Атеистите се поинтелигентни од религиозните луѓе

13.08.2013 16:08
Атеистите се поинтелигентни од религиозните луѓе

Еден нов преглед на 63 научни истражувања изведувани во текот на неколку децении покажува дека религиозните луѓе се помалку интелигентни од оние кои не веруваат.

Анализата спороведена на Универзитетот во Рочестер, предводена од професорот Мирон Зукерман, пронашла „веродостоен доказ за негативната врска помеѓу интелигенцијата и религиозноста“ во 53 од вкупно 63 случаи.

Според истражувањето наречено „Врската помеѓу интелигенцијата и религиозноста: Метаанализа и некои можни објаснувања“, објавено во научното списание Personality and Social Psychology Review, дури и за време на раните години од детството, колку што е детето поинтелигентно, толку поверојатно е дека нема да биде привлечено од религијата.

Истражувачите велат дека во групата на повозрасните луѓе со натпросечна интелигенција, религиозноста е помалку застапена.

Едно од истражувањата кои Зукерман ги проучувал е и доживотната анализа на верувањата на 1.500 талентирани деца со коефициент на интелигенција повисок од 135.

Истражувањето започнало во 1921 година и трае до денес. Дури и на екстремно стара возраст, субјектите имале многу пониски нивоа на религиозни убедувања и чувства во споредба со просечната популација.



Ова истражување, кое е прва систематска метаанализа на 63 студии спроведувани во периодот од 1928 до 2012 година, укажува дека од вкупно 63 студии, 53 студии покажуваат негативна корелација помеѓу интелигенцијата и религиозноста, додека останатите 10 покажуваат позитивна.

Само две студии покажуваат значајни позитивни корелации, а значајни негативни корелации се забележани во 35 од 53-те студии.

Авторот на истражувањето ја разгледувал независно секоја студија, земајќи ги предвид квалитетот на собраните податоци, големината на примероците и методите кои биле користени при анализите.

Тројцата психолози кои учествувале во истражувањето ја дефинирале интелигенцијата како „способност за расудување, планирање, решавање проблеми, апстрактно размислување, разбирање комплексни идеи, брзо учење и учење од искуството“.

Религиозноста била дефинирана како вклученост во некои (или сите) домени на религијата.

Според истражувањето, другите фактори – како родот и степенот на образование – не придонеле на ниеден начин при одредувањето на односот помеѓу интелигенцијата и религиозните убедувања.

Но нивото на кое луѓето ги застапувале религиските верувања зависело од возраста, при што негативната врска помеѓу интелигенцијата и религијата била најслаба кај поединците кои имале помалку од 18 години.



Во заклучокот од истражувањето се наведува: „Повеќето опсежни објаснувања (на негативната врска) ја делат истата централна тема – премисата дека религиозните убедувања се ирационални, не се научно втемелени, не можат да се докажат, и оттука не се привлечни за интелигентните луѓе кои веруваат дека знаат подобро од тоа“.

Критичарите на ваквиот заклучок велат дека истражувањето е фокусирано на една единствена дефиниција на аналитичката интелигенција и дека не ги зема предвид новооткриените форми на креативна и емоционална интелигенција.

А психолозите кои учествувале во истражувањето се обидуваат да ги отфрлат секуларистичките интерпретации на резултатите укажувајќи дека поинтелигентните луѓе обично немаат изразени религиозни верувања бидејќи тие повеќе ги негуваат нивните лични убедувања.

„Интелигентите луѓе обично трошат повеќе време на своето образование – форма на себе-регулација која може да донесе долготрајни придобивки“, велат истражувачите.

„Повеќето интелигентни луѓе добиваат поценети работи (подобри работни места и повисоки плати) што може да води кон повисока самодоверба, и да ја охрабри појавата на лични убедувања, различни од оние на останатите.“

реакција на текстов

Извор: The Independant

ОкоБоли главаВицФото