Првата зимска Олимпијада (1924)

18.02.2014 12:37
Првата зимска Олимпијада (1924)

Додека трае еуфоријата околу одржувањето на зимската Олимпијада во Сочи, интересно е да се осврнеме кон почетоците на оваа спектакуларна спортска манифестација.

Првите Зимски олимписки игри се одржале во Шамони, Франција, а учествувале 250 спортисти во 6 спортови: лизгање, карлинг, „нордиско скијање“, боб санкање, хокеј на мраз и натпревар во комбинирано скијање.

Од 1924 година до денес, додадени се голем број зимски спортови, но она што навистина е променето со текот на годините е изгледот на спортистите, нивната облека и опрема.

Олимписките игри полека еволуирале од настан во кој главен збор имаат спортистите аматери, во настан кој е високо професионализиран.

Подолу може да погледнете како изгледала првата зимска Олимпијада и спортистите кои учествувале на натпреварувањата.

Публиката во Шамони на отворањето на Олимпијадата

Британскиот тим во боб санкање

Натпреварувачи во боб санкање се фотографираат пред санката

Шведскиот и британскиот карлинг тим со метли како опрема

Шведскиот карлинг тим на пауза за пијачка

Чистачи на снег околу главниот терен

Хокеарски тим пред главното игралиште

Јакоб Тулин Тамс од Норвешка, овојувач на златниот медал во ски скокови

11-годишата Соња Хени од Норвешка, осмопласирана (т.е. пласирана на последно место) во уметничко лизгање. Таа не се обесхрабрила од пласманот и освоила златни медали во 1928, 1932 и 1936 година.

Андре Жоли и Пјер Бруне со настап за бронзен медал. Подоцна, освојуваат златни медали во 1928 и 1932.

Извор: visualnews.com

Слични содржини

Спорт / Историја

ОкоБоли главаВицФото