Бежичен уред ја претвора „изгубената“ енергија во електрична

11.11.2013 15:15
Бежичен уред ја претвора „изгубената“ енергија во електрична

Користејќи евтини материјали, инженери од Универзитетот Дјук осмислиja уред сличен на соларните панели, кој собира енергија.

Уредот по бежичен пат ги претвора микробрановите сигнали во еднонасочна струја која потоа може да ги полни батериите на мобилните телефони или некои помали електронски уреди.

Работи на сличен принцип како и соларните панели кои ја претвораат светлосната енергија во електрична. Исто така, овој уред може да собира енергија и од други извори, како што се сателитските сигнали, звучните сигнали и Wi-Fi сигналите.

Уредот се напојува користејќи метаматеријали кои ги снимаат облиците на енергетските бранови, а потоа се прилагодува на различни апликации. Досега работата со метаматеријали беше исклучиво теоретска, но инженерите од Дјук покажаа дека со малку труд, метаматеријалите може да се искористат за потрошувачки апликации.

На пример, метаматеријалите би можеле да се постават на таванот за да се собираат „изгубените“ Wi-Fi сигнали. Со дополнителна пренамена, метаматеријалите би можеле да се вградат и во мобилните телефони и уредите бежично да се полнат.

Во иднина, сериите уреди за собирање енергија би ги фаќале сигналите на сателитите кога минуваат над нас. Малата количина енергија произведена од тие сигнали ќе може да ја напојува сензорската мрежа на оддалечените места како што се планините и пустините.

Работата на инженерите покажува долгорочен и евтин пристап до електромагнетското напојување.

Извор: www.pratt.duke.edu

ОкоБоли главаВицФото