Сплотување

06.02.2013 08:37
Сплотување

Како прво – каде? Зачудува што палатата има толку запуштени катчиња. Не, не тука!

Легенот со топла вода не може да ги собере, ни згрее. Подрумот е осветлен со тешка жолта светлост. Една просторија, па втора, трета. Буриња, рафтови, каци.

Зад казанот, зад последната врата во последната просторија има достаточно мрачен долап до кого не допира љубопитноста на толпата.

Што треба да се задоволи? Љубовта, утробата? Или само тенкиот површински слој на кожата посеан со нерви чувствителни за сè што е пријатно, туѓо, забрането... и свое, достапно, обично.

Слика: The Royal Art Lodge

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото