Пастирот и Олимпијадата

28.07.2012 20:12
Пастирот и Олимпијадата

Фала му на пастирот што нè остави да го гледаме отворањето на Олимпијадата. Иако ќе изгуби неколку рејтинг поени, откако на кратко ќе ги прикопча Македонците на фрекфенциите на кои пулсира светот, пастирот тоа може да си го дозволи; пастирот не е до тој степен душман, а неговите гавази фино и аргументирано, строго компаративно и низ табели не еднаш ни објасниле дека Македонија сепак не е Северна Кореја или Белорусија...

Велам, отворањето на Олимпијадата го гледавме со кнедли во грлата. Прво, во спортска смисла Македонија однапред е пласирана негде меѓу 200 и 204 место во светот (од вкупно 204 држави учеснички). Кога списанието „Економист“ земјава ја прогласи за најмизерна во светот, пропагандистите на груевизмот велеа дека во трката биле евидентирани само стотина земји. Од другите стотина сме биле подобри. Сега, на Олимпијадата, кога одново гледаме дека сме на последното место, кое ќе биде објаснувањето на груевистите?! Затоа велам дека кое било пуштање воздух во оваа затруена земја (затруена од лаги, пропаганди, спинови, стравови, подаништво, сиромаштија) е мошне опасно по режимот и му ги јаде тешко стекнатите фамозни рејтинг поени. Просто си навикнавме погрешно да ги закопчуваме копчињата на кошулата, зашто груевизмот е како некаква малку поместена реалност, ехо зад настаните... Додека поголемиот дел од светот споделува една иста помалку-повеќе комплексна стварност, кај нас стварноста е едноставна и претворена е во проекти. Досега груевизмот сплескал неколку илјади проекти, а само во моментов се одвиваат неколку стотици „проекти“... Тоа што земјава нема иднина, тоа што немаме рамноправни учесници во светската трка на ниту едно единствено поле (а најмалку во спортот), тоа што сите независни (т.е. непреродбенички) енергии кај нас се убиени и протерани или во дупки или во бекство - не го попречува полетот на овдешните проектанти.

Втора работа, почитувани читатели и гледачи на МРТВ, видовте ли што е ИДЕНТИТЕТОТ на Велика Британија? Како што ни покажа свечената инаугурална манифестација, идентитетот на Британците во големе мера е во рокенролот. Да, имаат и најдобри светски научници, уметници, спортисти, имаат неверојатно богата историја, но во најголема мера сликата за себе што му ја испратија на светот е сликата што повеќето од нас веќе ја имаат; Британија, на пример, за мене отсекогаш во голема мера била Битлси, Стоунси, Клеш, Секс Пистолс, Боуви... Како што била и Шекспир, Оскар Вајлд, Конан Дојл, Стивенсон, Честертон, Вирџинија Вулф, Дорис Лесинг... Британците не ни понудија тешка, мачна, архаична, габаритна, воинствена, крвопролевачка слика за сопственото себеразбирање. Напротив, сликата на британскиот идентитет беше жива, свежа, непретенциозна, свртена кон обичните луѓе, кон славењето на различностите... Спојот меѓу минатото, сегашноста и иднината беше направен врз основа на љубовта, почитувањето, сеќавањето, секојдневните мали работи... Старите спортисти беа сплотени со новите спортисти, како и со оние што допрва доаѓаат, токму во чинот на љубовта и почитувањето.

За разлика од скромните и „малите“ Британци, груевизмот нас нè утепа, изминативе години, со историјата сфатена како железен туч врз главата! Историја што тежи сто тона по глава на жител! Најстар народ на светот! Најизмачен народ на светот! Народ што претрпел најстрашни неправди од соседите, Западот, Турците и Америка! Но, тоа е и народ предводен од најголемиот предводник на сите времиња, Аце Македонски! Народ кој бил во пазувите на цивилизациите, многу пред Грција, барабар со најстариот Египет! Народ (македонскиот) кој ги покорил Грците, што значи бил победник над целата западна цивилизација, од исконите! Потем, ние сме народ што ги описменил сите други народи, народ што како своја срцевина ги има славните мажи со мустаќи и кубури наречени ВМРО итн. итн.

Живи, во оваа земја - нема. Музичари, писатели, научници, разноразни способни луѓе од минатото и сегашноста - немаме. Ги имаме Груевски и Тодоров, во прв ред, најголемите селебритија икад, во Македонија, и го имаме нивниот министерски кабинет, малку подолу од двете најсјајни ѕвезди на македонското небо. Секој нивен прдеж, секој нивен гест, збор, насмевка, шега, дадени се на МРТВ 24/7. Исто како и секој друг прдеж/збор/шега на повеќето министри од праславниот кабинет. Освен нив, ништо друго немаме. Сето друго, сите тие дискутабилно способни, сите тие можеби селеби (ако дозволи пастирот) седат во чекалната на единствената институција во РМ, Владата, и го чекаат врз рамењата допирот на благословениот господар над живите и мртвите. Ако тој даде, ќе имаме и по некој спортист, уметник, професор, бизнисмен, ама за нашиве селски рамки, за пеливанските двобои по овдешните панаѓури.

Тоа беше најстрашната порака што ја добивме од свечената приредба во Лондон: ние, Македонците, немаме живи и кредибилни луѓе во која било област! Сè е сомнително! Целата современа историја која не поминала низ лустрациските филтри на груевизмот - е спорна, до даљњег! Македонија да требаше, не дај боже, да организира Олимпијада, Груевски, Тодоров, Иванов и Трајко Вељановски ќе требаа да бидат и Бекам и Џемс Бонд и Пол Макартни и Ејми Вајнхаус! Сите други се од ѓубриштето на историјата, што комуњари, што кодоши, соросоиди, предавници...

Да заклучам: со нас, Македонците, во моментов владее големото Ништо, наречено груевизам. Тоа Ништо е ништо во интелектуална, морална и политичка смисла. Но, тоа не значи дека Ништото не постои. Напротив, го има до тој степен што го краде, уништува и го вшмукува во себе целиот овдешен живот... Затоа беше тажно да се биде Македонец, клекнат во Ништото, некни, при отворањето на Олимпијадата... До тој степен беше тажно што над нашево груевистичко македонство би проплакала и моторна пила.

Слики: Jens Ullrich

Па ВМРО е една историја.

Па ВМРО е една историја. Работа која постоела (и таа во разни форми односно фракции) и престанала да постои, без да си ја оствари целта. Ова денес е злоупотреба, една екипа се досетила да го искористи тоа име, за да го замајува народот божем се наследници на таа организација, како изговор дека се патриоти, всушност да го грабнат општествениот капитал и да си овозможат привилегирана позиција. Вие ДПМНЕ сте ВМРО исто онолку колку што се СДСМ социјалдемократи.

До Елена: за жал, не знаете

До Елена: за жал, не знаете внимателно да читате, аргументирате и полемизирате. Но, по тоа не сте исклучок туку, за жал, урнек, во ова запустено општество.
Велите, Елена, „секако дека имаме фантастични ликови од светска класа во други професии“. Не, немаме такви ликови во ниедна професија. Меѓу спортистите во ниеден единствен спорт немаме човек меѓу стоте најдобри во светот (освен, можеби, Кире Лазаров). Но, мој впечаток е, дека дури и ужасно рангираните македонски спортисти се подобро рангирани од сите други професии во Македонија. На пример, Милчо Манчевски е извикан поради еден единствен филм (кој доби Златен лав главно поради политички причини, во екот на војната во бивша Југославија), но дури и фамозниот Милчо дури ни во најпристрасната анкета не може да се пласира меѓу стоте најзначајни филмски режисери во светот во моментов. Така што, спортистите дури и ни се добри во споредба со тоталната затвореност на земјава во однос на цивилизираниот свет. А тоа беше тема на текстот на Гелевски. Над слободата, вештината, упорноста и креативноста на луѓето од нашата земја би проплакала и моторна пила.

 Херменевтичар, јас можеби

 Херменевтичар, јас можеби сум „урнек“, но урнек кој претендира да стане исклучок кога ќе порасне. Барем не се расфрлам со навреди кон оние со кои не се согласувам (за која аргументација овде воопшто зборуваме, ако аргументите се навреди?!), како што тоа го правите Вие. Секој си ги определува своите нивоа на комуникација. Мене Вашето ниво ми е прилично ниско, но ќе останам за миг вака ниско за да појаснам две работи.  
 
Лично познавам некои од „фантастичните професионалци“ зад кои стојам - оттаму и ги споменувам. Тие не се успешни само во нашиот двомилионски контекст, но многу пошироко. И, секако дека стојам зад моето читање - никому не треба да му полагам сметка за мојата интерпретација на текстот (ни на Гелевски, не па на некој Херменевтичар!). Штом е објавен, текстот доброволно се става на милост и немилост на секакви интерпретации (гледам, главно навредливи и главно неповрзани со темата на текстот, во овој простор, за жал). 
 
Загушливо вака ниско - збогум!
 

Елена, во контекст на

Елена, во контекст на Олимпијадата, зборуваме за стварно најдобрите на светот! Значи, за најдобрите сто луѓе, да речеме, во својата професија, ако воопшто е мерлива или ако човек го прифаќа концептот на мерењето (кој е дискутабилен, со тоа би се согласил, особено во некои професии - уметничката, на пример). Такви луѓе во Македонија, ми се чини, немаме. Имаме паметни, способни, релативно вмрежени во регионални и светски рамки, но и таквите луѓе ги имаме многу малку.
Втората работа која не ја укопчавте (и заради која ве нареков лош читач и полемичар) е политичката димензија на проблемот. Таа димензија, пак, опфаќа најмалку две други работи: демократијата (во неслободни земји нема угледни луѓе; има само номенклатура која се’ мери според своите потреби) и економската (не)моќ. И на двата плана (Македонија е многу сиромашна, затворена и недомократска земја) ние ги немаме основните предуслови да создаваме граѓанско општество со силни поединци во сите области, па и во спортот.
Простете, Елена, ако сум ве навредил! Тоа не беше намерата! Намерата е да се чита и полемизира на релативно пристојно ниво!

Грешиш Хермен....Гуевски е

Грешиш Хермен....Гуевски е меѓу 5-те млади диктаторчиња во светот...Измаглена, току си необјективно присрастна, шо и твоите не те бранат...а со што си заслужила да бидеш ВМРО, зар со бранење на власта по секоја цена? или и ти си еден од тие шо веруват дека Гоце Делчев во џепот носеше фотографија на Никола Грујос,а?

А како тоа можеш да бидеш

А како тоа можеш да бидеш непристрастен кога некој го напаѓа твојот колективен симбол и идентитет. Затоа ние и не можеме да се разбиреме. Вие сте хедикипирани во разговорите за таа тема. Најдобро ќе биде да навивате за онаа група без земја и без симболи. Претпоставувам, знате дека има натпреварувачи кои настапуваат без знаме и држава. Пограѓанска група здравје. Навивајте за нив. Оставете не нас, недозреаните да си замислуваме дека имаме симболи кои не дефинираат. Таму на Олимписките Игри, освен таа недефенираната група, се’ се ненормални. Сите се тепаат за својата земја, за својата татковина, со раце на срцата, со солзи на химните. Се нездрави луѓе. Вие тука анархистичките шизици седнете заедно и почнете да правите нова Олимпијада. Еве неколку дисциплини за вас: Кој во 1 минута или со двеста букви ке каже најмногу навреди, или пак кој на зададена тема од Гелевски ке создаде најмногу компарации со фашизмот. Тоа се дисциплини вредни за почит. Ова другава багра што ништо не разбираат, оставете ги да си го водат животот на раат. Само и за тоа ќе морам да ве разочарам со една работа. Ве плаќаат само илјада евра сите заедно цел месец да играте на сајтов. Ниту таму не ве ценат како што треба. И во тој сектор сте аматери.

"А како тоа можеш да бидеш

"А како тоа можеш да бидеш непристрастен кога некој го напаѓа твојот колективен симбол и идентитет."

LOL Меглена, значи твојот личен идентитет треба да е колективен? Затоа неможеш да се разбереш со другите. И Грујица мисли така. Затоа испадна дека повеќе од пола Македонци се предавници.

Цело време мораме да се

Цело време мораме да се објаснуваме со примери. Слабо разбирате. Едно прашање за тебе за сам да си ги објасниш идентитетските прашања. Не можам по сто пати исто да објаснувам. Презимето што го носиш е симбол на твојот личен идентитет или е симбол на твојата фамилија, фамилијарен колективен симбол? Имаш ли право да им го смениш презимето на сите во твојата фамилија? На татко ти, на мајка ти, и да не редам натака.
А тезата дека пола Македонци се предавници е оксиморонска по дефиниција, затоа што разговараме токму за тоа - името. Ако се Македонци тогаш не се предавници , затоа што се дефинираат како Македонци. Ако не се Македонци туку северно македонци, тогаш твојата теза пак е неточна, затоа што во неа не се спомнати северно македонците. Значи како закључок можеш да изведеш дека секој што се декларира како Македонец не е предавник, односно Македонци предавници нема. Или пак предавниците во Македонија не се Македонци. Нашите Олимпијци се Македонци. Овие што ги омаловажуваат не се. Ако сакаш нешто да учиш од историјата, еве малку историја за тебе. Во првиот момент кога овие што ги браниш ја земаа државата, го сменија знамето, прифатија привремено име и го дадоа цело оружје на Милошевиќ. И вие ми ги славите како државотворни, сакате да ги вратите назад на власт. Па дали сте нормални?

Сега е и повеќе од јасно: Си

Сега е и повеќе од јасно: Си седел ликот БЦ со виски у фотеља, си размишљал дека нема више теми на кои да го критикува Грујо, па ги собрал поданиците и им рекол: трк да го пердашите Грујо за олимпијадата!

И така почнаа Коља, па Ивор, па Ерол, сигурно некого сум пропуштил, па ќе видиме дали уште некој ќе се јави да обвинува за невозможното: премиерот на некоја држава е крив што нема медаљи! Па нели гледаме по секоја Олимпијада летаат глави на министри, паѓаат влади... хаос, човече.

Споредбите можеби се веќе

Споредбите можеби се веќе стварно депласирани и излитени, но прашањето само се наметнува и не може да се избега од него:

Ако кажеме дека во времето на еден владетел/партија е лошо или полошо или најлошо, мора да споредиме со некое друго време. Така, ако не би бил запознат со поблиската историја на мојата држава, јас би очекувал во времето кога другата политичка опција била на власт, спортот да цутел, да се вложувале грдни пари во спортот, репрезентациите и поединечните спортисти да имале секаква можна поддршка и нашата земја просто да била затрупана со медали и одличја.

Каде се тие?

Лошо разбран, точна е твојата

Лошо разбран, точна е твојата забелешка, меѓутоа мораш да видиш дека целта на овие написи кои излегоа координирано како што вели Добропознат, не е да се воспостави подобра иднина и подобар систем за натамошми спортски успеси во Македонија, туку токму тоа што ти го направи сега. Споредба со минатото и заклучок дека „не не бива“. Тоа е главната цел на овие луѓе. Тие никогаш не ни имале капацитет ниту пак желба да направат нешто добро. Нив не ги интересира успехот. Нив ги интересира само фактот да ја снема Македонија. Зошто? некогаш и сам се прашувам. Ќе ги познаеш лесно затоа што секогаш психолошки се врзуваат за нешто друго, нешто што не е Македонија, и тоа им дава лесна совест да напаѓаат и рушат. Потсвесно мислат дека прават добро за некој друг „што ги сака“, било тоа Бугарија, Грчка, Турција, Европа, граѓанско општество, „вистината“ и слични моронштини.
Да заклучам, целта на овој напис и на другите што ќе ги видите за оваа Олимпијада, и оние од пред некое време за „селските навивачки химни“, е цело време иста. Уништување на патриотизмот во Македонија, преморување на населението со константен притисок, се со цел да се доврши работата од Балканските војни еднаш засекогаш. Затоа како вампири од крст се плашат кога гледаат позитивни спотови за подигнување на себепочитувањето и вербата во Македонија, кога се овозможува широко образование за сите во Македонија со дисперзираните студии. Го доживуваат тоа како метастаза на Македонизмот која не можат да ја запрат.

Absoutlley first rate and

Absoutlley first rate and copper-bottomed, gentlemen!

ОкоБоли главаВицФото