Бакрорезите на Матис наменети за Џојсовиот Улис

04.02.2013 09:29
Ретките бакрорези на Матис наменети за Џојсовиот Улис

Во 1935 година, американскиот издавач Џорџ Меки му понудил на Анри Матис 5000 долари за да создаде онолку бакрорези колку што дозволува споменатиот буџет, наменети конкретно за специјално илустрирано издание на Улис од Џејмс Џојс. Иако се верува дека Матис никогаш не го прочитал познатиот роман (и покрај францускиот превод којшто му бил достапен), тој сепак создал 26 илустрации, сите базирани врз шест теми од Хомеровата Одисеја, епот којшто е една од предлошките за Улис. Во 1935 година се појавило илустрираното издание. Матис потпишал 1500 копии, а Џојс само 250. И денес можете да си набавте издание потпишано од обајцата, за „само“ 30000 долари. А изданието е неверојатно, во кожен повез, при што знаците се обложени со 22-каратно злато, со светкави рабови на страниците обележани со свилен брановиден материјал и сатенски обележувач за страници.

Извор: brainpickings.org

ОкоБоли главаВицФото