Чкртките на познатите автори

27.05.2013 12:23
Чкртките на познатите автори

Сите чкртаат. Има нешто посебно во досадните моменти и белите парчиња хартија кои нè поттикнуваат да нацртаме неколку нешта. Постојат и докази дека луѓето кои често чкртаат се активни мислители и имаат бујна фантазија. Џон Китс редовно цртал цвеќиња на маргините на неговите ракописи, а и Леонадро да Винчи е познат по тоа што обожавал да чкрта. Постои и цела книга посветена на чкртките и цртежите на различните американски претседатели – да се надеваме дека не биле посветени на нив во моментите кога требале да обрнуваат внимание на нешто значајно. Но сите луѓе чкрткаат на различен начин – како и соновите, и чкртките доаѓаат директно од неистражените краеви на нашите умови, и нивната експерсија е одредена само од талентот и/или координацијата помеѓу рацете и очите на оној кој ги создава. Сите ние имаме милиони мисли кои ни се мотаат низ главите во истиот момент, па и логично е што некои од нив завршуваат како мали цртежи на рабовите на страниците. Во прилог погледнете ги малите цртежи и чкртки на познатите автори.

1. Силивија Плат


Силвија Плат обожавала да чкрта по нејзините дневници, создавајќи илустрации за нејзиниот живот, нејзините соништа, и во овој случај, за еден нејзин кошмар во кои била бркана од хотдог и едно колаче.

2. Дејвид Фостер Валас


Тука Дејвид Фостер Валас го украсил лицето на Кормак Мекарти со пар очила и мустаќи.

3. Владимир Набоков

Цртежите и забелешките на Набоков на првата страница од Преобразба на Кафка. Очигледно е дека имал неколку мисли за јазикот, или барем за преводот.



Исто така, чкртките на Набоков кои тука наликуваат на пеперутки.

4. Франц Кафка


И се разбира, чкртките на Кафка, при што многу од нив денес се дел од неговите книги, особено човекот на масата.

5. Семјуел Бекет


Чкртките на Бекет се исто толку чудни и разновидни колку и неговите дела.

6. Ален Гинзберг


Кога читателите сакале, Гинзберг често пати додавал различни мали цртежи и илустрации на страниците на неговите сопствени книги.

7. Марк Твен


Ова се многу повеќе од чкртки, тие се всушност инструкции посветени на печатачите на неговите кнги во однос на обележувачите на времето кои Марк Твен ги цртал на почетокот на секое поглавје. Како што вели и самиот – „да се остави место за објаснувањата на временската состојба во книгите од овој вид“.

8. Хенри Милер


Цртежите на Милер од неговите периоди на несоница – креации на еден премногу возбуден ум.

9. Курт Вонегат


Цртежите на Вонегат се добро познати бидејќи тие се вклучени во многубројни изданија на неговите книги, па понекогаш дури и се појавуваат и на насловните страници.

10. Чарлс Буковски


Овој цртеж е дел од писмото кој тој го пратил до Sycamore Review, и е објавено во изданието 3.2. Што би требало да биде – мало кученце, човек со огромен нос и чаша виски? Се чини дека никој не знае.

11. Хорхе Луис Борхес


Автопортетот на Борхес, кој го нацртал откако ослепел.

Извор: flavorwire.com

 

ОкоБоли главаВицФото