Сеќавањата на Лукаш и бизарните ликови на Ивановски во А.К.С.Ц.

21.12.2013 09:55
Сеќавањата на Лукаш и бизарните ликови на Ивановски во А.К.С.Ц.

Изложба на цртежи, слики и колажи од уметниците Владимир Лукаш и Иван Ивановски ќе биде отворена на 21 декември (сабота) во Автономниот културно-социјален центар во Скопје, од 20 часот.

„С.Ф вс Х.О“ е заедничкото име на поставката од двајцата автори, која ќе прикаже нивни најсвежи остварувања, интимни приказни, но и дела кои ги коменираат општествените случувања.

Владимир Лукаш, говорејќи за своите дела, вели дека се работи за т.н. псевдо збирка на фотографии, инспирирана од детството, но и случувања од поново време, еден вид збирка на сеќавања за ликови, места и емоции. Сликите во најголем дел се работени во техника на цртеж и колаж, односно дваесетина дела со различни димензии плус еден албум со четиринаесет цртежи и колажи со наслов „Четириесет прелудиуми: обид за семеен албум“.

Владимир Лукаш - Демократија

Владимир Лукаш - Мамурниот доручек на Е.

Ивановски пак низ своите слики го отвора светот на луѓето кои се заробени во секојдневна рутина, бизарни ликови, робови на системот.

Иван Ивановски - Миропомазание

Иван Ивановски - Леб и игри