Опасна потрага по совршената урбана фотографија

13.08.2013 16:58
Опасна потрага по совршената урбана фотографија

„Многу пати се имам преплашено до смрт“, вели Мишел Лакавалије, позната по своето урбано истражувачко фотографство, поради кое често го изложува на опасност и сопствениот живот.

Страста на Мишел за фотографирање пропаднати и напуштени градби произлегува од нејзината фасцинација со човечкото однесување и различните начини на кои живеат луѓето. „Влегувањето во тие згради кои имаат толку многу минато, можноста да се стои на истите места на кои стоеле и многумина пред мене, да се допираат нештата кои ги допирале луѓето пред мене – сето тоа прави да се чувствувам многу живо, и тоа е неверојатно“, открива таа.

Мишел признава дека дека во потрагата по совршената фотографија се соочува и со проблемот на пристапот кон таквите објекти, како и со непријатноста на посетувањето на овие места целосно сама.

Таа прво спроведува сопствени истражувања за ваквите локации. „Ако некоја од овие градби има своја историја и приказна, тогаш барам некој кој ќе ми покаже како да влезам внатре или кој и самиот ќе дојде со мене. Возбудлива е помислата да се биде еден од првите фотографи на некој простор, но по правило, секогаш е попаметно да се најде некој кој ќе оди таму со вас.“

Опасностите и неочекуваните изненадувања се задолжителна појава. За да се заштити од штетните нешта на кои може да биде изложена, Мишел често носи со себе и заштитна опрема за дишење, како респиратор и гас-маска.

Болниците и психијатриските установи се едни од нејзините омилени локации за фотографирање. „Страдањето на луѓето, нивното закрепнување, исцелувањето и смртта, сето тоа е овде.“

Крајната цел на Мишел е емотивното поврзување на гледачите на нејзините фотографии со напуштените градби, со цел на тој начин да им вдахне нова животна сила. „Мојата страст се состои во прикажувањето на овие објекти како нешто што е сè уште интересно, важно и кое нуди многу одговори. Кога луѓето реагираат на моите фотографии со љубопитност и фасцинација, тоа за мене е крајното достигнување вредно за секоја опасност со која некогаш сум се соочила.“
Во прилог погледнете дел од нејзините фотографии, додека повеќе од нив се достапни тука.


Извор: Blog Flickr

Слични содржини

Јавни простори / Фотографија
Јавни простори / Фотографија
Јавни простори / Фотографија
Јавни простори / Фотографија / Книжевност

ОкоБоли главаВицФото