Се снима „научна ТВ сапуница“

14.06.2013 11:37
Се снима „научна ТВ сапуница“

На универзитетот Росток, студентките по математика, информатика, природни науки и техника (МИНТ) се обидуваат да ја заинтересираат публиката за првата „научна ТВ сапуница“ за природни науки. 

Научната сапуница ги поврзува микроскопите и лабораториите со сккрешните срца, аферите и сексот. Наесен би требало да се прикажува и на различни видео-канали и на YouTube. Проект со вистинска иднина или наивен кич?

На семинарот за пишување сценарија огранизиран од одделот за комуникологија, кој бил одржан за време на минатиот зимски семестар, 15 студентки и еден студент ја напишале првата верзија на сценариото. Овој концепт сега е кај Џени Фухс која на оваа основа ќе го напише сценариото за првата научна ТВ сапуница во Германија. Сè уште не може да се зборува за содржината на петте делови. Познат е само насловот – „Љубовна бура“. Драматургот Џени Фухс вели: „Нела доаѓа со својот татко во Росток и запознава еден човек кој многу ѝ се допаѓа. Повторно се спријателува со една стара другарка од училиштето, почнува да се интересира за физика и морска билогија. Низ сето тоа се развива една возбудлива приказна бидејќи мора да се објасни: зошто фоката Хенри се чувствува толку лошо?“

Студентката по медицина, Бетина Бонзак исто така работела на сценариото. Ги напуштила просториите каде што се одржувал семинарот и кои ѝ биле познати и барала погодни места за снимање во хемиските лаборатории и на Институот за физика. За неа, големото прашање било: „Како воопшто да се спојат науката и сапунските опери? Тоа е малку контрадикторно.“

Да се привлече вниманието на студентките со научна сапуница

Авторите на сапуницата пред сè сакаат да ги заинтересираат жените за т.н. МИНТ предмети – математика, информатика, природни науки и техника. Меѓу инженерите има само 20% апсолвентки. Идејата да се зборува за науката помеѓу лакот за нокти и љубовните ветувања, помеѓу интригите и залезите на плажите на Балтичкото море звучи како вистинско клише. Но тоа не го мисли и професорката по медиуми во Росток, Елизабет Промер: „Точно е дека младите жени на возраст од 15 до 18 години гледаат сапуници и разни други емисии во кои младите се натпреваруваат за да победат како манекенки или пејачки. Но често девојките велат, јас не сакам да се однесувам така, нема да ги озборувам пријателите, како некои од девојките во шоу-прграмата „Германија бара топ манекенка“. Ако се ограничиме од тоа, и работиме на сопствениот идентитет, во таа смисла можеме да направиме многу корисна серија. Затоа, ако сакаме да допреме до жените мораме да направиме ТВ серија.“

Промер додава дека сè уште има многу малку жени во природните науки. „Решивме во сапуниците кои соодветствуваат на очекувањата на младите жени да внесеме и некои примери: На универзитетот во Росток имаме доста професорки по електротехника, физика кои се воедно и мајки. И јас имам три деца – универзитетската кариера не значи дека не можете да основате семејство. Тоа е возможно.“

Сапуница со доволно наука

Уве фон Лукаш, директорот на Институтот Фраунхофер за графичка обработка на податоците во Росток е идеен творец на серијата и е задолжен за тоа во ТВ сапуницата да има доволно наука.

„Сметам дека е неопходно да ги вметнеме и клишеата, за сапунската серија да остане атрактивна. Има љубов, интриги, но постојат и одредени ликови кои на сето тоа му даваат одредена длабочина, и тоа е она што би сакале да го искористиме.“

Првите пет дела од серијата „Љубовна бура“ веќе се готови. Наесен сапуницата најпрво ќе биде поставена на интернет. Во исто време, таа е и маркетиншки инструмент за научниот град Росток.

Извор: dw.de