RRRRRRRRROLL

05.12.2012 14:27
RRRRRRRRROLL

Во мај оваа година, од комбинацијата на вишок слободно време и вишок креативна енергија, се роди проектот RRRRRRRRROLL на петмина анонимни јапонски фотографи и уметници, инаку блиски пријатели. Два пати неделно на својата веб страница тие објавуваат извонредни, минималистички гифови чија заеднича црта, или подобро кажано осовина, е вртењето на објектите или луѓето (во овој случај секогаш истата жена со долга, црна коса и индиферентен израз на лицето) околу својата оска, а главната намера е да си поиграат со нашата перцепција, и по можност, да направат да ни се заврти паметот.

Левитацијата на случајните предмети, мистериозната жена која се лизга низ просторот и присутноста на невидливата „рака“ која го диктира целото случување, односно невидливата сила која ги врти предметите, создаваат малку призрачна атмосфера, налик на онаа од јапонските хорор филмови, кои, се надеваме, не сте имале прилика да ги гледате. Жената изгледа како да е затворена во свој свет и заробена во сопственото бескрајно движење. Кружните, репетитивни движења дополнително придонесуваат за чувството на интровертност и фокусираност на самата себе.

Колористички складните, прецизно изведени и по малку хипнотизирачките гифови, го преиспитуваат поимот простор и поимот време кои истовремено се и присутни и отсутни. Присутни во смисла дека „овозможуваат“ изведување на одредено дејство, а отсутни затоа што движењата циклички се повторуваат без јасно дефиниран почеток и крај. Хипнозата со гифовите следи во продолжение:

Извор: pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото