Сексот и моќта

02.08.2013 08:51
Сексот и моќта

Во феноменалната серија Берген данската премиерка ќе го плесне својот возач, а потоа го одебува. Ја сакам таа серија, ама ова ми е некако натегнато. Премиерката ја оставил мажот, женската требала да се ослободи од стресот, ама... Со возачот? До душа, премиерките и да сакаат не можат во своето опкружување да најдат маж кого би посакале да го вовлечат во кревет.

Околу нив се или политичари од нивната партија или оние од опозицијата. Знаеме како изгледаат политичарите, па разбирливо е дека на жените кои владеат со светот возачите им се најдобар вибратор. Жените во политиката на никого од страна не му ги шират нозете. Политичарката која го натегнува љубовникот е курва, а курвите не смеат да владеат со државата.

Секогаш кога одам во Загреб слушам кој од моќните хрватски политичари ја променил љубовницата. Марко повеќе не ја плеска пејачката, Јанко повеќе не е со женската од Задар, Франко и жената се договориле, ќе се држиме за раце само кога ќе има состанок на врот. Зошто политичарите не се разведуваат?

Нашите политичари се во среќни бракови затоа што живееме во католичка земја во која сите хрватски мажи до смрт мораат да го пикаат во иста дупка. Женска дупка.

Политичарите им се неодоливи на жените. На парчињата не им пречат ќелавиците, китовските стомачишта, интелектуалната невиност, надлактиците меки како путер, кусите нозе, зјапнатите очи, влакната во ушите и носот, стентовите, шмркањето кокаин, локањето коњак, убивањето елени, тепањето на жената која дома ги чува децата...

Какви се жените кои лежат под политичарите? Тоа се суштества заљубени во моќта. Моќта успева каде што паметот ни младоста ни убавината, дури ни парите, не можат. Додека покрај тебе во собата во Берлин, Задар или Риека хрчи нешто што секој ден дава изјави за медиумите, имаш чувство дека и ти си важна. Дали си? Или сепак за својот јунак си само влажно тунелче во кој неговиот стојко минута и пол ќе се чувствува фино?

Кој кого лаже тука? Политичарите девојките кои ги менуваат на секои шест месеци? Девојките политичарите под кои се мешколат за да можат да се фалат во родниот град? Не е мала работа да му се дадеш на некој кој зема од целиот народ. Кој во оваа врска е предмет? Колку и да изгледа неверојатно, сепак е политичарот. Тој е избран иако мисли дека не е, тој е несакан, иако мисли дека е, тој плаќа и него го држат во дланка. Службите кои му ја подметнале женската или отфрлената женска која ќе им го предаде филмот на службите.

Кутри ебачи. Со оваа земја владеат женски на кои никогаш не им е доста од скапоцени камења, пари, скапи вечери и бунди? Затоа овие ретардоси нè ограбуваат? Зад секој успешен маж стои жена, зад секоја успешна жена лежат неколку мажи. Господ знае како се вика претседателката, а како премиерката на Република Хрватска. А министерките?

Извор: rudan.info

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото