Писмо од Москва

02.07.2013 15:14
Писмо од Москва

Пред една недела го напуштив Хонг Конг, кога стана јасно дека безбедноста и слободата ми се загрозени затоа што ја открив вистината. Својата моментална слобода ја должам на залагањето на пријателите, новите и старите, моето семејство и другите луѓе кои никогаш не сум ги запознал и веројатно никогаш нема да ги запознам. Им го доверив мојот живот и тие ја возвратија таа доверба верувајќи во мене, за што засекогаш ќе им бидам благодарен.

Вo четвртокот, претседателот Обама пред целиот свет изјави дека нема да дозволи никакво дипломатско „вртење и плеткање“ околу мојот случај. Меѓутоа, сега гледаме дека претседателот, откако го вети тоа, му нареди на својот потпретседател да изврши притисок врз лидерите на државите од кои побарав заштита, да го одбијат моето барање за азил.

Ваквата измама од страна на еден светски лидер не е праведна, како што не е ниту вонправната казна со егзил. Ова се старите, гадни средства на политичка агресија. Нивната цел е да ги заплашат, не мене, туку оние кои би дошле после мене.

Со децении САД беа едно од најсилните упоришта на човековото право на барање азил. За жал, ова право денешната влада на мојата земја го отфрла. Администрацијата на Обама сега го користи државјанството како оружје. Иако не сум осуден за ништо, таа еднострано ми го поништи пасошот, правејќи од мене лице без земја. Без каков било судски налог, оваа администрација сега се обидува да ме спречи во остварувањето на основното право. Правото кое им припаѓа на сите. Правото да побарам азил.

На крајот, администрацијата на Обама не се плаши од „свиркачите“ како што сме јас, Бредли Менинг или Томас Дрејк. Се плаши од информираната јавност која бара уставна влада каква што ѝ е ветена - и се плаши со право.

Моите уверувања не се разнишани и импресиониран сум од напорите на толку многу луѓе.

Извор: Wikileaks

ОкоБоли главаВицФото