Женствената страна на мажественоста

23.08.2013 10:32
Женствената страна на мажественоста

Во текот на целата историја на уметноста преовладува опсесијата со суптилната убавина на женските музи, со срамежливите погледи на убавите жени, нивните локни и нежната кожа. Но, сега доаѓа времето кога и мажите можат да ги искусат сите овие нешта.

Серијата потрети на Нир Ариели, наречена „Мажи“ ги сместува мажите во простори и ситуации кои традиционално биле определени како женствени, прикажувајќи ги човечките карактеристики кои со текот на времето станале исклучиво „женски“ особини. Неговите фотографии се залагаат за проширување на слободата на мажите кои сакаат да ја истражат и оваа нивна страна, „женствената“.

„Во моите дела, се обидувам да изложам една одлика на мажественоста која долго време била потиснувана од социјалните и општествените кодови“, вели Ариели. „Под влијанието на социјалната еволуција нежноста, прикажувањето на чувствата и ранливоста биле обележни како неприродни карактеристики кога се доживуваат или пак се манифестираат од страна на мажите.“

Негови модели се мажите кои се подготвени слободно да ги истражат својствата кои досега биле резервирани само за жените. „Тие го прават тоа без никава воздржаност или срам, речиси објавувајќи го почетокот на една нова ера“, објаснува Ариели.

Ова е голема промена од првите фотографски проекти на Ариели, кој работел како воен фотограф за едно израелско списание. Со благите и нежни погледи на мажите, серијата фотографии на Ариели пренесува една чувствителност која обично не се поврзува со мажественоста. Но, по гледањето на овие фотографии започнувате да се прашувате зошто тоа воопшто е/било така.



Извор: The Huffington Post

ОкоБоли главаВицФото