1020 hPa
87 %
6 °C
Скопје - Пет, 24.01.2025 17:59
21 - 28 декември 2013
ГЕМ Клуб, Стара чаршија
Учествуваат: Темплум, Бегемот, Култура, Слово, Табахон, Сигма Прес, Готен, Блесок, Аз-Буки и Фабрика Књига.
ПРОГРАМА
Сабота, 21.12., 20 часот
Поезија овде и сега (поетско читање)
Учествуваат: Јовица Ивановски, Николина Андова, Никола Маџиров, Џабир Дерала, Снежана Стојчевска, Владимир Мартиновски и Ана Голејшка. По читањето на најавените автори, микрофонот е отворен за сите што сакаат да прочитаат песна.
Среда, 25.12., 20 часот
Промоција на новиот број на списанието Маргина посветен на 50-годишнината од скопскиот земјотрес
Разговор со Влада Урошевиќ
Петок, 27.12., 12 часот
Доделување на наградата „Новите!“ за 2013 година
Петок, 27.12., 20 часот
Промоција на четири наслови во едицијата Квир Сквер на Темплум
Разговор со Никола Гелевски и Билјана Гинова
Сабота, 28.12., 12 часот
-Промоција на деца автори и автори за деца
-Креативна работилница и многу забава за деца. Најдобрите детски креации ќе бидат наградени со новогодишно пакетче со книги.
-Промоција на „Обоени приказни“ од Нина Прља (8 години)
Сабота, 28.12., 20 часот
Промоција на четири нови книги на Сигма:
Мирјана Недева - Поетика на авантуристичкиот роман
Ирина Талевска - Родот и политиката на писмото
Габриела Ивановска - Од мит до идеологија
Саемот ќе работи секој ден (освен недела) од 11 до 21 часот.
Цртежи: Нина Прља