За интелектуалниот живот

12.08.2013 09:38
За интелектуалниот живот

Сега гледам дека вистинската чар на интелектуалниот живот - животот посветен на ученоста, научното истражување, филозофијата, естетиката, критиката - е неговата леснотија. Тој е заменување на сложената стварност со едноставни интелектуални шеми; на замрсените збиднувања со мирна и формална смрт.

Неспоредливо полесно е да се знае многу, да речеме, за историјата на уметноста и да се имаат длабоки идеи за метафизиката и социологијата, отколку лично и интуитивно да се знае доволно за своите ближни и да се имаат задоволувачки односи со своите пријатели и љубовници, својата жена и децата.

Вистинското живеење е многу потешко од санскритот, или хемијата, или економските науки. Интелектуалниот живот е детска игра; затоа интелектуалците се склони да станат деца - па потоа малоумници, и најпосле, како што политичката и индустриската историја во последните векови јасно покажува, самоубиствени лудаци и диви ѕверови.

Потиснатите функции не умираат; тие се изопачуваат, се побунуваат и се враќаат на примитивноста. Но многу е полесно да се биде интелектуално дете, или лудак, или ѕвер, отколку складен, возрасен и зрел човек.

Извор: 6yka.com