Најголемата архива на звуци од природата достапна на интернет

25.01.2013 10:41
Најголемата архива на звуци од природата достапна на интернет

Универзитетот Корнел објави дека најголемата колекција на звуци од природата во светот сега е дигитализирана и достапна за сите корисници на интернет.

Библиотеката Меколеј од Универзитетот Корнел содржи богата научна архива со аудио и видео снимки од животинскиот биодиверзитет. Снимките, меѓу кои некои датираат и од 1929 година, порано биле снимени во аналоген формат, а сега се дигитализирани и може да се слушаат или гледаат на www.macaulaylibrary.org.

„Ако се земе предвид количината на материјалот која сега им е достапна на сите во светот, ова е навистина револуционерен момент“, изјави Грег Бадни, кустос на архивата во библиотеката Меколеј.

За дигитализација на сите снимки биле потребни 12 години работа. Колекцијата содржи повеќе од 150.000 снимки, чија што вкупна должина изнесува повеќе од 7.513 часа. Во оваа интернет библиотека се наоѓаат повеќе од 9.000 различни животински видови.

Извор: cornelluniversity.tumblr.com

ОкоБоли главаВицФото