Колонијален циркус: случајот на „жените со врат како жирафа“

24.11.2012 13:48
Колонијален циркус: случајот на „жените со врат како жирафа“

Предупредување: расизам и робување!

Постојат архиви што го документираат заробувањето и потоа изложувањето на членови од етничко малцинство од Бурма, наречено Кајан (познато и како Падаунг), заедница во која низ историјата се практикувало издолжување на вратот. Документите се во вид на рекламни плакати, најчесто за циркусите Hagenbeck-Wallace Circus и Ringling Bros, но и во вид на промотивни фотографии од заробените луѓе; фотографиите биле дистрибуирани како рекламни материјали. Во нив специфичниот термин што се употребува за жените-заробенички чиишто вратови биле издолжувани е „жени со врат како жирафа“.

Рекламни плакати:

Промотивна фотографија:

Припаднички на малцинството Кајан со изведувачите во циркусите:

Оваа политичка карикатура отркива до кој степен„жените со врат како жирафа“ станале познати икони во САД:

Овие жени, како и многу други луѓе од колонизираните делови на светот, најчесто биле киднапирани од нивните средини за да бидат изложувани. Многу од нив умреле млади, поради болестите со кои биле соочени, а со коишто нивните тела не биле подготвени да се борат. Останките од овие луѓе обично биле презервирани и изложувани како бизарни примероци на изобличувања на човечкиот скелет, во функција на потхранување на арогантната опседнатост на Европејците со сопствената супериорност. Дури денес некои од нив се враќаат во нивните матични земји, каде што достоинствено се погребуваат.

Овој дел од архивираните материјали овозможува увид во процесите на издолжување на вратот на коишто луѓето биле изложени. Воедно, впечатливо е дека во сите животни ситуации, вклучувајќи ги и тие кога се извршуваат основните животни потреби како спиење и јадење, или во интимните моменти како негување на сопствените деца или прославите, овие жени никогаш не ги отстранувале направите што ги носеле на вратовите, а кои овозможувале тие вратови да бидат „како на жирафа“.

Извор: thesocietypages.org

 

ОкоБоли главаВицФото