За сексот

27.01.2014 14:56
За сексот

Шеесетгодишниот француски претседател Оланд веќе со недели ги окупира сите телевизии, портали и пишани медиуми. Неговиот „случај“ се анализираше и во дневникот на Хрватската телевизија. Уредничката значајно се смешкаше додека го најавуваше прилогот за францускиот ебач на годината. Која ќе биде првата дама со која Еболанд ќе отиде во посета на Америка? Бремената љубовница или невенчаната сопруга? Хрватите се на нозе, бидејќи националната телевизија не ни даде јасен одговор.

Деновиве нѐ вознемируваат вестите за сексуалниот живот на покојната Џеки и убиениот Џон. Џон Кенеди влезе во историјата како Quick Draw McGraw. Неговата љубовница, глумицата Енџи Дикинсон, ја кажа никогаш заборавената реченица: педесетте секуди секс со Џон ќе останат моите највозбудливи педесет секунди во животот.

Покојната Џеки, додека нејзиниот маж пукал во секоја двоножна мета, се тркалала со покојниот балетан Нуреев кој паралелно ја ебел неа, нејзинот девер, покојниот Роберт Кенеди и нејзиниот маж, покојниот Џон. Џеки го откачила Нуреев дури кога фрлил око на нејзиниот син, покојниот Џон Јуниор.

За Клинтон, кој поради курот ќе ја изгубеше политичката кариера, се знае баш сѐ. Синиот фустан на Моника Левински благословен со дамките сперма засекогаш го внесе Клинтон во американската историја. Кој се сеќава на неговата внатрешна политика?

Наполеон. Кои земји ги освоил, а кои ги изгубил? Знаеме дека на една од своите јозефини од фронтот ѝ порачал: „Доаѓам. Не се миј!“

Зошто ни ја продаваат тезата дека најважните страници од човековата историја се испишани со сперма? Кој тоа манипулира со нас?

Единствено сексот нѐ крева сите нас од мртвите? Таа лага над лагите најдобро ја користат авторите на реклами. Имате проблеми со простата? Проголтај таблета, ќе ти се крене како меч.

Познато е и кои се најдобрите ебачи... Тоа се мажите стари помеѓу шеесет и деведесет и седум години кои имаат пари, недвижности, подвижности, а уште се и министри, мафијаши, претседатели на влади, држави и на ЕУ. Каде води моето набројување на општо познатите вистини? Вие веќе знаете дека човек може и без храна и без вода и без интернет. Не може без секс. Секс, секс, секс, заеби живот без ебење.

Секој ден разговарам со луѓе. Секс? Младите мажи сакаат кокаин, марихуана, пиво, фудбал, ракомет, кошарка и млади мажи. Прашајте ги, кога би можеле да бираат помеѓу тоа да одат на отворањето на СП во фудбал или да ја ебат 17-годишната ќерка на комшијата, за што би се одлучиле? А девојките? Луда, виолетова чанта или лижење на вратот на момчето на другарката?

Не ме интересира сексот. Не може да ми ги одврати мислите од кредитот, воспалението на очниот нерв, алергијата, високиот притисок, купувањето сина хортензија од свила, одењето во Кино Кроација... Сакам и телефонски да разговарам со Мајда.

Премногу сум искрена? Денес секој кој вели дека сексот е преценет веднаш го праќаат во лудница. Затоа луѓето молчат за таа тема. Јас, ете, не молчам. Баш сум храбра женска. Напишав што мислам за сексот иако ризикувам некој од моите многубројни читатели да ми порача дека го пишувам ова бидејќи ми фали добар кур.

Блажени доктори. Мене до оргазам ме доведува белгиското чоколадо, накитот од плексиглас, чантите на Јадранка Шегота и нискиот притисок. Мојот маж - купувањето белгиско чоколадо, накит од плексиглас, чанти од Јадранка Шегота и Прексанил. Јас сум Ева, јас сум Ева, јас сум Ева!

Ох, колку е убаво да се живее со Адам, а никаде јаболко.

Извор: rudan.info
Слики: Michal Boubin

ОкоБоли главаВицФото