Открила дека освен на десктопот, постои простор и на хард дискот

06.08.2012 09:13
Открила дека освен на десктопот, постои простор и на хард дискот

Наташа К. (25) која работи како секретарка во една странска компанија, открила дека освен на десктопот, постои простор и на хард дискот од нејзиниот компјутер.

Скопје, 6 август 2012 година

Наташа К. (25) која работи како секретарка во една странска компанија, открила дека освен на десктопот, постои простор и на хард дискот од нејзиниот компјутер.

-Немав веќе простор на десктопот, каде ги снимав сите мои документи, слики и останати фајлови, па бев решена да купам нов и поголем монитор, што ќе собира повеќе информации. Ме фати паника кога се вратив од одмор, немав простор каде да ги префлам сликите од моето летување, вели Наташа.

Кога влегла во продавницата побарала монитор со поголема ширина, објаснувајќи дека стариот веќе не собира доволно податоци. Продавачот бил зачуден па затоа ја посоветувал Наташа да не купува нов монитор, затоа што податоците треба да ги складира на хард дискот, чија меморија не зависи од големината на мониторот.

-Продавачот ми ги отвори очите, покажувајќи ми го неговиот монитор на кој имаше само неколку икони. Немав претстава дека на еден хард диск можат да се складираат огромен број податоци, но сега сум многу среќна затоа што заштедив речиси 200 евра, ни рече Наташа пред да си замине.

Адаптирано од: http://www.njuz.net/

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото