарасне чудовиштето, никој не може да го сопре. Кога поминуваме молкум за прислушување неподобни учители, како можеме да очекуваме некој да се бори против монструмот во македонскиот парламент каде што само арогантното надгласување е главниот атрибут на фаличната македонска демократија. Какво независно судство можеме да очекуваме каде што без срам и перде по судските процеси судиите се унапредуваат според партиски заслуги. Има ли потажна илустрација дека власта си ја присвоила државата како сопствен посед кога го омаловажува јавно Уставниот суд на државата и уставните судии кои се најзначајната брана за заштита на правниот поредок. Одлуките на уставните судии кои се исклучиви за тоа дали нешто е во согласност со Уставот или не, грубо партиски се оркестрирани во јавноста како арбитрирање на судиите во политичката пресметка меѓу партиите. Неуставните закони се преточуваат со трикови во нови форми за непречено злоупотребување на власта. Страв и ужас на патот до правна држава.

Медиумите наши насушни долго чмаат во финансиска, професионална и морална криза земајќи од Владата по три кафени лажици лек секој ден за да преживеат. Како тешко болни постојано ја зголемуваат дозата. Власта не сака да им каже на граѓаните колку нивни пари троши кај медиумските зависници за владини кампањи. Молчат како да се работи за пари наследени од нивните родители, или лично заработени милионски износи со тешка работа. Универзитетските и академските средини некогаш осамени оази на демократијата од поодамна се покриени со песок и се вклопени во пустинскиот амбиент во совршена мимикрија која можат да ја постигнат само камелеоните. Се пројавува само по некој Дон Кихот доживеан повеќе како оптичка измама отколку како тажна реалност.
Ерол Ризаов, Кој ја рекетира Македонија („Утрински весник“, 30.03.12.)

Средбата на политичкиот

Средбата на политичкиот опортунизам на Европската унија со византиската културна основа на Македонецот не произведува разум, работливост и просперитет, туку обезбедува надворешна легитимација, карантенски појас на теренот во кој до монструозни граници се шири елементарната ненормалност, лудоста на еден режим. Филе, се разбира, знае дека тој што е во состојба да ја демолира самата идеја за демократијата и за правната држава, како и да направи ваков масакар во центарот на еден главен град, е фашистички инхибиран лудак, но неговиот практичен ум му помага да го игнорира тој факт за сметка на фактот дека лудакот има материјална и идејна контрола над ситуацијата. Јас ги разбирам можните благородни мотиви во политиката на Европската унија, но практичниот ефект тука е само зголемување на дозата на лагата во која живее овој народ и која го води кон бездната. Ние сме за скрининг, но малку поинаков од тој што ќе биде воден. Истиот ден кога Филе беше во Скопје неговиот домаќин го реформираше правосудниот систем со нов контингент на политичко-партиски марионети и подели неколку нови шлаканици врз лицето на медиумскиот простор. Сакам да кажам дека Европската унија помага европската зграда на Македонија да се ѕида како кула од карти, како барокна фасада на селска плевна или како црковна фасада на најдолен куплерај. Македонија, драг мој господине Филе, треба да ја третирате како земја што е тешко погодена од цунамито на неразумот, а не како земја со која ќе симулирате преговори за да ја успокоите. Нам не ни треба успокојување туку ни треба продуктивно вознемирување. Сè што треба да направите е да го спуштите дипломатскиот гард и да ѝ ја соопштите на Европа вистината за тоа што се случува во ебаната Фукушима на Југозападниот Балкан.
Бранко Тричковски, Марш на евнусите во харемот на султанот („Окно“, 21,03.12.)

Абе миглен, тебе шефот од

Абе миглен, тебе шефот од кадрово, усно ти даде работна задача да пишуваш коментари овде или имаш нешто на писмено? Прашуем чисто од љубопитност, ама и да ти дадам совет, ако немаш одлука потпишана од „шефот“ нема да ти платат за прекувремена работа таму у агенција за вистинска вистина, кај шо работиш.

"А бре доста веќе со

"А бре доста веќе со Странецот рекол, Ниче рекол, Брехт рекол, Странскиот фактор рекол, дај малку кажете што вие мислите. Еднаш застанете позади своето мислење без "странска подршка"."

Чисто ради тоа да се покаже дека за ставовите и идеите изнесени тука има некој општ консензус на цивилизациско ниво и дека не се внатрешно - идеолошки паранои кои функционираат само дома.

Совршено ми е разбирлива оваа

Совршено ми е разбирлива оваа нервоза кон општите референтни системи од страна на индоктринираните. Се јавува некој вид на колективен солипцизам во кој нацијата и идеологијата на партијата се алфа и омега за универзалните вистини. Сето останато станува ирелевантно и релативно, а цивилизацијата како воопшто да не постои во својата современа форма.

Фала богу што никој нема да

Фала богу што никој нема да ви дозволи на вас, комуњари, да не` цивилизирате.

Зомби, не ги викаат кадрово

Зомби, не ги викаат кадрово више. Сега се "HR" Human Resources. "Странецот" им посочил на глобалните цивилизаторските референтни системи , спомнати погоре од Психогерила . Системите де, истите тие за кои и Сорос филантропира. Системите кои се обидуваат да го обединат светот под паролата " Капиталисти од сите земји обединете се". Што е најсмешно нашите "пролетери" , затоа што не можат да го препознаат процесот, а им личи на претходната парола која си ја имаа мислат дека ги обединуваат граѓаните од сите земји. Се отепаа референцирајки го Жижек, а тој уште што не им нацртал што се случува, и пак ништо.

Не бе бате Мегле, кадрово си

Не бе бате Мегле, кадрово си е, зашто сите вие сте кадровици лични, ко од фотокопир извадени. Исти сте ко тие што беа, само две три зборчиња сментивте и продолживте со „народот да им суди“. 1945 ги суделе у банка кај што ја праите сега таа со стубовите зградурината (за да не се гледа банката можеби? каква иронија...) па сега кај да е и вие ќе ја сефтосате барокијата со еден ваш процес „во име на народот“ таму у тазе здание.

Не ни ги посочи странецот нас

Не ни ги посочи странецот нас тие референтни системи. Тие постојат и без странецот. А ги знаевме уште долго пред груевизмот. Само сакаме на вас индоктринираните да ви укажеме дека не зборуваме напамет, дека не се потпираме врз некоја идеологија која може да егзистира исклучиво сама во себе. Фактот што слични идеи се јавуваат кај различни луѓе од различни културни среднини и периоди воопшто не значи дека има некој централен промотер на истите.
Во светот веќе постои основано сомневање во капитализмот, во концептите за нации и држави, во вистинските цели на организираната религија и така натаму. Светот се менува побрзо од било кога, информациите се брзо достапни и деспотот го губи својот монопол врз креаирањето на мислењата. Да не беше интернетов ќе чмаевме како пред 50 години и ќе ги воспевавме славите на пастирот. Немаше да цитираме никого, бидејќи деспотот ќе одредуваше што може да влезе, а што не.
Така што вашиот патолошки етатизам и пискање за поголема почит кон власта, партијата и државата не е ништо поразлично од пискањето на комуњарите.
Вие антикомуњарите во преродбата всушност откривте дека олигархискиот колективизам и не ви пречел толку. Само не ви се допаѓала иконографијата.

Видиш, до тука се сложуваме.

Видиш, до тука се сложуваме. А сега 64000 долари прашање.
Што е разликаta меѓу авториетите Тито, Црвенковски, Груевски и "Странецот".

Груевски успеа да ја наметне

Груевски успеа да ја наметне глупоста/глупирањето како стандард.

Па што? Што е толку страшно

Па што? Што е толку страшно во тоа? Толку голем грев е? Барем ќе си се посмееме малку.

Зголемувањето на националната

Зголемувањето на националната глупост не е страшно. Страшно е да се јави некој соросоиден вирус како индивидуализам, граѓанско општество и така натаму. Тоа не смееме да дозволиме.

Одговорот не е точен. Ништо

Одговорот не е точен. Ништо од парите. Правиот одговор е разлика нема. Сите четворица си имаат поклонители кои ги слушаат без поговор, и сите четворица градат и си изградија авторитет врз полтронството на другите. Така да разлика меѓу Странецот рече, Грујо рече и Црвенковси рече нема . Има само во приемните фрекфенции на полтроните, и физички и идеолошки. Не работат на сите три фрекфенции одеднаш.
Апсурдот колку не морате да бидете квалитетен, дури не морате ни да постоите , е најмногу изразен во странецот. Идолопоклониците ке ве нправат авторитет дури и да не постоите. А после тоа ке ви напишат текст за индивидуализам.
Најсмешно од се што за мене странци се Албанците, Бугарите, Грците и Србите. Односно тие со кои се граничам. Индивидуалниот квалитет на странците кои доагаат од овие народи е беспредметно да се дискутира.

Мигрена, кога некој би ги

Мигрена, кога некој би ги собирал твоите идиотизми проткаени со најмизерни стереотипи, демагогии и деснила од најширок тип, би добиле ненадминлива антологија на глупоста. Но, како што веќе ти рекле и други, интересното во твојата глупост (т.е. ограниченост, неспособност за мислење споена со огромна самодоверба и ароганција) е што е парадигматична, не само за македонските состојби, туку и пошироко. Јебига, изгледа живееме во такво време, кога билмезите, спинерите и агентите за ПР ги заменија луѓето што мислат и одговорноста за заедницата ја заменија со заглупавување на заедницата.
Еве ја твојата будалаштина издвоена за денес:
„Најсмешно од се што за мене странци се Албанците, Бугарите, Грците и Србите. Односно тие со кои се граничам. Индивидуалниот квалитет на странците кои доагаат од овие народи е беспредметно да се дискутира.“
Насмешно е што странци ни се соседите?!
А квалитетот на странците-поединци (Ѓоковиќ, на пример?) е беспредметно да се дискутира?!
Мигрена, тебе ко на репрезентативен преродбеник, добро ќе ти дое хит-мајцата со натпис: Нашиот шеф е кретен над кретените! Глеам дека сите се тркате да си ја сочувате репутацијата на кретенска нација. Што значи, види мајката, можда си и у право дека индивидуалниот квалитет е беспредметен?! Покрај тебе и твојот шеф-пастир, ваистину, сите изглеаме ко кретени.

Вепар, Еве што остана од

Вепар,
Еве што остана од твојот текст кога ке се извадат речениците со навреди од твојот текст и цитатот од мојот коментар.

----
А квалитетот на странците-поединци (Ѓоковиќ, на пример?) е беспредметно да се дискутира?!
Што значи, види мајката, можда си и у право дека индивидуалниот квалитет е беспредметен?!
----

Остана само твојата изјава дека Ѓоковиќ е синоним на странецот од вашите колумни.

Мигрена, гревче, упорно ништо

Мигрена, гревче, упорно ништо не разбираш. Ај да ти нацртам: нормално дека соседите се странци. Дури и Србите, со кои пола од Славомакедонците имаат роднински врски и чијашто култура има огромно влијание во РМ - се странци. Каква топла вода откриваш со тоа, Мигрена?! Освен што покажуваш (нон-стоп, 24/7, во секој јебан коментар) националистичка опседнатост и идентитетски фрустрации. (заради тоа и велам дека си ти симбол на груевизмот - хипернабилдана македонштина која уствари појма нема што е, што била, каде оди, што сака итн. и која сопствениот идентитетски проблем им го лепи и на сите друфи Македонци; башка, Мигрена, ти и,лично имаш големи проблеми дури и на ниво на елемементарно родово идентифицирање)
Второ, ти сите, буквално сите, почнувајќи од самите Македонци, ги гледаш низ стереотипи, низ калапи! До толку што тврдиш дека индивидуалците (Ѓоковиќ, на пример) не се ни битни, дека нацијата е реалност, а не поединецот.
Ради тоа ти велам, Мигрена, дека твојата глупост и ограниченост се парадигма за глупоста на владеачката матрица во РМ во летото господово 2012.

Епа јас тебе тоа те прашувам.

Епа јас тебе тоа те прашувам. Зошто тогаш, ако нема разлика си се фатил фанатично да браниш некој авторитет. Дури почнувам да верувам дека дококу Тито градеше споменици на антички воини наместо партизани вие ќе бевте најголеми комуњари и ју носталгичари. А странците? На кои странци мислиш? На филозофите? Политичарите? Зошто странците воопшто ги ставаш во иста категорија за споредба?

Тезата на Мигрена дека „сите

Тезата на Мигрена дека „сите се исти“ (најриширената народна мудрост во ориенталниов дел од светот, кајшто нема поединци и идеја за слобода) служи само како самооправдување (самосожалување) за пасивната толпа за која сеирот е единствен прифатлив светоглед. А тој тип на мигренски умртвувања на енергиите на нацијата, се разбира, ги продуцираат владетелите, кои народот го држат во слепило и мизерија. Кој и да се побуни, веднаш дотрчува Мигрена (Латас, Јадибурек, Миленко, Мирка итн.) и више-мање го вергла истото: „па, можно е во моментов малку да сме забегани, ние владетелите, но ви гарантирираме дека и тие минатите беа исти (а ние тоа добро го знаеме, оти бевме и со нив!), а и следните кога ќе дојдат (еден убав ама далечен ден од сеа) ќе бидат исти, зашто на ориентот само тоа е константа: мртвилото, пустината“. Тоа е Мигрена, симболот-коментатор на мртвилото на преродбата. „Кој и да збори, што и да збори, каков и да е - не му верувајте! Оти постои само владетелот! Само вечниот презент!“
Значи, во исплашени, поданички општества, во кои од најраните денови, и низ семејството и низ образованието и низ целиот систем, се обесхрабрувале индивидуализмот и слободата, релативно лесно е народот да го држиш на сиџимче. Секој што се издвојува е сомнителен. Пред се’ како западен шпиун (туѓинец, нешто што не припаѓа во нашиот свет) или ентузијаст по власт (што значи ист ко сегашниве тирани). Тоа е маѓепсан круг, од една револуција до друга, од тиранија до тиранија.

И прво да разјасниме,

И прво да разјасниме, цитирање на автори(странски замисли!!!) и бранење на нивните идеи и ставови е сосем различно од бранењето на машинеријата на власт. Бидејќи авторот може само да укаже, ама авторитарната машинерија може да спроведе без да се повика на ниту една универзална вредност. Не гледаш тука некоја разлика? Треба да опишам на друг начин?
И после нели следува:
"А бре доста веќе со Странецот рекол, Ниче рекол, Брехт рекол, Странскиот фактор рекол, дај малку кажете што вие мислите."

Така се осеќаш бидејќи внатрешата-реакционерна филозофија може да егзистира единствено сама во себе. Ако се постави во цивилизациски и општ историски контекст, губи. Се растура. Затоа мора после мигрени да интервенираат и да го воспостават нормалниот реакционерно емотивен тон на преродбата.

Би ти го цитирал Орвел сега, ама нема. Да не помислиш дека би сакал Орвел да стане премиер.

Изгледа дека стварно се

Изгледа дека стварно се вртиме во круг. Мојата теза не е дека сите владетели се исти туку дека се работи за едни те исти полтрони , кои само си ги ротираат авторитетите. За мене не постои никаква разлика мегу она што го викате Груевист и оние кој се повикуваат на странецот во секоја можна прилика. И во двата случаи поданичкиот менталитет на Психохроничен се манифестира со повикување на повисок авторитет, за чиј суд не смее да се полемизира.

Повикување на туѓи искуства и решенија во слични ситуации е пожелно и корисно и единствен начин да се избегнат залудното трошење на енергија и време. Меѓутоа намерно извртување на реалноста за да личи на ситуацијата за која тој авторитетот теоритеризирал, со цел да ја искористите за своја пропаганда е во најмала рака нечесно и тендециозно.

Ви ги дефинирав странците како Албанци, Бугари, Грци и Срби за да ве наведам да не си ја замислувате земјата на "странецот" како некоја замислена идеална земја кон која тежнеете , туку земја со сите карактеристики на околината која не опкружува.

Таа ваша замислена идеална земја на "странецот" не постои. Никогаш не постоела, нити ќе постои. Ниеден од тие "рече" авторитети не живеел во земја која може да ни биде модел , не барем во делот на слободата на која се повикувате.

А она со навредите само е манифестација на поданичкиот менталитет на луѓето кои ги раздаваат вака великодушно, или преведено, "ти преродбенику ништо не разбираш не знаеш да ги читаш упатствата на западот, само јас можам и смеам да ги толкувам упатствата. Мене ми ги дадоа да ги пренесам на овој неук и неписмен народ."
Едно прашање за Психохроничен, колку луге на запад (или исток сеедно) тебе те цитирале тебе како авторитет. Или не ти даваат да си играш со големите. Улогата на Сороски кмет и преведувач на упатства ти е највисокиот интелектуален дострел.

Мигрена, само спинуваш, во

Мигрена, само спинуваш, во полза на Фамилијата, и шириш омраза - најефикасниот начин владетелите да останат недопрени, а народот да е топовско месо, сеедно дали во војна или мир (се разбира, не е седно, но овде и мирот најчесто е цедење и малтретирање на бедните).
Значи, Мигрена, самата си смислуваш „опозиционери“ за Фамилијата и самата ги демонизираш. Кој го идеализира Странецот?! Не кофи, не вагони - цели рудници аргументи постојат дека „Странецот“ е иста стока, више-мање“, ко и „домородецот“. Владетелот на странецот, се разбира, е истиот (вол, дури и многу побрутален од ориенталниве деспоти, само што неговата бруталност као е „санитарна“). И ти, Мигрена, тоа го дробиш.Лош бил западњакот, Американецот стока итн., а вие што се борите во МК за слобода, демократија итн. сте мизерни слуги на одвратните западњаци. Тоа е целата твоја аргументација. На ниво на најпропаднатите конспиратори од пред гранап, секогаш теледиригирани против секој што малку од малку се разлиукува од паланечките стандарди (за тебе, Мигрена, тој што се разликува по дифолт е Сороски кмет).
Значи, без мистифицирање на западњакот и со свест дека соседите често биле најголемите душмани на Македонците, единствена реална и прагматична политика за Македонија е: ЕУ, во прв ред, многу блиска регионална соработка (решавање на сите проблеми со сите соседи) и НАТО.
Мафијашката Фамилија, чии интереси ги браниш до ниво на најстрашно себепонижување, МИгрена, работи сосема контра националните интереси на Македонците и нивната држава. И покрај тоа, никој не ве прогласува за предавници, изроди и слуги на туѓи интереси (пред се’ грчкиот, бугарскиот и српскиот - а целото ВМРО најчесто било во функција на тие интереси; денес, парадоксално, дури и на српскиот). Значи, не ти викам дека си предавник (а реално си, заедно со твоите работодавачи од режимот), туку жал ми е за тебе, за твојата глупост, ограниченост и заслепеност.
А оној што реално го крка ќотекот и сите можни репресии на груевистичкиот режим - тоа сме ние, „окнашите“ и другите борци за слобода, човечки права, демократија итн., кои се прогласени за лажни борци чија единствена намера е да ги преземат ресурсите кои во моментов се под тотално владеење на десетина луѓе во Македонија (нагалено наречени Фамилија). Одбраната на тој насилнички режим е твојата единствена кауза, Мигрена.

Дека се борам за фамилијата,

Дека се борам за фамилијата, се борам. Само не за таа што ти ја опишуваш. Се борам за мојата фамилија. Секогаш сум се борел. Од борци за слобода ми е преку глава, а уште повеќе ми се смачува кога некој ке ми каже дека се жртвува за мој бенефит. Нема потреба да се жртвуваш за мене. Доволно е да се жртвуваш за својата фамилија. Е сега ако треба да се објаснуваме, некои луѓе се спремни да направат се, за да можат да се спасат себеси и својата фамилија. И затоа за да не дојде до анархија, создаваме Устав кој е најмал заеднички содржател на нашите фамилијарни интереси. Е видиш во тој Устав, дива свињо, ( ова за мигрена, колку да се изедначиме), не пишува никаде дека сите сакаме да влеземе во ЕУ и Нато, мегутоа јасно и гласно пишува како се вика оваа држава, и како се вика овој народ. Односно пишува дека по секоја цена ке го браниме интегритетот и територијата на Македонија. Нигде не видов дека пишува дека по секоја цена сакаме да влеземе во ЕУ. Според тоа да ме навредуваш дека сум глуп затоа што ми е преку глава од самопрогласени борци за слобода, е исто како крадец да ми вика дека сум глуп затоа што не крадам. Сум ти рекол и порано, се чувствуваш како во затвор затоа што немаш никаков законска подршка за она што сакаш да го постигнеш. Кога би имал, место "странецот рече" би можел да напишеш "законот пропишува" или "Уставот налага", и така да разговараме за менување или проширување на нашиот најмал заеднички содржател. Вака можеш само да ме опцуеш и во својот замислен свет да ме ставиш во фиоката со платениците на системот.
За улогата на интелектуалците во денешниот свет прочитај го уште еднаш мислењето на Тони Џад, постиран на овој сајт за интелектуалците и демократијата. Влези во 21 век, излезете веке еднаш од светот на компарации со Фашизмот и Советскиот Сојуз.

"Веројатно ќе се најдеме, како интелектуалци или политички филозофи, во ситуација каде што нашата главна задача нема да биде да размислувавме за подобар свет, туку да размислиме како да ја спречиме појавата на полош свет. А тоа е малку поинаква положба, при што интелектуалците кои се занимаваат со идеализирани визии, можеби нема да треба да ги сфаќаме премногу сериозно."

"Сево ова е тешко за интелектуалците, од кои поголем број себеси се сметаат за бранители и промотори на големи идеи. Но, јас мислам дека вистинскиот начин за одбрана и промовирање на големи идеи за наредните генерации ќе биде одбрана и заштита на иституциите, законите, правилата и праксите кои претставуваат наше најголемо достигнување во борбата за тие големи идеи. А интелектуалците кои се грижат за тие работи ќе бидат најскапоцените луѓе."

Окнаши само сакаат да бидат

Окнаши само сакаат да бидат интелектуалци кога ќе пораснат.

Олеле Меглено, ти најде да

Олеле Меглено, ти најде да зборуваш да влеземе во 21 век. Мислам дека баш заради груевизмот и ни шкрипи со фаќањето на текот на времето.
Ако не примети последниве години се во знакот на паѓање на многу авторитарни режими. Едноставно не се во мода. Иако има обиди да се воспостави контрола врз повеќе сфери од живеењето, а особено врз достапноста на информациите (СОПА, ПИПА, АКТА) сепак расположението на глобално ниво е дека такво нешто нема да помине без масовен отпор. Неспорно е дека естамблишментот посакува сите да беа меглени и да си легнеа на брашно. Да веруваа во се што тие кажуваат, без да промислат рационално какви последици би имало сето тоа. Среќа нема таква идеологија која ќе не умртви на глобално ниво, но за жал има таква која не ебава на локално ниво.
И сега не е во ред да не советуваш за 21-век, а истовремено да подржуваш авторитарен лидер, најблаго кажано. Во таквиот систем лидерот не е тука за тебе, ти си тука за него. Едно обично емотивно зависно штрафче во машинеријата за нивелација на општеството.
Ја сфаќаш сега твојата позиција Меглена? Онака глобално гледано.

Психогерила, нејасно е што е

Психогерила, нејасно е што е она што тебе (или вас, како сакате) ви фали. Што е тоа што ви фали да можете да кажете дека живеете во "слобода". Кој е тој закон или закони што би требало да се додадат на постојните за да и ти си мислиш дека живееш слободно. Јас авторитатен лидер не подржувам повеке, отколку било кој Французин, Американец или било кој нормален граѓанин на било која западна земја. Рејтингот на Обама во Америка моментално е 51% за , и 45% проценти на неодобрување.
45% од населението мисли дека не работи како што треба, мегутоа на никого не му ни паднало на памет дека живее во фашистички режим. Мора да постои нешто што тебе би те направило среќен да живееш во оваа земја. Ако мислиш дека живееш тука по казна, тогаш стварно и јас не знам што би ти помогнало, освен да пробаш да си ја најдеш среќата на друго место. Немој сега да ми одговараш дека "ние" тоа сакаме, затоа што тоа стварно не ми е намерата. Тие од фашизмот и Русија бараа демократија, која ние каква таква ја имаме сега. Каков систем ти у ствари бараш ?

Па нејасно ти е, приметувам.

Па нејасно ти е, приметувам. Ти не го воспримеаш тој концепт на слобода. Затоа го буташ у наводници.

"Кој е тој закон или закони што би требало да се додадат на постојните за да и ти си мислиш дека живееш слободно."

Ете одма тргаш погрешно. Зошто не прашаш кој е тој закон што треба да се укине? И како после да ти ја опишам слободата?

Каква врска рејтингот на Обама со било што? И прашај ги Occupy Walлstreet што мислат за системот. И тие ли се предавници?

Од каде ти е идејата дека не сум среќен овде? Или дека мислам дека живам под казна??? Тоа е некое твое нагаѓање. Ако се поставам против власта, значи дека сум против државата, нацијата и така натаму. Се ти е рамно и исто тебе. Изнивелирано.

Каков систем барам? Незнам дали воопшто да се впуштам во објаснување. Не дека нема да ме разбереш, ама ако твојот концепт на слобода подразбира да налегнеш под ваљакот на авторитетот и да се гордееш со тоа, тогаш џабе ти кажувам. Вртење во круг како што сам кажа.

И претпоставував дека нема да

И претпоставував дека нема да добијам одговор на ова прашање затоа што најверојатно се работи за анархичен концепт на слобода. Целта не ми беше тебе лично да те прашам за твојот концепт за слобода, затоа што имаш право на кој било концепт сакаш, се додека не ја афектира мојата слобода. Целта ми беше да добијам одговор која слобода е загрозена со постојниот систем генерално и како би можело системот да се подобри. Затоа што искрено се надевам дека имате некоја агенда која сакате да ја остварите, и која треба да му ја објасните на народот со испрани мозоци.

Дечките од Occupy Wall Street немаат роблем со системот туку со крупниот капитал, односно лугето кои го си го наштелуваа системот да работи за нив. На истата бранова должина е и поголемиот дел од популацијата на Америка. Единствена причина зошто Обама победи. Администрацијата на Обама на големо работи да ги расчисти работите на Wall Street, меѓутоа тоа може да го чини вториот мандат. Ете таква цена се лугето спремни да платат за да го подобрат системот. Овде јас ве прашувам што да смениме, одговорот е " ќути боље не прашувај".

А бе види... ај да кажеме

А бе види... ај да кажеме владата прави нешто околу идентитетски прашања(што и да значи тоа) и длабока верува дека води правилна политика. И притоа тоа го прави во романтичен манир, но сепак одговорно-во однос на народните пари. Врз основа на лошите резултати признае грешка или побара помош ќе го разберев пријателски тоа, давање совет, што да смениме.
Јас сум уверен дека барокнава/античка епизода на фирмата на власт воопшто нема за цел будење, самоосвестување и сл... и воопшто не е наивна или романтична, не гинат работници по скелиња во име на „докази за побрзо освестување на праведниот свет“, туку во име на најголемата пљачка во последниве 20 години. Претходните влади ми се цвеќенца, суптилни неспретни лопови во споредба со ова. Силните милиони слеани во џебовите на фамилијата под изговор дека циркусов е за јакнење на националните чуства(што и да е тоа)не ми е воопшто наивен.
Според ова, ако мислеше дека конструктивен совет упатен до владава не дели од благосостојба-мислам дека се лажеш. А и, крај краева, доволно им е моето посочување на проблемите и парите што им ги давам. Нивна одговорност е да ги решат проблемите, кога више се нафатиле.
Така да, ако јас се прашам сто да смениме, тоа би било бандава. Со било што, нова банда, нема врска. Ќе се смени расположението меѓу народот, ќе свати дека „стапот е во негови раце“, новата банда нема ја ужива благосостојбава.

My all time favourite   ГНИДИ

My all time favourite
 
ГНИДИ СОРОСОИДНИ :D

Ете јас сум либертаријанец,

Ете јас сум либертаријанец, грубо кажано. Сум за минимизирање на улогата на власта во дефинирањето на животот граѓаните и во регулирањето на нивните односи. Основен градивен елемент на општеството да биде иднивидуата, а не централно диригираниот колектив.
Постоечкиов систем е спротивна крајност, или се обидува да ја достигне крајноста. Воспоставува монопол врз дефинирањето на патриотизмот. Ја потиснува индивидуалноста и ја нагласува колективната послушност. Еве на пример, тебе ти е догматска идејата дека сите ние овде што ти контрираме сме некој колектив, само организиран од различен центар од твојот. Дека чекаме партиска дозвола и амин за да се искажеме. Тоа е во најмала рака, навредливо за мене. И за македонскиот народ општо. Го сведува на послушничка овца.
Што да смениме? За почеток власта која сака да згазне врз секој аспект од нашиот живот, вклучувајќи ги и личните ставови. Да ги изрегулира и да ги врами во облик кој ќе стане многу полесен за контрола.
Незнам дали да терам понатака, со оглед на тоа што си убеден дека слободата се постигнува со додавање на нови закони и регулации :)))

Аман бе, комуњари, доста само

Аман бе, комуњари, доста само критикувате, предложете како да се смени состојбата. Или само сакате вие да бидете “феудалната елита“?

ОкоБоли главаВицФото