Триесет години работа на Стив МекКари

20.11.2013 10:41
Триесет години работа на Стив МекКари

Стив МекКари е име за кое ретко кој љубител на репортажната фотографија не слушнал: станува збор за авторот на славната Авганистанска девојка, која се најде на насловната страница на магазинот National Geographic во јуни 1985, а во годините кои следеа стана една од најпознатите фотографии воопшто.

Сепак, Авганистанска девојка е само една во низата извонредни фотографии на МекКари, снимени во сите краишта на светот во неговата триесетгодишна кариера: Индија, Камбоџа, Јемен, Кашмир, Пакистан, Тибет, Јапонија, Кувајт, САД... Еден дел од фотографиите се најде во монографијата „Неизречено: Приказни зад фотографиите“, во која можат да се најдат детали за патешествијата и авантурите на МекКари при кои настанале овие фотографии.

Покрај стотината фотографии, книгата содржи и патни документи на МекКари, дневници, мапи со чија помош доаѓал до крајните дестинации, што го прави читањето на оваа книга единствено искуство.

Подолу може да погледнете неколку фотографии од МекКари кои се најдоа во книгата.

Извор: radiosarajevo.ba

Слични содржини

Фотографија / Свет
Фотографија / Свет
Јавни простори / Фотографија
Јавни простори / Фотографија / Живот

ОкоБоли главаВицФото