1029 hPa
86 %
-1 °C
Скопје - Пон, 20.01.2025 05:59
Во режим како поранешниот Советски сојуз, разбирливо е што полицијата има посебно место во општеството.
Претставуваме еден од пропагандните обиди на државата да ја доближи полицијата до народот.
Колекцијата постери од Советскиот сојуз посветени на полицијата опфаќа широка временска рамка, од 1950-те до 1980-те години.
Некои од постерите недвосмислено се порака упатена до народот, која треба да го увери дека полицијата се грижи за него. Но, има и такви постери кои повеќе изгледаат како упатство за однесување на самите полицајци.
Иако пораките од типот „Мојата полиција се грижи за мене“, „Силата на полицијата е во врската со народот“, „Полицијата - слуга на народот“ од денешна перспектива изгледаат (во најмала рака) наивно, секогаш е интересно да се направи мал визуелен времеплов во графичкиот дизајн.
Извор: vintag.es