Олимпиец страдал поради трева

22.01.2019 11:59
Олимпиец страдал поради трева

КЕЛОВНА, БРИТАНСКА КОЛУМБИЈА – Рос Ребалјати, олимписки сноубордер, својот златен медал го чува скриен дома во својот скромен кабинет, веднаш до пепелникот во кој се наоѓаат клучеви од автомобил и пластично ќесе со марихуана.

„Го чувам тука затоа што ми донесе само несреќа“, вели Ребалјати, довршувајќи го четвртиот џоинт дента.

Пред две децении, кога имал 26 години, Ребалјати стекнал светска слава – и неславност – откако на Зимската олимпијата во Јапонија 1998 за Канада го освоил златниот медал во слалом.

Тогаш, меѓутоа, се нашол во затворска ќелија во Јапонија под обвинение дека во земјата внел контролирана супстанција.

Ребалјати се бранел со зборовите дека не пушел трева десет месеци пред Олимпијадата, и дека занемарливо малата количината на THC, психоактивната супстанција во марихуаната, што била пронајдена во неговиот организам се нашла таму затоа што минувал време во простории во кои се пушела марихуана на журките.

Наградата му е вратена по 36 часа „пекол“ со објаснување дека канабисот се наоѓа на списокот со забранети супстанции.

Штетата за Ребалјати била непоправлива.

Никогаш не успеал целосно да се оствари како славна личност. „Канабисот тогаш важеше за нешто што го користат лузерите“, се присеќава тој.

Ребалјати сега има 47 години, живее мирен живот во Келовна, планински град во Британска Колумбија, со својата втора сопруга Али, инструкторка по јога, и со нивните две деца.

Тој се надева дека легализацијата на марихуаната во Канада ќе му донесе некои шанси за работа и дека ќе го ослободи од стигмата.

Неодамна го започнал Legacy, лајфстајл бренд во соработка со компанијата за марихуана за медицински цели CRX. Планира во понудата да вклучи креми за лице врз база на марихуана, прибор за одгледување на билката и сноубордови брендирани со неговото име.

„Конечно го прифаќам своето наследство“, вели тој објаснувајќи го името на својата компанија.

Проблемот што настанал во Јапонија го стигнал и во 2012 година, кога сакал својата ќеркичка Рози да ја однесе на гости кај мајка си во Калифорнија, ама на границата на државата Вашингтон е одбиен поради својата поврзаност со марихуаната.

„Мислев, ако веќе бидам прогонет поради тоа што се случи на Олимпијадата, би можел тоа да го прифатам“, вели Ребалјати.

Една година подоцна ја основал Ross’ Gold, компанија за производство на средства врз база на канабис, ама таа компанија доживеала крах затоа што марихуаната сѐ уште била илегална.

Ребалјати денес игра голф, се трка со автомобили и одгледува садници со марихуана во својот двор. Веќе не вози сноуборд, подраго му е скијањето.

Извор: New York Times

ОкоБоли главаВицФото