Писмото на пустината

02.11.2013 12:28
Писмото на пустината

(Во чест на Борхес)

Позната е приказната за едно царство во кое Уметноста на Картографијата била крената до тој степен на Совршенство што картата на Царството ја достигнала големината на самото Царство.

Но, има приказни и за намалување на претставената земја: постоеле (можеби во истото Царство?) картографи кои сликале карти на големи пространства сведени на димензии на зајачка кожа (при што биле сочувани сите важни детали од пределите), потоа колку оклоп од желка, па дури и колку нокот од ножниот палец на еден прочуен калуѓер-пустиник. Но, минуциозноста одела и натаму. Се нашле картографи кои направиле карта на една огромна пустина претставена во зрно песок. За жал, картографот кој, патувајќи низ пустината, се управувал според таа карта, еднаш се сопнал и притоа му испаднала скапоцената карта. Очаен, тој почнал да ја пребарува околината, копајќи низ песокот со денови, за конечно, умирајќи од исцрпеност, горештина и жед, да сфати дека секое зрно песок ја носи врз својата површина картата на целата пустина.

Расказот е преземен од книгата „Седмата страна на коцката“ во издание на Магор

Слика: Leah Saulnier

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото