Заборавената антифашистичка олимпијада

11.08.2012 16:51
Заборавената антифашистичка олимпијада

На заборавените алтернативни олимписки игри во Барселона во 1936 година учествуваа 6000 спортисти и спортистки од 22 земји, кои беа организирани како алтернатива на фашистичките игри на Хитлер. Еден ден пред свеченото отворање шпанската војска направи државен удар и со тоа го означи почетокот на граѓанската војна, а народната олимпијада беше откажана.

Многу спортисти и спортистки излегоа на улиците на Барселона и учествуваа во жестоките битки против десничарскиот обид за преземање на власта. Првите бригадири и бригадирки, всушност беа спортисти и спортистки кои беа таму заради игрите и беа првите единици кои отидоа на арагонскиот фронт. Тоа беше импресивно изразување на политичка солидарност од страна на спортскиот свет, кое наспроти сè останува речиси заборавена фуснота на историјата.

Олимписките игри кои се одржани во 1936 година во Берлин, се памтеа како пропаганден триумф на владеачката нацистичка партија на Хитлер и покрај сè што таму постигна темниот американски атлетичар Џеси Овенс. Германија освои најмногу медали, а светските сили кои го гледаа сето тоа добија доволно уверлив доказ за одобрување на реинтеграцијата на Германија во глобалната политика.

За анархистите и радикалите, а особено за тогашното милитантно работничко движење, летните олимписки игри од 1936 година ќе бидат можност за да го изразат директното противење на расистичката политика на фашистичката држава што се создаваше, како и повод за организација на алтернативна олимпијада во Барселона. Таа беше наречена „Народна олимпијада“, која зближи илјадници спортисти и спортистки од целиот свет во изразувањето на меѓународната солидарност против растечкиот европски фашизам.

Пролетта 1936 година, Шпанија ја избра републиканската влада на Народниот фронт која веднаш се повлече од летните олимписки игри во знак на протест заради континуираната поддршка на Меѓународниот олимписки комитет кон режимот на Хитлер, па затоа почна со подготовки за антифашистички фестивал на спортот. Антонио Агуло, кој учествуваше во организацијата на тркачките натпреварувања, се сеќава дека „идејата потекна од малите спортски клубови од соседството“. Неа ја присвоија комунистите и ја употребија како пропагандно средство, иако Советскиот сојуз не испрати свои спортисти.

Барселона и речиси целиот каталонски регион беа анархистичко упориште со милитантна работничка класа и како таква, таа беше идеална средина за олимпијадата. Покрај вообичаените спортски случувања, на игрите имаше и шах, народни игри, музика и театар.

Илјадници спортисти и спортистки од целиот свет се регистрираа за натпреварувањето, вклучувајќи ги спортистите и спортистките од САД, Велика Британија, Холандија, Белгија, Чехословачка, скандинавските земји, како и палестинците, полјаците и канадските спортисти и спортистки. Имаше и тимови од Германија и Италија кои беа политички прогонети од овие земји. Многумина беа спонзорирани од синдикатите, работничките клубови и здруженија, од социјалистичките и комунистичките партии и левичарски групи, за разлика од државно спонзорираните комитети и ги претставуваа своите региони и локалните средини, а не своите земји.

Игрите во Барселона требаше да започнат на 19 јули, но со избивањето на граѓанската војна по која веднаш следеше генерален штрајк, игрите беа оставени на страна, затоа што работниците и радикалите се мобилизираа за да ги поразат националистите и фашистите. Најмалку 300 спортисти и спортистки им се придружија на првите одреди кои заминаа на арагонскиот фронт, а повеќето од нив останаа во Барселона каде им се приклучуваа на интернационалните бригади кои пристигнуваа. Уметницата Фелиција Браун, која присуствувала на олимпијадата, е првата бритаска доброволка која загина во граѓанската војна.

Извор: uncomradelybehaviour.wordpress.com

Stay infomraivte, San Diego,

Stay infomraivte, San Diego, yeah boy!

Слични содржини

Спорт / Историја

ОкоБоли главаВицФото