Мал новогодишен саем на книги #7

23.12.2016 17:01
Мал новогодишен саем на книги во ГЕМ #6

 

26-29 декември 2016

 

ГЕМ Клуб, Стара чаршија (над Менада)

 

Учествуваат: Темплум, Бегемот, Готен, Блесок, Слово, Кликер, Сигма прес

 

ПРОГРАМА

 

Понеделник, 26.12., 20 ч.

-Промоција на книгичките од едицијата Друга приказна

„Друга приказна“ e едиција која настана на истоимениот книжевен фестивал за мали фикции што го организираше издавачката куќа Темплум кон крајот на јуни 2016. Едицијата започна со концептуалната книгичка „Стар сум во Скопје“ на Давид Албахари, лауреатот на првото издание на Друга приказна. По оваа книгичка, следат и изданијата „Новелички без шеќер“ на Оливера Ќорвезироска, „Седам на сонце со својата мала пријателка...“ на Лидија Дејвис и „Мачка во магла“, книгичка хаибуни на Владимир Мартиновски.

За едицијата ќе зборува Никола Гелевски, раскази од книгите ќе чита Елена Митреска, а Оливера Ќорвезироска ќе разговара со Иван Шопов за своите „Новелички без шеќер“ и минималистичкиот прозен израз.

Едицијата „Друга приказна“ настана на истоимениот книжевен фестивал за мали фикции што го организираше издавачката куќа Темплум кон крајот на јуни 2016 и е посветена на минималистичкиот прозен израз. Обемот на сите книгички објавени во оваа едиција е околу дваесетина страници.

 

Среда, 28.12., 20 ч.

Промоција на романот „517“ од Сања Михајловиќ Костадиновска, минатогодишен победник на конкурсот „Новите!“ за најдобар дебитантски прозен ракопис.

За книгата ќе зборува Иван Шопов, а извадоци од романот ќе чита Елена Митреска.

„Станува збор за краток дистописки роман во кој се забележува ехото на класиците на жанрот (Орвел, Замјатин, Бредбери итн.), но и моќниот индивидуален глас на авторката. Сања Михајловиќ Костадиновска покажува сосема солидни познавања на конвенциите на антиутопијата, но вешто ги разбива жанровските крутости воведувајќи елементи од повеќе суб-жанрови и користејќи ја способноста на романот да ги апсорбира истите.

Да се пишува дистопија во една култура во која речиси и не постои таква книжевна традиција претставува храбар исчекор: сериозен предизвик е да пронајдете нови и специфични одредници во еден жанр кој го добил своето место во меинстримот и веќе е кодифициран, а авторката успешно се справува со тој предизвик.“

(Од образложението на жирито на „Новите!“ 2015)

 

Четврток, 29.12., 12 ч.

-Доделување на наградата „Новите“ за најдобар дебитантски прозен ракопис.

На конкурсот „Новите!“ за најдобар дебитантски прозен ракопис за 2016 година во најтесен избор влегоа ракописите на Јагода Василевска, Ѕвездан Георгиевски, Еписторијановни и Ана Михајлоска. Извадоци од нивните ракописи можете да прочитате овде.

 

Четврток, 29.12., 20 ч.

-Промоција на романот „Вечниот малограѓанин“ од Еден фон Хорват

За книгата ќе разговараат Владимир Милчин и Никола Гелевски, а разговорот ќе го води Александра Бубевска.

„Малограѓанинот, како што е познато, е хипохондричен егоист, кој се стреми кукавички да се приспособува каде и да се наоѓа и да ја фалсификува секоја нова формулација на идејата, припишувајќи си ја себеси. Романов е обид да придонесам за расвет лување на биологијата на малограѓанинот во настанување. Се разбира, писателот не се осмелува да се надева дека преку овие страници би можел да влијае на текот на светските настани, но сепак.“

Во едицијата Магма на Темплум ова е втор роман на Хорват. Првиот, „Младина без бог“, беше објавен 2003 година, меѓу првите книги во едицијата.

* * *

Еден Фон Хорват (1901-1938), австриски писател, роден во Риека, детството и раната младост ги поминува во Белград, Будимпешта и Минхен. На први јуни 1938 во Париз загинал на банален начин: на Елисејските полиња, за време на бура, се засолнал под костеново дрво; ветрот откорнал една гранка и таа го убила. Пишувал драми, кратки раскази и романи.

* * *

Работно време: 11-21 часот. На 27.12 (вторник) саемот ќе работи од 11-17 часот.

Слични содржини

Книжевност / Настан
Книжевност / Настан
Книжевност / Култура / Уметност / Настан
Книжевност / Настан
Книжевност / Настан
Книжевност / Култура / Настан

ОкоБоли главаВицФото