Кирил и Методиј прогласени за почесни доктори на приватен универзитет

24.05.2013 14:01
Кирил и Методиј прогласени за почесни доктори на приватен универзитет

Скопје, 24 мај 2013 година

Сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, денес постхумно беа прогласени за почесни доктори на приватниот универзитет СЛОН (Супер лесно образование за неписмени), соопшти сопственикот на универзитетот Опел Цанчески.

Делегација составена од владини функционери денес присуствуваше на официјалната церемонија во свечената сала на универзитетот СЛОН, а неколку владици од МПЦ, на паузата од шопингот, присуствуваа на молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата Сан Клементе во Рим, каде поделија и рекламни материјали за приватниот универзитет.

„Почесната докторска титула браќата Кирил и Методиј ја добиваат поради посебни заслуги во областа на словенската писменост, а посебна благодарница им се доделува поради тоа што универзитетот кој го носи нивното име најмногу придонесе за тоа што повеќе студенти да се запишат на СЛОН“, вели Цанчески.

Редакцијата на Пара вести контактираше со ректорот на УКИМ и праша зошто прво државниот универзитет не се сетил на таков гест, а тој одговори дека тоа не е доволен израз на почит и благодарност, бидејќи денес и не е толку тешко да се стане магистер или доктор.

Фреска: Илитератиј Преподобен - Зограф, 2013 г.