На девојките во Саудиска Арабија ќе им биде дозволено да спортуваат

07.05.2013 09:30
На девојките во Саудиска Арабија ќе им биде дозволено да спортуваат

Според одлуката донесена на 4 мај, на девојките кои учат во приватни училишта во Саудиска Арабија ќе им биде дозволено да учествуваат во спортски активности, но во согласност со правилата на Шеријатот и исламските закони.

Министерството за образование наложува ученичките да мораат да бидат „пристојно облечени“ и да имаат задолжителен надзор од нивните професорки.

Оваа одлука во ултраконзервативното кралство уште еднаш го прави спортот поле на кое може да се подобруваат и унапредуваат правата на жените, речиси две години откако саудиските атлетичарки настапија на Олимпијадата.

„Прашање е на време. Сите работи стагнираа во Саудиска Арабија кога станува збор за правата на жените“, Вели Азиза Јусеф, професор на Кралскиот Саудиски Универзитет, додавајќи дека властите и порано толерирале физичко образование во некои приватни училишта, но тоа не било дел од официјалната наставна програма.

Извор: Associated Press